Како што кажува насловот од неодамна почнав со изработка на аудио засилувач со две интегрални кола од серијата TDA7294. Се одлучив за овој засилувач бидејки имав дома неколку такви интегрални кола, а и според тоа што имав од документи и што имам читано засилувачите со овие кола немаат некои големи одстапувања од одличен звук. Малку проблем при изработка на ова појачало ќе ми биде набавката на трансформатор, но се надевам дека во некоја од продавнициве за електроника ке најдам соодветен. Па да почнеме, еве неколку слики од плочката, за која сум многу благодарен на еден човек дури од далечна Кина кој се нафати да изработи вакво нешто и да ми го прати во Македонија за ефтини пари.
Еве слика од плочката без делови на неа
Еве неколку слики и до каде стигнав со изработката
Плочкава јас почнав да ја изработувам според шемите на страната на ST и некако стапив во контакт со човеков и ми рече дај прати да видам. Јас му пратив рече имам јас нешто вакво и ми прати готова плочка. Иначе на плочката покрај тоа што е засилувачот има вградено и заштита за звучниците, којашто функционира преку двојно реле од 12 волти. Во прилог следува документот според кој јас почнав да ја работам