Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: Zan on 03.05.2018, Thursday, 21:33:41
-
Треба да правам димер за правосмукалка 2400W (max). Кој тријак да го користам?
Правосмукалката имала вградено димер, но некој го извадил. ;D
-
Bta16 би требало да брка работа. 16х220>2400 :)
-
За таа снага континуирано јас сепак би идел на BTA25 во RD91 или TOP3 пакување.
Иако кога ќе размислам, досега не сум видел повеќе од триак во TO220 по правосмукалки...
-
Лоша е контролата за бта25, т.е. 70-100% само ќе биде опсегот.
-
Ништо од проектот, муштеријата се откажа кога му кажав цена.
-
Хахахахах ;D ;D ;D... леле ме изнасмеа... хахахахахахах ;D ;D ;D... а членови тука разглабаат виша политика ;D ;D ;D.
Сега му треба, веднаш? Бидејќи online BTA24-600B се џабелеску ;D ;D. 100 денари, 10 комада ;D.
http://www.ebay.com/itm/282907471715
(https://s20.postimg.cc/b71whb27h/BTA24-600_B.jpg)
-
Ќе порачам да се најде за друг пат. Инаку, сите сакаат веднаш, не сакаат да чекаат. И ако може без пари. Во Логинг триакот е 300-400 денари, потенциометар е 150-200ден. плус други делови, изработка на плочка, па монтажа. Навистина не вреди.
-
Сигурно се фалсификат овие триаци од ибеј, тешко дека ќе издржат 25А... ;)
Не дека и ако купиш од Гац, на пример, се многу подобри, ми прегорувале после саат време работа во обичен димер, со една сијалица од 100W како потрошувач. Од Логинг досега не сум имал проблеми, ама и цената не им е како на оние од кај Гац.
-
Ќе порачам да се најде за друг пат. Инаку, сите сакаат веднаш, не сакаат да чекаат. И ако може без пари. Во Логинг триакот е 300-400 денари, потенциометар е 150-200ден. плус други делови, изработка на плочка, па монтажа. Навистина не вреди.
Абе ви кажав - бадијала се , ако муштеријата оцени дека е скапо! :o И да чека 3 недели ти да добиеш од е-беј 10 триаци!? :P Кој ке те чека? Секој сака работата за утре да му биде завршена вчера. ;) Убаво е да држиш некои делови ,да се најдат. Ама мене правосмукалка со регулација ми доаѓа да поправам еднаш во 5-6 години. ;D Па биди мајстор! Да те видам!! :-\
-
Сигурно се фалсификат овие триаци од ибеј, тешко дека ќе издржат 25А... ;)
Нека издржат барем до 3KW, доста е ;). Оние контролине што ги нарачав од ebay што беа до 2KW воопшто не ни греат на бормашини, шмишајбни и останати алати, а секоја од нив е барем 500W ;).
Јас си нарачав 20 парчиња BTA24-600B, ќе ги пробам на калорифер или греалка ;). Ако издржат, супер се, ако не, Кинезите ќе ги враќаат парите ;).
-
Ај пробај па кажи, да си нарачам и јас ако ги бива... ;)
-
Издржуваат, без проблем, нарачај си !
-
@LordZi: Нема проблем, кога ќе стигнат, ќе ги пробам и ќе пишам како се покажале ;).