Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Помош за ТВ Sirius Silverstar

(1/2) > >>

MarkoMK:
Колеги, решив да се позанимавам малце со поправка на ТВ..  ::) ::) па имам еден стар ТВ марка Сириус.. одамна не работи,  се појавува една бела хоризонтална линија и малце целата слика е стеснета.. па мислев за помош од каде да почнам.
Еве слики од шасијата и од позади на пластиката:





LordZi:
Прво усисај го или издувај ја прашината за да можеш да работиш на раат, после побарај шема и провери ги за почеток сите напони дали се во границите, потоа и сите делови во вертикалата, особено електролитите и ИК.
Мислам дека веќе гледам еден надуен кондензатор, на средина на плочката до црното трафо, претпоставувам дека е во секундарот од напојувањето...

Zan:
Од километар се гледа тој расипаниот кондензатор. Можеби има и други исушени електролити. Ако имаш еср метар измери ги електролитските кондензатори, ако немаш смени ги сите.

MarkoMK:
Фала колеги ќе пробам па ке ви кажам што сум направил

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 05.06.2021, Saturday, 15:31:13 ---Мислам дека веќе гледам еден надуен кондензатор, на средина на плочката до црното трафо, претпоставувам дека е во секундарот од напојувањето...
--- End quote ---

Мхм...



Електролити се 100% ;). Ако ги купуваш, не се исплати да се прави, ќе фрлиш 500 денари за електролити... телевизорот не чини толку да го продадеш на старо, и тоа дури ако е исправен ::). Ако ги менуваш со стари исправни, да, се исплати.

И да, најверојатно буквално сите ќе мораш да ги смениш... се гледа, стар е... сосема нормално кај волку стар телевизор.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version