Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: stiffy on 08.03.2013, Friday, 20:36:19

Title: Дали се еквиваленти 4558 и NE5532 :D
Post by: stiffy on 08.03.2013, Friday, 20:36:19
Дали овие горенаведени операциски засилувачи можат да се користат како замена 1 за друг...

-имаат исти распоред на пинови
-имаат слични карактеристики во даташит

дали има некој што има работено со овие интегрални кола? :)

не ми треба скроз исти карактеристики, ne5532 има поголем број транзистори и подобра филтрација, само дали можат да се заменат 1 со друг :P

Title: Одг: 4558 и NE5532
Post by: Devil on 08.03.2013, Friday, 20:39:40
Среди си го насловот, после ќе ти ја префрлам темата во соодветниот директориум
односно и вака и така ќе биде префрлена, само зависи каде, дали канта или кај што му е место :D

Околу прашањето, зависи од тоа за која намена ќе се користат, во одредени случаеви може да се прави некоја таква замена, но некогаш не е препорачливо
Title: Одг: 4558 и NE5532
Post by: stiffy on 08.03.2013, Friday, 20:46:19
ок браос, јак си мојш да ја избришиш темава....ко чоек прашав, ак нечинит местово префрли ја, шознам јас имат 1000 форуми овде -.-   

во врска со ова...прашувам дали има некој искуство со овие и има пробано замена, во теорија од прилика би требало да успее. ;)
Title: Одг: Дали се еквиваленти 4558 и NE5532 :D
Post by: Devil on 08.03.2013, Friday, 20:58:03
Значи види вака, јас и другите од администрација делиме од нашите пари за вие да можите тука да прашате нешто, никој не те обврзува да седиш, ако не ти е интересно оди си, не те држиме со сила.
Има правила по кој сакаме да се држат членовите, што има тука лошо, кога ќе ја види темава некој ќе си мисли правиш споредба на колата, а кога ќе ја отвори ќе се разочара оти нема ништо од тоа тука, затоа бараме насловите да се малку по прецизни за некој ко ќе дојде да знае за што се работи без да ја отвора темата.
Не ми е мене работата само да бришам, затоа ти реков среди си ја, за време што го пишувам ова јас ќе ја средев, да, ама не е тоа работата, треба членовите да научат дека тие го градат форумот, не јас, јас тука сум од време на време да видам што како, да не има проблем и слично, јас сам не можам да дискутирам и да го оформувам форумов.
Title: Одг: Дали се еквиваленти 4558 и NE5532 :D
Post by: Zan on 08.03.2013, Friday, 21:00:40
Двете кола се операциски засилувачи и во принцип може да се заменуваат едно со друго.

П.С. Припази каде пишуваш и како пишуваш, ќе биде подобро за сите.
Title: Одг: Дали се еквиваленти 4558 и NE5532 :D
Post by: stiffy on 08.03.2013, Friday, 21:08:34
Пишувам литературно, се придржувам на правила....сега 1 грешка и одма сечи. Не реков дека ќе си одам, туку тој делот
и вака и така ќе биде префрлена, само зависи каде, дали канта или кај што му е место :D
ме иритира некој да се прави паметен...се "покорувам" од почитување зш сте сепак админи и благодарение на вас постои форумов и морате да одржите ред, ама нервот ми се крева на моменти. Ќе го сменам и насловот, не е проб ;) .

Двете кола се операциски засилувачи и во принцип може да се заменуваат едно со друго.
Иначе фала :)
Title: Одг: Дали се еквиваленти 4558 и NE5532 :D
Post by: batka on 08.03.2013, Friday, 22:22:24
Stiffy стално се расправаме( не само со тебе) за овие круцијални работи : Форумот е МАКЕДОНСКИ и тука се пишува македонски правописно со МК поддршка.Значи ,дома  или со пријателите можеш да си зборуваш и да се допишуваш како сакаш,ама на Форумов почитувај ги правилата.
На многумина им се *крева нервот* кога те ( ве) читаат,па затоа малку олабави и не пламнувај за секоја добронамерна опомена.Девил да сакаше можеше веднаш и да го избрише постот бидејки правилата тоа му го дозволуваат.Сепак,да ти одговорам - во пракса двете кола исто се понашаат само 5532 има помал шум ,ако ти е за влезен предпојачувач ( во НФ техниката).На друго место резултатите би биле исти.
Title: Одг: Дали се еквиваленти 4558 и NE5532 :D
Post by: stiffy on 09.03.2013, Saturday, 00:19:34
Батка...јас значи секогаш исклучиво кирилица пишувам, а на форумов и литературно почнав. :D

Овде очекував твој одговор затоа што знам се бавиш со аудиотехника, а RCF, JBL и останати имаат обилна употреба на 5532. Знам дека имаат помал шум, поголем број на транзистори и подобар филтер. Се работи за количина и цена, 5532 можам да ги набавам мн поевтино и поголема количина па ако може подобро да земам 5532, предпојачало правам, и миксета USBlaster поправам.
во пракса двете кола исто се понашаат само 5532 има помал шум ,ако ти е за влезен предпојачувач ( во НФ техниката).На друго место резултатите би биле исти.
овај дел ме интересираше, фала многу...искуство е искуство и покрај теоријата :))

П.С. ова stiffy немора да го пишуваш со голема буква, детиште сум уште xD