Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Jovicar on 23.10.2013, Wednesday, 13:20:15
-
Еве еден аудио засилувач излез само за 1звучник, работи испробан е може да работи и без транзисторите ама многу послабо засилување има без нив. Потенциометарот може да се поврзе со жички, не е наменет за на плочката.
Електрична шема
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Ry9VXXR.png)
Цртеж на плочката
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/O35kDR7.png)
Поглед озгора со сите елементи
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/XlsDpc2.png)
Потребни елементи:
Отпорници:
R1=33k
R2=3k3
R3=150k
R4=33k
R7=10omi/1w
R8=100k
R51=R52=R61=R62=0.47omi/2W
Кондензатори:
С1=22uF/25V
С2=0,22uF
С3=4,7uF/25V
С4=0,22uF
С5=0,22uF
С7=2200uF/25V
Полупроводници:
IC1 = TDA2030
T1= BD910 Може да се заменат ако некој неможе да ги најде нека пише
T2=BD909 Може да се заменат ако некој неможе да ги најде нека пише
D1=D2=1N4001
-
Ова шемае веке два-три пати обработена на Форумов.
-
Не сум ни загледал, оваа лани во школо ми ја даде професорот ќе го сликам и појачалото го имам дома, и од него слика да ставам
-
на колку волти работи
-
Ако е еднострано напојувањето,до 40В, а струја 2,5-3А
-
на колку волти работи
-
Ако не се лажам овој засилувач од сликава работи на единечно напојување.Не е двојно.Но поправете ме ако грешам.Сигурно е со единечно напојување.Обично на пракса ваквите се поврзуваат на 24 волти пошто стабилизираните извори даваат до 32 волти.И како што рече батка може да издржи до кај 40 волти струја 2,5 ампери.Но може го поврзувале и под 24 волти Јовицар нека си каже најубаво. ;D ;D
-
Засилувачов го има во Емитер само не е со единечно напојување него со симетрично.Вој засилувач не дава повеке од 6 до 10вати на канал.Не е лош звукот го имам правено.На симетричен напон подобро свири.Тразисторите како излезни можеш да ставиш BD243 и BD244.Мојот засилувач е појак дава 15 вати по канал па појак е од овој засилувач.Ги имам слушано и двата. Значи не е лош како засилувач само не е 50вати или 30 како што пишува не дава толку. За поголема снага како што пишувате ке треба да е најмалку со симетричен напон + - 40 волти па да добиеш 50вати. ;)
-
Засилувачот со ТДА 2030 и пар излезни транзистори од типот BD 911/12 и сл. дава 55W на 4 оми.Го има во верзија +/-18V симетрично и 33V единечно напојување.Ако имате трафо од 24 до 30V ставете го слободно.
-
Засилувачот со ТДА 2030 и пар излезни транзистори од типот BD 911/12 и сл. дава 55W на 4 оми.Го има во верзија +/-18V симетрично и 33V единечно напојување.Ако имате трафо од 24 до 30V ставете го слободно.
.Не знаев дека ТДА 2030 дава дури 55 вати на 4 оми.Обично го користат за кај слабиве појачала во кола докај триесет вати.Но сепак сега знам дека издржува и дава сигурно 50 вати.
-
тда2030 не дава 50 вати, туку околу 20вати, ама во ова коло се користи како побуда на излезните транзистори и со тоа се добива 50 вати ;) ;D барем јас тоа така го сфакам.
-
Конкретно во ова шема ТДА 2030 се јавува како побуда на излезниот пар транзистори.Во зависност од тоа кои транзистори се јавуваат како излезни ,се јавува и разлика во напонот на напојување и излезната јачина .Значи ,шемата ја има и со симетрично и едноструко напојување,а разликите во напоните за поедини варијанти се однесуваат само на различните вредности на отпорниците во делителот на напон за напојување на ИК и граничните вредности на напојувањето на излезните транзистори.
-
Појачалото најдобро работи од 35-40волти.
-
Само ме интересира дали го поврзуваш на симетрично напојување или не.Пошто и како што спомнаа претходно и во емитер имаше слична шема но таа работи на симетрично напојување.Но ова може и не работи на симетрично.
-
Па,мислам дека е очигледно дека не работи со симетрично напојување! 8) Ова е стандардна апликација која може да се најде во неколку комбинации,со различити напони и излезни транзистори.Две вакви појачала во мостен спој може да дадат околу 150-200W.