Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: Bojan on 26.07.2010, Monday, 16:17:50
-
си бев на одпад денеска и видов еден голем ладилник..отидов да го земам и сосе него имаше електронска плочка и на ладилникот имаше закачено два засилувачи STK4036 па незнам дали работат...знам дека може да направам засилувач некој и да ги пробам дали работат, но немам звучници доволно големи за да го испробам засилувачот дали работи...па има ли некој друг начин како би можело да се испроба колото дали работи...
-
Па види кои STK засилувачи ги имаш, симни си datasheet, пробај со некоја од шемите дадени во datasheet-от, само што на влезот ќе му ставиш 50K потенциометар за да ограничиш влезниот сигнал. Ако работат засилувачите пуштени на тивко, би требало да работат и на гласно ;). Така нема да ги оштетиш звучниците ;).
-
Bojan каде поточно се наоѓа тој отпад и до колку саат работи преку недела?
-
Баш така, поврзи ги според datasheet и пушти ги преку потенциометар на влез, на потивко и ќе нема проблем, а после ако работат ќе ги пробаш и на појаки звучници. Иначе досега вака имам "рециклирано" четири STK... интегралци најдени по отпади и растурени уреди :)
-
Како со ти напишаа погоре,стави еден потенциометар намали го интензитетот на звукот па приклучи ги твоите послаби звучници :)
-
а бе...проблемот е што немам асални звучници дома...имам звучници за компјутерот само од дуууууру 5W....имам уште едни звучници ама па на нив високотонецот не им работи...треба да се менува (тие RIZ што имав отворено тема) уште немам ставено високотонец за нив... а и па да работат не планирам да ги оставам така...не ми треба мене засилувач... дека немам пари за звучници да си купам... па ако работат..ке ги продадам на некој ако сака...
-
Можеш да ги пробаш на тие RIZ што ти се дома звучниците, ако нема високотонци и среднотонци, само гледај да ги врзеш басовите диркетно, без свртница (не ради друго, некој случајно да не направил спој во жиците и со кои се врзува свртницата при вадењето на високотонците и среднотонците). Тие се интегрирани засилувачи, не мора кај нив да гледаш фреквентен опсег, или работат или не работат (или во некои многу ретки случаи се полуизгорени, па може да се случи да работи еден канал, а другиот не, или да се јавува крчење, на звукот, гасење, палење...). Ако работат на басовите, сигурно ќе работат и на други звучници со високотонци на нив, или на широкопојасни звучници ;).