Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: MKD-Boy on 18.08.2019, Sunday, 11:41:59
-
Здраво дечки, имам едно блендерче, од Канада е донесено, го уклучиле дирек на 220 и не проработело(има некој мал слкоп како заштита).. Нејсе тоа,
Го отворив, и гледам има ДЦ-моторче што работи на 120в/70W, некое чаре, да го направам да работи на 220В ?!
-
Step-down трафо од 230V на 120V, моќност 100VA.
-
Или најди уште еден уред кој работи на 110V, врзи ги во серија и пуштај ги двата истовремено ;D ;D ;D.
Се шегувам. Ова може да функционира, но само со два идентични уреди.
-
Или нешто такво
https://www.aliexpress.com/item/3/32964897292.html
(http://www.mediafire.com/convkey/7c72/dxovmqpq6mqga6ezg.jpg)
-
Шала на страна, полесно е да купиш отколку да правиш... не дека не може да се направи, може, ама... многу повеќе време ќе истрошиш, а дури и ако проработи, пак на крај си го постигнал истото како да си купил вакво нешто ;).
Само јас прво би го отворил и би мерел каков напон дава на излез. Не им верувам многу на Кинезиве. Има шанси да дава DC на излез, што не би пречело на лаптопи, телевизори, греалки, уреди со DC мотори итн., но нема да работи како што треба со било каков мотор кој мора да се напојува исклучиво со наизменичен напон (венилатори, калорифери, било каков уред со класичен трансформатор, итн.). Можно е Кинезиве да играат на карта дека бројот на такви уреди е веќе многу мал и дека најверојатно, нема да приклучиш таков уред на ова чудо. Но, дури и ако не приклучам, сепак, сакам да знам дали навистина можам да приклучам или не, за да не се зезнам некој ден ;).
-
Има некои слики од уредот од некои купувачи, има само трансформатор 220 на 110. Некои купувачи се задоволни некои не.
-
200W трансформатор во толкацко куќиште ??? ??? ???. Што трансформатор ќе да беше тоа ;D ;D ;D.
Само што ги разгледав сликите од рецензиите на купувачите... ако е ова трафо од 200W, јас сум Клеопатра ;D.
(http://www.mediafire.com/convkey/2701/i50tqii6qnxhmkhzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/7a05/9wu5svmhzxjhrpgzg.jpg)
-
Знаеш дека кинеските вати и нашите не се исти ;).
-
Морам да признаам, многу штедлив народ ;D.
-
Сега ми текна дека можеш да искористиш модифицирана верзија од ова за напојување на блендерот ;)... плус ќе добиеш контрола на вртежи ;).
http://elektronika.mk/index.php?topic=14714.0
Ќе треба да се пресмета RMS колкав треба да биде на излезот од контролата, па да се постави уште еден потенциометар во серија со оној главниот, за да се намести максималната вредност да биде 110V RMS (ефективна вредност), но дефинитивно е изводливо ;).
Е сега, можно е малку повеќе да грее, но само ако е долго пуштен, а блендери се користат краткотрајно (20, 30 секунди), така да, не би требало да грее нешто значително повеќе ;).
-
Го отворив, и гледам има ДЦ-моторче што работи на 120в/70W...
Колку ми е мене познато ако е DC моторче тогаш напојувањето треба да е со прав напон а овде Сега ми текна дека можеш да искористиш модифицирана верзија од ова за напојување на блендерот ;)... плус ќе добиеш контрола на вртежи
се работи за изменично напојување!
Во право сум или не!
-
Колку ми е мене познато ако е DC моторче тогаш напојувањето треба да е со прав напон а овде
Најверојатно има некое грецче пред моторот... тие сите имаат мотори со четкици. Нема како на друг начин да извадиш голема моќност од мал мотор.
се работи за изменично напојување!
Во право сум или не!
Секој наизменичен напон може многу лесно да се направи еднонасочен ;). Обратното не е толку просто.
И патем, мислам дека се вика „наизменичен“ а не „изменичен“.
-
Најверојатно има некое грецче пред моторот... тие сите имаат мотори со четкици. Нема како на друг начин да извадиш голема моќност од мал мотор.
Од каде знаеме дека има диоден мост кога членот не напишал ниту сликал па да видиме за што треба да пишуваме и даваме мислења и идеи!.
Кога ја читав темата мојата прва идеја беше да се искористи димер и ако нема диоден мост тогаш да се додаде и да се фиксира напонот на 110-120V
се работи за изменично напојување!
Во право сум или не!
Доблесно ќе беше да одговориш прво на тоа, а потоа оваа.
И патем, мислам дека се вика „наизменичен“ а не „изменичен“.
Се сложувам дека се вика „наизменичен“ и се употребува многу почесто одошто „изменичен“, но и „изменичен“ не е погрешно.
И двата изрази упатуваат на ист правец, кој како милува зашто нема строго правило во тоа изразување.
-
Се сложувам дека се вика „наизменичен“ и се употребува многу почесто одошто „изменичен“, но и „изменичен“ не е погрешно.
И двата изрази упатуваат на ист правец, кој како милува зашто нема строго правило во тоа изразување.
Хм... не сум знаел ;).
се работи за изменично напојување!
Во право сум или не!
Доблесно ќе беше да одговориш прво на тоа, а потоа оваа.
Ако работи на наизменичен напон, можни се една од две комбинации (за волку мал уред, како што е блендер). Или моторот работи на AC напон и директно се напојува од мрежниот кабел (или преку некој прекинувач, небитно) или работи на DC напон, при што мрежниот наизменичен напон се исправува со помош на диоден мост (грец) и така исправен (не и стабилизиран, има разлика), се носи на моторчето. Во било која комбинација, димер ќе заврши работа ;). И AC мотори релативно добро работат со димери ;).
Од каде знаеме дека има диоден мост кога членот не напишал ниту сликал па да видиме за што треба да пишуваме и даваме мислења и идеи!.
Кога ја читав темата мојата прва идеја беше да се искористи димер и ако нема диоден мост тогаш да се додаде и да се фиксира напонот на 110-120V
Па зошто не предложи? Како што веќе пишав, не е важно дали работи на DC или на AC, само е важно да се спушти ефективната (RMS... мада RMS пресметката е точна само за прости синусоидални напони, а не исецкани синусоди, има други методи за пресметка на ефективна вредност ако станува збор за неправилни периодични форми, но нејсе) вредност на напонот на определено ниво (конкретно, 110, 115, 120V).
-
Во право сум или не!
Доблесно ќе беше да одговориш прво на тоа...
И пак го избегна одговорот! Толку ли е страшно да напишеш дека не сум во право!
-
Ако е дц моторот, ќе стајш грец, калем и кондензатор и ќе "попушташ" до 110*1.41 и би требало исто да е, ако е дц со четкици накај 90в ќе го наместиш к ви требало да работи нормално. Е сега ако е некоја друга изведба.....
-
Како мислиш „ќе попушташ“?
-
Ќе го движиш потенциометарот од мин кон макс...
-
Ќе го движиш потенциометарот од мин кон макс...
А без потенциометар, само со Грец ?
-
многу „струја“ ќе му дојде, или врзи сериски една сијалица 60-70w...
-
Така многу ќе падне потрошувачката, скоро се ќе се троши на сијалицата... сум пробувал со гравирка, многу споро врти :-\.
Пробај со димер, како што ти беше сугерирано ;).
-
100w тогаш, а многу енергија ќе оди фира, подобро е димер.