Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Проблем со Quart LSP501(позадинско осветлување)

(1/1)

MKD-Boy:
Здраво,
Имам еден 50 инчен Quart Lps501 телевизор.
Е сега арно шо го имам/в на сред работа се исклучи позадинското светло, и непроработе повеќе.
Најдов некоја си шема на интернет за плочата (напојувањето) кое е ,,Vestel 17ips20" ја расчачкав плочата, и заприметив дека напонот за ледот е варијабилен 150+ волти, паѓа до 20 и нешто па повторно оди 150 и нешто..
Е сега, екранот не ми е изваден, бидејќи решив прво да барам нов сет лед ленти, па да го отворам и да ги сменам.
Секаде каде што прашав, ми рекоа имаат за quart, ама не знаеле какви се лед лентите (морало да сум го отворел па да им кажам точен модел)

Дали некој има отворано конкретно ваков модел на телевизор и дали знае случајно што лед е внатре?
Или башка друго, дали лед лентите се поврзани паралелно или сериски внатре? (П.с сакам да верувам дека се сериски врзани 😁 и дека има изгорено една лед диода која прави краток спој, и се јавува пад на напонот на напојувањето 😐)

MKD-Boy:
Никој?

Devil:
Јас немам искуство со сервис, но по логика моја некоја ако би ја правел електрониката би размислил за ваква некоја заштита, каде би го кренал напонот и ако не е во ред би го намалил после пак би пробал и континуирано тоа, ама од друга страна, ако имаш лошо напојување ќе се случува истото пумпа напон некој достигнува некој напон на пробив се троши и полни повторно од ново, и се така во круг, провери прво напојувањето околу дали е се во ред со исклучени траки стави му надворешно некој да видиш што ќе се случи

Martino:

delov:
Спрема моделот што ти е пишан на напонската плоча се работи за VESTEL телевизор и занего сигурно има лед траки во македонија.
Сликај ја налепницата од моделот на панелот позади на лимениот дел под капакот и да видеме сто може да сториме.
Инаку диодите во лед телевизорите се поврзани сериски па затоа напонот на лед драјверот ти е 150v

Navigation

[0] Message Index

Go to full version