Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: batka on 18.09.2010, Saturday, 14:58:39
-
Веројатно по години меѓу најстарите меѓу Вас,најискусен со 50 години и 23 години стаж работен 36 гоини по електрониката и радиотехниката.Започнав одамна,ги паметам и ел.цевки.Радиоаматер сум
од пред 30 год.(тогашна 3 та класа телеграфист ),пред 20 години ( 2-ра тогашна класа).Електроничар кој поправал ТВ апарати ,машини за перење :D, радио-станици, електроника од сите бранши,а моментално во *ТРЕНД КОМПЈУТЕРИ* во Велес ,како сервисер,стручњак за мрежи,матични,графички со осврт на мрежни напојувања :D. Работам со се што се напојува со струја и отвора со штрафцигер ( и хебла).Имам керка(средна школа ) која не се интересира за електроника ( само фејсбук и МСН) па искуството ке го поделам со сите ВАс кои се интересирате за тоа.По некогаш сум намќор(инаетчија) за кој - реповите не значат ништо!! ;) :D :D :D :D :D
-
И добро ве најдов!!
-
Епа добредојде, иако малку е доцна за добредојде ама ајде ;D.
Знаеме сите што ги интересира жените, затоа како што гледаш, преполн е форумов со девојки и жени, хахахаха ;D ;D ;D. (карикирам)
-
да те прашам вака Батка,дали имаш програматор за Атмелки??
ПС. ако има некој друг може да ми го посочи!!
-
Добре дојде друже batka ;D.Xaxaxaxaxa ама си ме насмеал со ова :D
Работам со се што се напојува со струја и отвора со штрафцигер ( и хебла).
Хебла ;D
-
Ај добре дојде, добро е што се претстави иако си постар член, мило ни е што имаме луѓе од сите класи ( години ) и постари и помлади :)
-
Со Атмел не сум работел ниту јас ниту некој од моиве,па не знам да ти кажам.Има многу работи на интернет,а можеш да идеш и на
http://www.elektronika.ba
и мислам дека има доста работи.Со хебла иначе отворам пиво и хаубата на мојата кола :D ;D
Не спомнав и дека втора работа (хонорарна ) ми е раководење со светло и звук во салата Бели Мугри во Велес,кога има представи,настапи,музика,фестивали..... Се оди преку компјутер.
-
Програматорите за атмел по правило се доста попрости од оние за пиковите, за одредени микроконтролери не треба повеќе од три отпорници, барај на гугл ;D
Батка, извини што ти постувам оф-топик во темата, ако треба преместете го ова ::)
-
Нема проблем и така немаме попаметна тема за муабет моментално :D :D :D
-
е па ај добро ни се претстави, за добродојде е малце касно :D и се скинав од смеење на тоа
„Работам со се што се напојува со струја и отвора со штрафцигер ( и хебла)“
ЗАКОН!!!!
-
Ја имам две прашање.. Од каде си и дали имаш земано знак после лиценцата кога си ја извадил
-
Имав лиценца,ама не македонска(немам време за радио-аматеризам веке,иако сите македонски*манги* на тоа поле ме знаат - од Куманово до Штип,Прилеп...).Работев некое време во 5FQR, па во 5FAL долго време.По осамосталувањето на РМ сум претежно ангажиран во Народна Техника,како Инструктор,Жири Комисии,Статути,Почесен Претседател на ОК на НТ Велес (Сега се вика Здружение за техничка култура - Велес).Заслужен сум за тоа електрониката да се внесе во ОТП за осмо одделение со вежбите и учебникот на Крсте Василевски итд. Не престанувам со работа на тоа поле,пишувам еден (готово е) Прирачник за електроника за талентирани ученици,кој треба да добие дозвола за печатење.
-
а кога ќе излезе тој прирачник??
-
Ајде малку ургенции ако може за сите на форумот во електронска форма да го добиеме без пари (па нели сме Македонци) еве една олеснителна околност стави го во ВИП делот и така пишува дека е за поискусните а кај нас ќе биде за поажурните + искусните ???
Одговарај брзо да те фатиме на препат . :D
-
Се е дадено до Институциите,а од нив зависи кога ке биде.До тогаш не можам да ставам ништо од тоа.Воглавном тоа се теми и проекти за Основните училишта,само одиме малку понапред од што замислувате.Има пилот-програма и десетина училишта во МК кои добија училници по предметот ОТП во кои има можност за работа со електроника,роботика...Уште сме на почеток ,ама ке оди во скоро време.
-
ОК не е проблем дали ние нешто ќе добиеме бесплатно или не најважно е децата од мали да можат да се насочат на прав пат и да се отргнат од улица и само напред подршка од мене за проектот во која фази и да е било почетна било завршна .
-
Целта е да се унапреди техничката култура на младите,да се заинтересираат за природните науки,за техничките дисциплини ,електротехниката и електрониката,роботиката...Малку заостануваме зад некои наши комшии и треба што побргу да фатиме приклучок со образовните шеми кои другите веке ги применуваат.Не може предметот ОТП да биде ИЗБОРЕН! Нема логика тогаш секој да учи компјутер,а да не знае ништо за напон,струја....Бар од општа култура!!!
-
Не може предметот ОТП да биде ИЗБОРЕН! Нема логика тогаш секој да учи компјутер,а да не знае ништо за напон,струја....Бар од општа култура!!!
Една од причините поради која програмерите од електро скоро секогаш (чест на исклучоци) се подобри програмери од програмерите од ПМФ ;).
-
Гига,најдов нешто мое кај тебе :D :D :D Она зелена работна тетратка ;D ;D ;D
-
Ехееееее, тоа ми е стандардна литература во работилница ;D... добро, барем ми беше додека бев основно ;D... сега ги чувам тие материјали чисто од носталгија ;), а можеби некој некој ден ќе сака да учи од нив од кај да знам, па зошто да не му ги дадам ;).
-
еиии од кај ти е тоа кутивчето што ти е до убодната пила?? тоа со 2 прста прашина на него..
-
Тоа црното метално? Ај ако не заокружи го на сликата, многу кутии има на неа ;D.
-
тоа пластичното над него (за тоа со дупчињата мислеше???)
-
Тоа е пластична кутија од VHS лента ;). Имам пишувано за кутии од VHS ленти ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1571.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1571.0)