За тоа трафо што го имаш 2х35V, или 2х50V еднонасочен напон, јас би ти препорачал Crescendo, мислам дека е од списанието Електор. Тоа е постара шема, но засилувачот е многу добар. На излез користи мосфет транзистори 2SK135 и 2SJ50. Пред неколку години, кога јас го изработував овој засилувач, беше тешко да се најдат овие транзистори, доколу можеш да ги набавиш, тогаш разгледај ја оваа опција. Засилувачот дава меки басови и кристално чисти и прецизни високи тонови, звукот по малку личи како звук од лампашки засилувач. Постојат повеќе верзии на овој засилувач, со 2 транзистори на излез, со 4 итн. но за било која верзија да се одлучиш, мислам дека нема да погрешиш.