Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: darkoveleski on 21.04.2016, Thursday, 15:21:08
-
Здр.Сакам да направам засилувач за вуфер но сакам и ваше мислење кое би било подобра опција .Имам вуфер 350W/4ohm .Имам 2 засилувачи кои ми беа интересни но сакам и вие да кажите нешто во врска со нив.
1.засилувач 250w/4оми
http://construyasuvideorockola.com/proyect_amp_spectrum_1.php
2.засилувач 500w/4оми
http://construyasuvideorockola.com/proyect_amp_stereo_1000w_1.php
Кој од овие засилувачи би репродуцирал подобри ниски фреквенции,и не би имал проблем со греење.Позз и имајте ував ден.
админ: кодирај линкови во иднина
Споено мислење: [time]21 Април 2016, 18:11:17[/time]
Еве и шеми за истите .
(http://i.imgur.com/BfCqLYM.png)
250вати
(http://i.imgur.com/0yqXAMK.png)
500вати
-
Ова првото не ми личи на 250W, со само два пара излезни транзистори... ;)
Иначе јас би ти препорачал некој од засилувачите на Миле APEX, проверени и докажани, за повеќето има и изглед на ППК.
-
А да одбериш нешто поедноставно а квалтетно,со некој монолит ,ТДА 7294 на пример ?Е сега нама да бидат 250 W ама и не ти се потребни ,си велам :) Ќе ти треба и бас Филтер-предпојачало
-
Дали можи да поконкретно да ми кажите за кое APEX станува збор и дали можи шема .
-
шемата што ја имаш поставено од 500 вати таа 100 посто работи јас ја имам правено два канали и супер работат, ако ја правиш таа ако имаш проблем пиши ми
-
а дали ќе можи за вуфер да работи добро ,како се однесува на ниски фреквенции?
Споено мислење: 21.04.2016, Thursday, 23:29:36
имам читано по форумов некаде дека 2сц5200 имааат проблем со прегорување.
-
Имаат, кнескине. Друга работа, дали вуферот е 350 рмс или пеак? ако е пеак, фурај ја таа 250вати што е, само стави некој индуктивитер измеѓу, најдобро делот од скретница наменета за ниски фрекфенции, уште по едноставно, на јадро од трафо за неонка(36W), намотај 90 намтки(за пресек пресметај према димензиите...). Така нема да има мака од клипинг.
Друга варијанта ти е 7294 две, во мост, вадат околу 130wрмс, што значи одговара на звучник со трипати поголем пмпо.
http://xtronic.org/circuit/amplifier/power-amplifier-circuit-tda7294-bridge-stereo
/
Секако, ќе направиш и low pass филтер....
-
Дали можи да поконкретно да ми кажите за кое APEX станува збор и дали можи шема .
APEX има толку многу засилувачи, предзасилувачи, напојувања, заштити и сл. што неодамна на еден друг форум пиша дека ни он сам не може крај да им фати на сите... :D Значи, сурфај, барај, споредувај, и одбери самиот нешто според твоите потреби.
Друг добар избор би бил некој од засилувачите од ЕЛЕКТОР, исто и тие се проверени и докажани, мислам дека имаа и неколку наменети баш за вуфери.
И уште една работа, ако купуваш делови кај нас, пред се излезните транзистори, да знаеш дека 102,3% ќе добиеш кинески фалсификати, кои покасно или порано (или одма) ќе прегорат. Чаре е да ги нарачаш од реномирани добавувачи од надвор или да ги извадиш од фабрички засилувачи.
Пошто за вуфер во принцип не ти треба некој којзнае каков Hi-Fi, може да размислиш и за D-класа, имаше баш од APEX едно 200W, мислам D200 се викаше...
-
шемата што ја имаш поставено од 500 вати таа 100 посто работи јас ја имам правено два канали и супер работат, ако ја правиш таа ако имаш проблем пиши ми
А од каде ги купи транзисторите и дали беа оригинали.
-
шемата што ја имаш поставено од 500 вати таа 100 посто работи јас ја имам правено два канали и супер работат, ако ја правиш таа ако имаш проблем пиши ми
А од каде ги купи транзисторите и дали беа оригинали.
од aliexpres најевтините што беа и немаше расипани меѓу нив
-
Од aliexpres се милион посто фалсификати... ;)
-
значи нема повеке оригинали :( .А нешто со стк4050в
како на прмер ова
(http://i.imgur.com/7H3BhnF.jpg)
(http://i.imgur.com/mHRwn4h.jpg)
пишува дека дава над 200вати на 4 оми
-
Од aliexpres се милион посто фалсификати... ;)
работи уште појачалото, нема изгорено ниту еден ;D
-
а со греење како е ?
