Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: Bojan on 02.05.2010, Sunday, 22:21:29
-
има ли некој од скопје што ке сака заедно да нарачуваме некои делови од алфа електроник, поштарина до 1000 денари се плаќа 120 денари, а над 1000 денари се наплаќа 3% од цената...
-
Незнам дали ке ти се исплати нарачката да ја правиш за разлика од 120 денари?
За некој работи можеби, но за повеќето барем јас не сум бил стприв да чекам ;D
-
има ли некој од скопје што ке сака заедно да нарачуваме некои делови од алфа електроник, поштарина до 1000 денари се плаќа 120 денари
сега е 150 денари поштарина :'(
-
ако сакаш јас сум од битола кажи што ти треба ќе ти ги пратам по пошта поефтино ќе фати мислам
-
ако сакаш јас сум од битола кажи што ти треба ќе ти ги пратам по пошта поефтино ќе фати мислам
Фала ти за понудената помош, но поштата ги наплаќа тие 150 денари. Исто ке те фати и тебе доколку ми пратиш :)
-
не мора да видат, се плаќа на тежина
-
Скоро секој ден на работа праќам пакети по пошта, до кај 1 кило е околу 70ден., ако ги пратиш во плико (закачени на сунѓер, стиропор и сл.) ќе те фати многу поевтино :)
-
па ке може ли некој битолчанец да праша колку пари ке треба за до скопје пакет од пола кило да се прати??? иако деловите нема толку да тежат па...
-
Не мора битолчанец, може и скопјанец хахаха се шалам. До 1Kg е 150 ден проверено.
-
рачунај ако ти го спакуваат во продавница може и пакувањето да ти го наплатат
ама повеќе од 100 денари за тоа нема да ти земат
-
ок де, може и скопјанец да земе делови од таму ако иде па јас после пари ке му дадам... нема врска кој ке зема делови....важно само да добијам јас делови од таму...иначе знае некој колку пари ке е pic16f628A oд алфа електроник???
-
Јави се и прашај :D
-
628 негде 20МХз е 150 денари
-
Алфа Електроник:
http://newpages.com.mk/detail.asp?fid=24708
http://newpages.com.mk/detail.asp?fid=27576
-
дали знае некој дали го отворија новиот дуќан од алфа
онај шо е по булевар крши горната гимназија :) ( над музичко )
-
дали знае некој дали го отворија новиот дуќан од алфа
онај шо е по булевар крши горната гимназија :) ( над музичко )
Отворен е ама сеуште не продаваат електронски делови..
-
ЈАс добив флаерче во кое пиши дека е отворено :)
-
jaс му пишав на мацобт за да ми ја потврди информацијата за алфа во скопје но сеуште чекам одговор
-
Да отворена е новата продавница на алфа електроник која се наоѓа на:
Булевар 1ви Мај 56 под ''црн мост''
Со побогат и проширен асортиман на артикли од врвни светски производители, каде ќе бидете брзо и професионално услужени. Ви благодариме на вашата доверба
http://pic.mk/images/alfafdfh.jpg
-
ова за битола збориш?
-
Па најверојатно, нели во Скопје немало Алфа Електроник ;).
-
знае некој каде се наоѓа булевар први мај ? после ке откриеме кај е тој број и на крај дали има црн мост :)
-
Значи кога одите од влезот на Битола од страната на Охрид, по булеварот, на левата страна има мост. Тој мостот го викаат „Црн Мост“ бидејќи на тој мост ги бесеа партизаните во Втората Светска Војна.
Продолжувате надолу уште 100тина метра, од десната страна има една „зграда“ со 3-4 спратови, веднаш до неа има куќа и на неа огромен знак α (алфа) и тоа е новата продавница на Алфа Електроник во Битола ;D
(http://img192.imageshack.us/img192/1958/alfa2bt.th.jpg) (http://img192.imageshack.us/i/alfa2bt.jpg/)
:)
-
ова за битола збориш?
Да ;) :).
Подолу има локација на слика.
-
има ли некој од скопје што ке сака заедно да нарачуваме некои делови од алфа електроник, поштарина до 1000 денари се плаќа 120 денари
сега е 150 денари поштарина :'(
Колега јас нарачав делови за појачалото пред еден месец поштарина е 120 :D
-
има ли некој од скопје што ке сака заедно да нарачуваме некои делови од алфа електроник, поштарина до 1000 денари се плаќа 120 денари
сега е 150 денари поштарина :'(
Колега јас нарачав делови за појачалото пред еден месец поштарина е 120 :D
Изгледа вратиле по старо
-
Незнам колега мене ми рекоа дечко деловите све на све 1080 денари а во нив и поштарина ми рекоа дека е вклучена од 120 денари :)
-
мене 154 денари поштарина ми зедоа сега брзо
-
Te закрпиле малце колега не е многу ;D ;D ;D
-
тебе помалце то дошло дека над 1000 ден се плака 3 посто од цената мислам
-
Изгледа затоа зашто мене ме фати 950 денари а сосе поштарината 130 денари тоа е 1080 денари ;)
-
а во што ти дојдоја тебе спаковани деловите мене може ми зеле и за паковањео :-\
-
Во картонско кутивче :)
-
и мене ми дојдоа во бело картонско кутивче а поштарино е 130 а 20 ден ми зеле затоа што поштарот на врата ми го даде пакет4ето :D сега прочитав
-
Поштарината зависи и во кој град живееш мене ми наплатија поштарина 158 денари а сето вкупно излезе 2400 па мислам дека цената на производот нема врска со поштарината
-
А за колку време ви стигнуваат деловите,следниот ден или за неколку дена?Ова зборам за Битола-Скопје :D ;D.
