Вака сега. Не знам меѓу кој и кој пин мериш, но треба да мериш меѓу средниот извод на трафото и прво со едниот, а потоа со сругиот извод од грецот (кога ги имаш ставено кондензаторите, ако нема кондензатори за филтрација, нема поента да се мери со мултиметар, во најголем дел од случаите, ќе добиеш погрешно мерење).
Околу другото прашање, дали ќе може да се напојува NE5532 со овој напон, да, ќе може да се напојува од ова симетрично напојување.