-
значи нема повеке оригинали :( .А нешто со стк4050в
Нема во нашите продавници, но има во Digikey, Farnell, Maplin итн... Истото важи и за STK, ама нив не ти ги препорачувам. За таа снага, на твое место би размислувал за D-класа.
работи уште појачалото, нема изгорено ниту еден ;D
Тоа е зошто си го пробал на мала снага и/или помал напон, земи спотерај го малце посилно да видиш до кога ќе работат најефтините транзистори од кај али... :D
-
Реално дома го користам, сигурно неможам да му извадам максимална снага од 500 вати, користам напон од 70 волти, ако купувам оргинал делови за сите појачала што сум ги правел до сега ниедно нема да сум направел, оргинал транзистори еден пар чинат 10 долари, тука има 10 пара, 100 долари одат само за транзистори, така да појачалото би чинело гјавол ипол, затоа ќе си користиме кинески делови :D
-
Колку пари, толку музика... ;)
-
Не е секогаш така, има купено и оргинал, на пола од оптеретување пукнаа, не изгореа да кажеш и да не се гледа, значи пукна куќиштето се отвори на пола, и од тогаш почнав да користав кинески ;D
-
Изгледа и тој бил некој „оригинал“... :D
-
па добро не мора да извај 500вати нека даде 300вати се надевам до толку ке биде ;D
Споено мислење: 22.04.2016, Friday, 22:14:29
се одлучив за 500 ватната веезија па ке видиме со ке биде или ке има огномет или ке тера ;D
-
Не се *фрлајте во огин* и не трошете безвезно пари. ;D Мој совет ти е да си купиш фабрички кит ,малку е поскап,ама вреди да се купи ,точно поради * оригиналите* ;) ;) Ова важи пред се за модули од класата 200/300/500W. Пробано е ! 8)
-
Не се *фрлајте во огин* и не трошете безвезно пари. ;D Мој совет ти е да си купиш фабрички кит ,малку е поскап,ама вреди да се купи ,точно поради * оригиналите* ;) ;) Ова важи пред се за модули од класата 200/300/500W. Пробано е ! 8)
А од која страна да ги порачам ?
-
Абе не цитирајте стално туѓи постови!!!! Доста е со тоа,не е ова твитер или фејсбук! ??? ???
И толку ли не знаеш каде да побараш КИТ???
http://www.aliexpress.com/item/LJM-Audio-Hi-end-L20-Audio-Stero-Power-amplifier-kit/32466672604.html
Добро е за сите пари (44 $) - L20 Audio Stero Power amplifier kit -две плочки .Продај ја едната,другото ти останува без пари! И тоа ли да те учат?? ::)
Останува само филтер за сабвуфер да си ставиш(направиш).Имаш неколку модули дадено на форумов.Побарај малку.
-
Даре,си слушнал 300 w во 20 квадрати соба ?? Како прво ушите ќе ти паднат па потоа останатото.. ;) ;D
Тркни да кај мене имам едно појачалце 50-60 W,ќе треба самo sub -filter i kraj na prikaskata
-
малку е 60вати другар ,вуферов ми е 350 рмс 1200вати пик така да нема да брка работа.
-
Иако не спомена каков е вуферот ( фабрички,домашна работа....) нити каков бас има ( или јас не прочитав??) и 60 вати за просечна соба е добра сила,а за просечна соба да не зборуваме.И уште 1200 вати пик...ехееее.. ;D ;D
-
Звучникот е бошман спл про серија а кутијата сам ја правев,околу 70литри.
-
Пак многу не ми кажа - има модел сигурно и некоја ознака,тоа ме интересира,Ако е евтин модел ( околу 30-40 $) тогаш има осетливост да се носи со тие 60-тина вати доста добро.Веројатно е гумен овес и со голем од ,па ако добро е направена кутијата и отворот би треб ало со 60 W да даде над 95 дб, што е за соба од 20 квадрати доволно.
-
boschmann metal bass pro е звучникот тоцно не знам со бројче бесе оти го зедов на старо .
-
Имам застанато (на кратко) до маршал jcm800 на некои 80%, не се стои, буквално, исто така имам осетено и оранге (појма нема што модел беше), кутија наменета на за бас гитара, спотерано на чајевац (120w), исто така ефектите беа доста спектакуларни. Простор од некои 80 квадрати...
Друга, многу битна работа се децибелите, односно ефикасност, може да е некој звучник што голем дел од енергијата ја претвора во топлина. Ако е осетлив доста му се 60 вати, ако не е прај ја 500-тката. мада со 4 транзистори тешко да добиеш над 200w рмс...
-
500ката е со 10 транзистори а со 4 беше 250ката , ама ќе биди 500ката ;D
-
Со 10-тина може на 8 ома да е 500, на 4 да не се мачит... али па за 350 вати, сасвим инаф :)