Не, не е од плочката, тоа се случува секогаш кога некој уред се вклучува во работа (додека уредот не влезе во стабилен режим на работа). Секое вклучување и исклучување на некој уред претставува шок за самиот уред (слична работа се случува и кога ќе излеземе од климатизирана просторија да не заболи глава ако климата била пуштена на максимум, значи во просторијата имало температура од 19 степени, а надвор е 40 степени).
Ако сакаш да го елиминираш овој феномен, ќе мораш да направиш коло за „мек старт“. Ова коло ќе ги пушта звучниците во работа после определен временски период (најчесто 3 до 5 секунди) одкако ќе се пушти засилувачот во работа. Значи засилувачот ќе се пушти, па после 3 до 5 секунди од пуштањето на засилувачот во работа, некое реле (или некаков полупроводнички прекинуваки елемент) ќе ги преспои звучниците со излезот од засилувачот
.
За оштетување на звучниците, не се секирја премногу, собено ако не се многу скапи. Поскапи модели на звучници може да се оштетат од еднонасочниот напон што доаѓа на влез на звучникот по вклучувањето на засилувачот во работа (под оштетување повеќе мислам на тоа дека нема да дават звук како што давале на почетокот, ќе им се намали работниот век). Мада се има случувано и да изгори звучник при пиштање на засилувач во работа без коло за мек старт на излезот од засилувачот ако звучникот бил преслаб, на пример везувате звучник со моќност од 30W, на засилувач со излезна моќност од 200W.