Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: szarko05 on 25.01.2014, Saturday, 10:17:07

Title: LED дисплеј четворен 7 сегментен
Post by: szarko05 on 25.01.2014, Saturday, 10:17:07
дали може лед дисплеј четворен 7сегментен со заеднички катоди да се преработи како со заеднички аноди , на секој влез како на сликата (12,9,8,6) да се стави по една диода во обратен смер ?

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/3.jpg)
Title: Одг: Лед дисплеј четворен 7 сегментен
Post by: Zan on 25.01.2014, Saturday, 12:10:57
Не може, нема да свети.
Title: Одг: Лед дисплеј четворен 7 сегментен
Post by: warningteam on 26.01.2014, Sunday, 01:18:59
Другар најдобронамерно ти го кажувам ова земи научи и пролистај малку по нет ако не по книга за изводите на  лед диодата.Според сликава што ја гледам си сакал да направиш нешто како сериска врска  на лед диодите со што крајниот дел би ја сменил анодата или катодата, само што во никој случај не би светело така и сериската врска не се прави така туку анода-катода-анода-катода (ова е кога врзуваш 2 лед диоди во сериска врска). На анода носиш позитивен напон +, на катодата - тоа е нај основно, за повеќе имаше мислам повеќе на форумов околу лед диодите, во книга ако ни таму ни таму не ти одговара тогаш гугл.
Title: Одг: LED дисплеј четворен 7 сегментен
Post by: Zan on 26.01.2014, Sunday, 09:57:40
Не, тој не сакаше сериски да поврзува диоди, туку дисплејот со заедничка катода, да го преправи во дисплеј со заедничка анода.
Title: Одг: LED дисплеј четворен 7 сегментен
Post by: Devil on 26.01.2014, Sunday, 15:44:49
Ова надвор од темата ама во енергетската електроника има примена кога диода е обратно поларизирана и проведува ;)

Ама тоа нема да му користи и нема да може да го изведе за ова што сака тој