Можеш да ги пробаш на тие RIZ што ти се дома звучниците, ако нема високотонци и среднотонци, само гледај да ги врзеш басовите диркетно, без свртница (не ради друго, некој случајно да не направил спој во жиците и со кои се врзува свртницата при вадењето на високотонците и среднотонците). Тие се интегрирани засилувачи, не мора кај нив да гледаш фреквентен опсег, или работат или не работат (или во некои многу ретки случаи се полуизгорени, па може да се случи да работи еден канал, а другиот не, или да се јавува крчење, на звукот, гасење, палење...). Ако работат на басовите, сигурно ќе работат и на други звучници со високотонци на нив, или на широкопојасни звучници
.