Одличен засилувач за слушалки во кој е употребено колото TPA6120A2 на Texas Instruments, специјално дизајнирано за оваа намена. Може да даде 80mW на слушалки од 600оми при напојување од +-12V, има неверојатни 0,00014% THD+N, SNR од 120dB и 1300V/us Slew Rate.
Шемата и слики од изработениот засилувач:
Немам некои скапи слушалки да го пробам со нив, но и на обични звукот е кристално чист, без и најмала трага од шум или сл.
Иначе колото TPA6120A2 има Thermal Pad од долната страна кој што треба да се залеми за плочката заради одведување на топлината. Тие што имаат дувалка на топол воздух лесно ќе го направат ова, а тие како мене што немаат може да се снајдат така што ќе избушат мала дупка на плочката на местото на термалниот пад, ќе нанесат калај на плочката и на термалниот пад и после од горе со леткум ќе го загреат додека не да стопи калајот и да се залеми падот на плочката. Како изгледа тоа може да се види од сликата:
Друга опција би била да се притисне чипот убаво да налегнува на плочката, да се нанесе термо паста под него и така да се залеми. Како и да е, нема некое претерано греење, кај мене после пола саат работа на нормална гласност со 32-омски слушалки чипот комотно можеше да се држи со прст.
И за крај, плочката од засилувачот и напојувањето за него нацртани во SprintLayout: