Дигитална електроника > Логички кола

Проблем со електромагнетна левитација

(1/22) > >>

Atanas:
             Имам проблем со уредот за електромагнетна левитација. Го направив, што го напраив. Елементите ги поврзав точно, но не сака да да левитираат објекти. Уредот е приклучен на компјутерско напојување 150W, на 12 волти. Електромагнетот постојано е вклучен ( по мое кога ќе се стави раката т.е ќе престанат да се "гледаат" приемникот и предавателот треба да престани да работи ). Инфрацрвената LED диода свети постојано ( на камерата на мобилниот телефон видов ). Е сега не знам што би можел да биде проблем. Во продолжение ќе оставам слики за доколку можете да ми помогнете. Доколку нешто не е како што треба објаснато, пишете ќе дообјаснам.

П.С Приемната фото диода е BPW41.







batka:
Прво, предавателната диода е постојано вклучена на напон и нормално постојано ќе свети, Второ овој ИК е операционо коло и не знам дали е правилно врзан .Можно е шемата да е погрешна. Не опиша по кој принцип работи овој уред за левитација - треба ли постојан сноп инфрацрвена светлина да свети  или предавателот треба да дава импулсен сигнал ( прекинувач тастер да има вградено). Еве една шема со 4017 и влезен и излезен транзистор. Место реле стави го калемот и можеби појак транзистор, ако многу поголема струја влече.Овде се работи со 5 волти, за влезниот дел и ИК,а за излезниот транзистор може да остане оној 12V и мос фетот како на твојата шема.Значи само мала стабилизација со 7805 за влезниот дел. Второ ,приемната диода треба да биде приемна со три изводи, а кај тебе е некоја друга ,која можеби прави краток спој и го * држи* уклучено ИК постојано.Пробај го и тоа да го смениш.

Atanas:
На ова коло не може да му се измени нешто или мора одново да го правам? Инаку еве од каде е идејата за проектот...


--- Code: ---http://stanleyprojects.com/projects/electronics/levitator/
--- End code ---

batka:
Ова твое коло мора да се анализира ( не можам моментално!), ама ке го видам линкот и ке ти кажам. Често  и погрешни шеми ставаат на нет. Ова шема со 4017 е проверена.Смени ја прво приемн ата диода ( прво твојата откачи ја и треба да се исклучи импулсот за мос фетот и калемот).Ако не се исклучи и тогаш до ИК е проблемот.  Не можам да видам добро како е врзана твојата приемна диода.Бадијата толкави слики, кога најважното не се гледа. 8)

Atanas:
Во ред. И доколку сакате одблокирајте ми ги ПП да можам да ви праќам пораки да не се трупаат тука разговори, порано ми ги имате блокирано.
Споено мислење: [time]18 Јануари 2017, 19:03:46[/time]Еве ја и печатената плочка, во неа да не има проблем нешто ( но не верувам ) ?



Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version