Незнам точно дали вака би се викал уредот, ама сакам да направам уред кој во одредено време ќе вклучува и исклучува некој потрошувач. Значи конкретно, сакам да вклучува термо печка на ефтина струја, а да ја гаси на скапа. Ефтина е од 22.00 до 06.00 и од 13.00 до 16.00 недела цел ден другиот период е скапа.
Е сега тој уред мора да има некаков саат во него, (ќе треба да има и календар за да знае кога е недела, ама да не се усложнува дотолку..).
Имав идеја со часовникот со PIC што го има на форумов ама некако многу гломазно ќе биде со дисплеи итн.. Сакам ако има некаква шанса да се направи од некој ефтин ЛЦД саат, ама па не знам дали е можно да се земе некаков излез од него, исто така размислувам дали има некакво специјализирано коло за таа намена - нешто како real time clock?? Имате некаква идеја??