Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Регенератор за CRT екрани

(1/12) > >>

GigaWatt:
Некој ми спомна дека постоел ваков уред (или некако се вадел напон од некој дел на телевизорот, не знам кој) кој го регенрирал екранот.

Инаку ова го прашувам по барање на едне мој другар (нешто се бави со сервисирање и малку поголемо познавање има од мене кога станува збор за сервисирање на видео уреди, ама сепак, ни он не е сезнајко ;D). Значи го немам телевизорот (екранот) „пред мене“ па да можам да пробувам, него само прашувам тоа што он ме праша мене ;).

Проблемот е следниов. Телевизорот се пушта во работа, работи еден час, час и половина, некогаш повеќе некогаш помалку, и после тоа снемува слика (има тон, нема слика), значи екранот е сосема црн, дури ни во тотална темница не се гледа дека работи. Така „терал“ некое време и после некое време (не знам точно колку, претпоставувам половина година или нешто така) екранот веќе воопшто не работел. Се пушта телевизорот, но за разлика од претходно кога бил сосема црн, сега бил сив и имал цик-цак бели (сивкасто-бели) линии на екранот (слично на принципот на кој се испишуваат линиите на екранот при формирање на сликата, само што сега линиите се на многу поголемо растојание, на растојание од 1, 2, 3cm).

Е сега, некој му спомнал (а и он сам видел додека работел во некој сервис) дека екранот бил проблемот и дека треба да се направи таканеречена „регенерација“ на екранот. Тоа се правело (као демек) со врзување на некаков уред наречен „регенератор на екран“ кој го „тргал“ оскидираниот слој од катодата на екранот (зите знаеме дека не постои апсолутен вакуум, па така не постои ни во катодните цевки, има мал број на кислородни атоми кои „се лепат“ за негативно поларизираниот дел од тој вакумиран простор, односно катодата). Е сега (као демек) со чистење на катодата од овој оксиден слој (чистењето било слично на чистењето на креч од греачи во машини за перење, се вади греачот, се пушта на 220V без вода и кречот почнува да пука и сам си паѓа) се средувал екранот и „ќе терал“ барем уште 5, 6 месеци (а некогаш и повеќе).

Е сега, имам неколку прашања:

1. Дали воопшто постои ваков уред.

2. Ако постои, дали може да се направи/купи.

3. Ако не постои, но сепак може да се изведе вакво нешто со користење на некои напонски извори кои се наоѓаат во самиот уред (или вон него), како се поврзува сето ова за катодната цевка.

4. Ако постои и може да се изведе „регенерацијата“ (на било кој од претходно наведените начини), колку навистина го продолжува векот на траење на екранот, или тоа зависи од екран до екран, па не може да се даде некоја поконкретна цифра.

5. Ако постои вакво нешто, посебен уред кој се нарекува „регенератор на екрани“, ќе може некој да ми даде шема или ако не барем нека го објасни принципот на работа на овој уред (и како го викаат на англиски), па да знам сам да си барам шема за вакво нешто од net, или евентуално ако не најдам, барем да знам како функционира па сам да си направам шема ;).

Благодарам однапред ;).

Devil:
Околу проблемот тон има слика скн,
Еве што најдов од една книга „TV prirucnik “ се вика и има опишано за најчести проблеми кај ЦРТ телевизори, додуша за стари телевизори е ама принципот на работа мислам дека е тој и кај поновите ( не дека измислија нов телевизор, само ги надградуваат старите )

Нема слика, тон добар
- Нема висок напон на анодата од катодната цевка ( би требало кинескоп да се вика ама ај ) или е премал
- Нема напон на првата или втората решетка од кинескопот :)
- Не работи хоризонталниот осцилатор или хоризонталниот излезен степен

мене ми се случуваше исто, значи прегрева делот за висок напон ( еден транзитор таму ) од напојувањето и напонот ми паѓаше, така да после одредено време снемува слика, тон има :)
ова некако најверојатно ми е, нека провери убаво напојувањата и останато, нека внимава има огромни напони и до кај 15.000V можат да се сретнат овде онде :)

Сив екран, тон добар
-Неисправен излезен степен на појачалото за слика ( видео појачало)
- Неисправна електроника во меѓуфреквентен засилувач на слика или видео детектор

Хоризонтални темни линии на екран наместо слика
- Неисправна електроника во локалниот осцилатор, кај бирачот за канали
- Некој елемент од локалниот осцилатор сменал вредност ( изгоре најверојатно )
- Има прекин на водовите од локалниот осцилатор


Malecko:
Еве ги сликите запаковани ;D

--- Code: ---http://www.megaupload.com/?d=X1FQ14S6
--- End code ---
а еве ја таа другата шема простата
 

GigaWatt:

--- Quote from: malecko on 25.08.2010, Wednesday, 23:59:22 ---Еве ги сликите запаковани ;D

--- Code: ---http://www.megaupload.com/?d=X1FQ14S6
--- End code ---

--- End quote ---

Malecko:
Aј пробај сега дали ќе сака да се симне GigaWatt ;)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version