-
Паковањето не се наплаќа, деловите стигнуваат следниот ден во сите градови низ МК ако се порачани до 16часот, освен ако порачате во Сабота ке стигнат во Понеделник или ако е некој празник, иначе следниот ден можите да си ги подигните од вашата пошта или можат да бидат доставени на ваша адреса.
-
а како се плаќа?!Не ви даваат трансакциона па пари да се пуштат или на поштарот му се плаќа!:? ;D
-
при прием на пратката се плаќа на поштарот носи едно сметче и на него се потпишуваш му даваш пари и бегаш :)
-
аха, ок!Да соберам пари ке нарачам нешто!
ПС.Да не го мачам Чекај! :D
-
^Осај бе, не ме мачиш, туку кажи кога да ти ги пуштам плочките, така седат :D
-
Еве ви сајт од алфа електроник кој се уште е во изарботка: ;)
http://www.alfaelektronik.mk/
-
И јас имам порачувано. Овде по скопјево навистина е драстично поскапоа да не реча дупло, сакаат преку ноќ да се збогатат :) (се зеза), највероватно ради ќиријата итд, инаки кога сум кичево одам бт, не ми се брза, па кога ќе ми испадни прилика. Некојпат и по мајка ми порачувам, таа често оди тамо па... Инаку овде додека сум во скопје, освен некое отпорниче, кондензаторче или помало транзисторче не купува. За "роба" над 700-800 денари мислам дека се исплаќа да се појди до битола (од скопје) со возон. Башка тоа и битола убо градче е, не е лошо да се прошета :)
-
Не знам дали е ова истиот каталог кој претходно го имаше некој post-ирано, амa нарачав некои компоненти од Алфа електроник и ми стигна заедно со нив и CD со каталог (и календар за 2011-та и уште едно малечко светилче со 4 LED диоди, од оние белите ;D), па си викам ај да го upload-ирам, да го симнат и другите, инаку на каталогот пишуваше „лето 2007“, така да не верувам да е некој понов, ама кој сака нека си го симне ;).
http://www.box.net/shared/8a02eee735
http://www.box.net/shared/0uo15t2vq1
http://www.box.net/shared/bhejn0gpeb
http://www.box.net/shared/kor25l6tsf
http://www.box.net/shared/3z72u8jv5v
http://www.box.net/shared/v4omcpexzd
-
аууу тој е многу стар каталог.... го имам и јас
П.С. Како не ми кажа порано, да нарачавме заедно па ке делевме за поштарина :)
-
Епа ништо тогаш, нека стои чисто како mirror, не мора да го симнувате, сепак, повеќето компоненти кои ги има на овој катлог ги има и сега, само што има и некои нови кои ги нема :S.
Изгледа немаат направено нов, па прешиле да ми го дадат овој :S. Тоа е тоа :S.
-
нека седи, јас го немам, а сега ме мрзи да го симињам дека ке одам да спијам... :D
-
дали знае некој дали го отворија новиот дуќан од алфа
онај шо е по булевар крши горната гимназија :) ( над музичко )
Отворен е ама сеуште не продаваат електронски делови..
отворен е и имаа поголем избор за електроника ито многу поголем аа во стариот дукан пто му беше фпазар таму сега чува само батериии далинска таква работаа
Споено мислење: 04.01.2011, Tuesday, 08:59:51
Ако ви треба нешто слободно пишете ке се јавам одма ке прашам аа и роднини смее :):)
-
Поштата зема фиксно 120 денари за пратки со вредност до 1000 ден, ако вредноста е поголема од 1000 ден поштарината се зголемува за 3%. (пр. ако е 1500 ден 120ден + (1500-1000)*3% = 120 + 500*3% = 120 + 500*0,03 = 120 + 15 = 135ден). Има можност и за испраќање по карго, ако сами си ја земите робата од карго, каргото ке ви наплати 70 ден, а ако ви ја достави на ваша адреса ке ви наплати 120. Пакувањето не се наплаќа, да нема забуни, па поради тоа иди различна поштарина.
Ова е груба пресметка бидејки варира и тежината, исто така ако е пратката со откупнина зема 3% од вредноста на робата за да ни ги достават нас парите.
-
Еве го и сајтот на алфа електроник ;)
http://alfaelektronik.mk/index.php
-
само треба да го средат сајтот
-
Зашто во каталогот нема цени, толку се мачеле да го направат и не стаиле цени, за секој дел зарем ќе треба да се јавувам таму?
-
Зашто во каталогот нема цени, толку се мачеле да го направат и не стаиле цени, за секој дел зарем ќе треба да се јавувам таму?
Ќе им праќаш mail :S, тоа е тоа... :S
-
треба да стават цени бар орентационо да знаеме. Сите знаеме дека со тек на време се менуваат цените, ама орентационо се тука некаде. Башка добра ти е идеава за групно нарачување и делење поштарина
-
имат цени, барем на некои производи... али им е мн спор...