Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: bumbar on 08.08.2012, Wednesday, 16:22:11

Title: задоцнето претставување
Post by: bumbar on 08.08.2012, Wednesday, 16:22:11
Член сум на форумов од пред 1,5 месец ми се чини. Жал ми е заради непретставувањето досега ама дури сега детално го разгледав форумот и видов дека има и ваква рубрика.

Значи вака и вака:

Од Скопје, мислам дека се веќе 43 години, од 11 години електроничар ама не и дипломиран. Самоук до ниво на имбецилност :)
Некои работи ми се заборавени за жал....

Дипломирав нешто сосема друго кое нема врска со електроника.

На 12 години направено прво појачало (засилувач). Оттогаш бројот на слушнати, направени и поправени е голем. Од 2000 до 2009 без капка калај во себе. Во 2009 му ветив на колега дека ќе му направам засилувач. Сега сум повторно заљубен во аудио-електрониката. По принципот - Мушкарци су као аутобус, увек се враќају на прву станицу!

П.С. Штета што струјата пак поскапе. Бројот на луѓе кои ќе се обидат да прават А-класа ќе биде се помал. Ова не го кажаа на ниту едни вести какоз агуба за македонската хај-фај реалност

Бесплатни совети при купување „засилувач на старо“ или звучници. Особено оние што беа „извикани“ во 80-те, па до средината на 90-те години од минатиот век...
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: Devil on 08.08.2012, Wednesday, 17:04:52
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: GigaWatt on 08.08.2012, Wednesday, 18:55:51
Како што рече Devil, еве и едно задоцнето добредојде ;D.
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: LordZi on 08.08.2012, Wednesday, 19:06:36
Добредојде и од мене... 8)
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: Trolko on 08.08.2012, Wednesday, 22:08:00
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D

Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: DX-er on 08.08.2012, Wednesday, 23:37:10
Добредојде bumbar
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: GigaWatt on 08.08.2012, Wednesday, 23:48:21
Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?

Повеќе на шала е ;). Не е нешто премногу сериозо ;).
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: Trolko on 09.08.2012, Thursday, 00:57:04
Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?

Повеќе на шала е ;). Не е нешто премногу сериозо ;).

Ок разбирам, но малку е демотивирачки некој да продолжи да биде член или подржавач на некое движење/организација доколку е добредојден со *Играј по нашите правила или чао*. Каде е транспарентноста овде ? :)
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: at.koce on 09.08.2012, Thursday, 00:59:13
Devil не мислеше ништо лошо, тоа го кажал само колку да се обврне повеќе внимание на правилата, а со самото тоа форумот станува поквалитетен  :)
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: Devil on 09.08.2012, Thursday, 01:53:02
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D

Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?
за да избегнам разговори од овај тип, а ако не ги сака правилата, чаопријатно
јас давам од мој џеб за форумот да постое така да.има да се следат некој правила
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: Trolko on 09.08.2012, Thursday, 01:55:13
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D

Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?
за да избегнам разговори од овај тип, а ако не ги сака правилата, чаопријатно
јас давам од мој џеб за форумот да постое така да.има да се следат некој правила

Транспарентно 100% :) Фала на појаснувањето
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: GigaWatt on 09.08.2012, Thursday, 03:31:11
Ок разбирам, но малку е демотивирачки некој да продолжи да биде член или подржавач на некое движење/организација доколку е добредојден со *Играј по нашите правила или чао*. Каде е транспарентноста овде ? :)

Тоа што Devil го пиша е повеќе во контекст на тоа да бидете учтиви и културни со останатите членови, да се почитуваат правилата на форумот, итн. Ако си ги почитувате правилата, во принцип, нема никакви проблеми ;).
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: stefanstip on 09.08.2012, Thursday, 05:11:54
Еве и од мене едно Добредојде , имај убав престој на форумот  :)
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: bumbar on 09.08.2012, Thursday, 10:19:20
Се надевам дека ќе се „расправаме“ квалитетно.

Особено ако има поддржувачи на мојата идеја за Аудио-клуб или Клуб на аудио-самоградители каде „во живо ќе можеме да си ги измериме направените аудио-компоненти“...

Дотогаш, одам да побарам квалитетен мајстор за фарбање медијапан за предната плоча од новиот „покус“ со звучници.
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: batka on 09.08.2012, Thursday, 14:23:24
Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?

Повеќе на шала е ;). Не е нешто премногу сериозо ;).

Ок разбирам, но малку е демотивирачки некој да продолжи да биде член или подржавач на некое движење/организација доколку е добредојден со *Играј по нашите правила или чао*. Каде е транспарентноста овде ? :)

Тролко,кажи ми каде има демократија,па да најдеш овде? Демократијата е за во книгите,ама на Форумов (извини) мора ред да има.Само ,тоа ти е *ко бајаги* бидејки Форумов е сепак подемократичен од ,на пример - Парламентот.Овде барем не дозволуваме никој никого да навреди.А правила мора да има- тие се и основа на демократијата,ако баш сакаш на таа тема.
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: GigaWatt on 09.08.2012, Thursday, 17:16:20
Се надевам дека ќе се „расправаме“ квалитетно.

Особено ако има поддржувачи на мојата идеја за Аудио-клуб или Клуб на аудио-самоградители каде „во живо ќе можеме да си ги измериме направените аудио-компоненти“...

Дотогаш, одам да побарам квалитетен мајстор за фарбање медијапан за предната плоча од новиот „покус“ со звучници.

Идејата за аудио клуб е одлична, ама најверојатно ќе биде само во склопот на некоја друга организација (како на пример Народна Техника, или како и да се викаше сега). Тешко дека сам по себе може да опстои таков клуб :S.
Title: Одг: задоцнето претставување
Post by: batka on 09.08.2012, Thursday, 17:24:09
Во пракса,можат 5 мина да си направат некое граѓанско здружение ,со Статут,жиро сметка,како Куќните совети  ;D ;D ;D и да побараат дури од Општината каде се регистрираат да им отстапи и некој простории.Потоа може да учествуваат на конкурси за проекти и да направат дури нешто како Фестивал на новоизградени аудио компоненти... :D :D ;) Па после да видиме на кој му е подугачак звучникот и да видиме дали сите Тѕ компоненти се вградени или не.Е тука иде Клио,па не знам што и на крај може и тепачка да испадне 8) ??? Шала на страна - ова е една од можностите.Иначе НТ не се бави со вакви клубови ( барем досега не сум чул некаде во склоп на НТ да има вакво нешто!).