слушај прикачи ја ти шемата од дисторзијата ако ја имаш па да видиме што како
Да да, тоа е најдобра опција, па ќе видиме која е најадекватна замена за колото. А бидејќи се користи во педала за дисторзија, би требало функцијата да му е NF (освен ако не се користи како модулатор, мада и тогаш модулацијата е на ниски фреквенции). Колото е изгледа избрано поради висококвалитетната изведба (low offset, low drift, high frequency range, low distortion, итн.), инаку би требало да може да се искористи било кој друг поевтин операциски засилувач со сличен (или ист) распоред на пинови.
Сега баш нешто гледав на net, можеш да го искористиш LF351N како директна замена за MC34071P (има ист распоред на пинови). Нема толку голем bandwidth и толку голем дијапазон на напони на напојување (мислам дека беше до 36V, односно до +-18V) и максимална рбаотна фреквенција (мислам дека беше до 4MHz, но само при определени услови), но би требало да ти заврши работа
. Распоредот на пиновите е ист. Еве и доказ од datasheet-от за тоа, наист начин се подесува null offest-от
(само што во овој случај тример отпорникот е малку поголем, но тоа е чисто само пример, не мора да ја има баш таа отпорност
).