Македонски форум за електроника

Околу форумот => Известувања => Topic started by: GigaWatt on 27.01.2011, Thursday, 16:16:33

Title: Известување 27.01.2011 (правилно post-ирање на побарувањата)
Post by: GigaWatt on 27.01.2011, Thursday, 16:16:33
Сите побарувања за шеми или било каков тип на проекти треба да се направат во подсекцијата „Општо --> Побарувања“ во форумот. Доколку нудите некоја шема или имате проблем со некоја шема/проект, тогаш поставете го адекватната подсекција од форумот. Доколку проектот опфаќа повеќе области од електрониката, прво прашајте ги модераторите или администраторите каде треба да се постави проектот, па потоа поставете го во секцијата која ќе ви биде посочена. Сите побарувања за шеми/проекти кои нема да бидат поставени во подсекцијата „Општо --> Побарувања“ на форумот, ќе бидат преместени во таа подсекција, а доколку биде отворена истата тема по втор пат од страна на истиот корисник во секцијата во која претходно ја објавил, и двете теми ќе бидат избришани. Доколку решите да правите некој проект од одговорите кои ќе ви бидат понудени од страна на останатите членови на форумот, ќе отворите нова тема во адекватната подсекција на форумот и ќе дадете линк до шемата/проектот кој планирате да го правите, а не да дискутирате за проектот кој сте го избрале во истиот topic во кој сте го поставиле вашето барање. Доколку некој член почне да дискутира за некој проект/шема која ја избрал да ја прави од понудените од страна на останатите членови на форумот во истиот topic во кој било поставено барањето за шемата, topic-от ќе биде избришан.

Ова правило/исвестување се поставува за подобро и попрегледо функционирање на форумот.