Тие транзистори се со моќ на дисипација од само 12.5 вати така да навистина би прегореле доколку ги ставиш како регулатори на напон или во појачало а за прекинувачи би можеле да издржат максимум 5А и максимум 1000 волти. како да ги поврзеш како прекинувачи? вака: Плусот од тоа што сакаш да го прекинеш оди на колектор (куќиштето), минусот оди на емитер (кога ке го гледаш транзисторот одоздола го вртиш во насока изводите да се подолу од средината и тогаш емитерот ти е лево). Е сега, ако сакаш да проведи помеѓу емитер и колектор струја тогаш правиш краток спој на база (десниот извод) и колекторот (куќиштето).