Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: krema on 07.03.2017, Tuesday, 17:38:07
-
Ако може некој да ме услужи со шема за овој инвертер.
Модел:
LG 32LK330 LCD
Ознаки на самиот инвертер:
LC320WXN 6632L-0637A
tnx :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/IMG0364.jpg)
-
Пиши на Google "OZ9966SN схема" и види дали ќе најдеш нешто слично на тоа што ти треба ;).
-
@GigaWatt
Фала,
ќе побарам обавезно, мада тешко да се најде целосна шема за инвертеров.
Крај краева постои солуција да се купи инвертерот онлајн.
Поздрав
-
Баш идентична, да, најверојатно нема да најдеш, ама некоја слична, најверојатно ќе најдеш. Компонентите се тие, интегрираното коло е тоа, така да, не можат да измислат „топла вода“ со него, сите шеми ќе бидат, горе долу, слични. Вредностите на компонентите најверојатно ќе се разликуваат, но секогаш може да ги исчиташ од оригиналната плочка кои се вредностите на твојата изведба (плочката) ;). А и да е некоја компонента изгорена и не можеш да ја исчиташ што е, ниту пак која и е вредноста, симни неколку шеми, види што компонента е и кои се вредностите на истата во шемите и во „консултација“ со datasheet, избери некоја вредност која, според тебе, би била адекватна ;).
Често сум правел вакви „мајмунлаци“ кога немам шема на располагање ;D. Па, да бидам искрен, ретко да сум погрешил или да сум направил погрешна проценка ;). Води се по логика и во 90% од случаите, нема да погрешиш ;).
-
Гига, фала за инструкциите, нешто пронајдов па сега разгледувам, се надевам дека ќе дојдам до вредностите на изгорените SMD делови, но мора нешто друго да претходело за истите да изгорат.
-
Е да прашањето е од што изгореле да се утврди имаш онлајн вакви инвертери доста така е
-
Провери ги сите полупроводници и види во кој дел (секција) се изгорени компонентите. Тоа ќе ти даде идеја што може да бил проблемот (зошто изгореле). На пример, ако има озгорени делови околу OZ9966SN, најверојатно е изгорен и OZ9966SN.
Најдов некои шеми со некои слични интегрирани кола на OZ9966SN. Провери, види, можеби некоја од нив ќе биде слична на твојата ;).
-
Одлично,
ќе проверам после празниците, фала.
На сите членови од форумот и посакувам убави велигденси празници. :)