Околу форумот > Известувања

Користење на смајлиња од мобилни уреди (17.05.2018)

(1/1)

GigaWatt:
Се молат членовите кои пишуваат коментари (post-ови) од мобилни уреди и во истите користат смајлиња (емоции), да ги користат адекватните кратенки (shortcuts) или копчињата во WYSIWYG едиторот (комлетниот едитор за коментирање, не оној за брз одговор, quick reply). Можно е да се јават проблеми со базата во идни верзии од скриптата.

Доколку ги внесувате смајлињата преку тастатурата за емоции на вашиот мобилен уред, истите скриптата на форумот ги гледа како посебни симболи, не како комбинација на симболи (што е стандардниот начин за генерирање на смајлиња/емоции) и директно ги запишува во базата (за разлика од стандардниот начин каде што комбинацијата на определени класични ASCII карактери се заменува со определена сликичка само при преглед на коментарот/post-от, а во базата стојат како два или три одделни карактери).

Симболите кои претставуваат емоции, пред се се користат на мобилни уреди и истите и се направени пред се за нив. Се разликуваат на различни мобилни уреди (Windows ARM, Android и iOS) и сеуште не се стандардизирани според UTF-8 кодирањето. Некои database engines нема да имаат проблеми со интерпретација на овие симболи, некои ќе имаат... нема правило, различни host-ови, различни конфигурации.

Бидејќи форумот се наоѓа на таканаречен shared host (делиме сервер со уште многу други сајтови), подесувањата за серверот важат глобално, за сите корисници кои го делат истиот. Ако случајно се јави проблем со некои од подесувањата во database engine-от, hosting компанијата нема да ги промени подесувањата само за еден корисник на серверот, бидете сигурни во тоа.

Затоа, ве молам, потрудете се да не кликате директно на иконите за емоции на вашиот телефон или таблет, туку да кликнете уште еднаш или два пати за да ја изгенерирате потребната комбинација на ASCII симболи, со кои ќе се појави адекватното смајли.

Благодарам

Navigation

[0] Message Index

Go to full version