Ми донесоа еден расипан засилувач со изгорен излезен степен, поправан и преправан стотина пати и башка имаше нешто истурено врз плочката и врз излезните транзистори па страшно мирисаше, и наместо да извршам повторна поправка решив да го извадам целиот модул сосе напојувањето и да му направам ново напојување и нов засилувач.
Трансформаторот има 2х20 волти наизменичен напон , исправен би дошол околу +/- 28 волти.
За засилувач го одбрав овој:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4294.0Само што наместо LM3886 ставив LM3876 бидејќи 3886 има поголема моќ а трансформаторот е само 120 вати, па 2х40 вати со 3876 би биле сосема доволни.
Според спецификациите од National Semiconductors, LM3886 и LM3876 имаат ист распоред на пинови, а се разликуваат само по моќноста и тоа што пинот 5 кај LM3876 не е внатрешно поврзан, а кај LM3886 пинот 5 е врзан заедно со пинот 1 на плусот на напојувањето.
Интегралното е прописно изолирано од ладилникот, со лискун и со термичка паста и пластична подлошка на навртката, напојувањето е во ред, компонентите се нови, не се користени стари делови, плочките се во ред нема ладни лемови и краток спој, но... се појави проблем.
Додека го тестирав едниот канал при краткотрајно вклучување на напон ми дава 7 волти еднонасочен напон на излезот на звучникот. Интегралното не загрева воопшто и осигурувачите не горат.
Го исклучив од напојување и почнав да ја барам грешката.
Излезе дека кога мерам омски отпор од плусот спрема масата нема никаков отпор, додека кога мерам од минусот спрема маса ми дава некои 63 ома.
Го земам другиот канал, кој не беше воопшто вклучен и тестиран под напон, мерам и кај него и пак добивам 63 ома.
Го проверив и напојувањето, тоа е во ред, таму не постои спој помеѓу минусот и масата.
И што е најчудно, мерам спој помеѓу ладилникот и металниот дел на интегралното:
- Кога е изваден надвор, т.е нема контакт со кутијата на засилувачот, инструментот покажува дека нема спој, но кога ќе направам контакт помеѓу ладилникот и кутијата која е поврзана на маса, тогаш помеѓу интегралното и ладилникот ми јавува краток спој?!?
Еве слики од изработениот засилувач, скоро цел ден се обидувам да откријам што е проблемот но без успех.