Добро, да, за определена класа на засилувачи, да, навистина вреди да не се чепка тоа што го дизајнирал конструкторот или конструкторите на фабричкиот засилувач. Но, во денешно време има и многу Кинески производи кои (во принцип) имаат добар дизајн (најчесто копии на некои поскапи дизајни), но имаат евтини делови во нив или „немаат доволно делови“ (на пример, премалку кондензатори во филтерска секција, мал број на осигурувачи или предимензионирани осигурувачи, премал работен напон на определени кондензатори, итн.). Поентата ми беше дека дел од овие недостатоци, може лесно да се корегираат и да се добие засилувач кој ќе биде подобар од фабричкиот (копијата на оригиналниот дизајн)
. Ако не повеќе, барем ќе се намалат дел од проблемите кои може да се јават поради неквалитетните или поддимензионираните компоненти
.
Како и да е, поентата на темата беше дали конкретно овој засилувач (оној што го има post-ирано daniel spasovski) е добар или не. Веќе имам искоментирано околу квалитетот на засилувачот, така да, нема да коментирам повеќе околу тоа. Прашањето е, дали има daniel spasovski доволно моќни звучници за да може да го користи овој засилувач. За овој засилувач, јас би препорачал барем 500W-ни звучници (RMS), по некое мое правило (не знам дали е универзално, но по многу изгорени засилувачи и звучници
, некако до овој заклучок стигнав
) звучниците треба да бидат барем 1/3 појаки од максималната моќност на засилувачот, а пожелно е (за да може „слобдно да дишат“) да бидат барем 1/2 појаки од максималната моќност на засилувачот. Па сега, нека си размисли daniel spasovski дали му се испалти да прави 400W-ен (или некој помоќен) засилувач
.