Значи по теорија, на излез од полнач од телефон со напон од 5v 1А би можел да поврзам до 4 кулери 5V 0.25A (4х0.25А=1А) или 7 кулери 5V 0.13A (7х0.13А= 0.91А) . Но поради губиток на струја би врзал 3 кулери од 5V 0.25A или 6 кулери од 5V 0.13A за континуирана работа.
Не иди со таа математика, барем не ако планираш да купуваш адаптер од Кинезиве
.
Оди со x2 степен на сигурност. Значи, ако земеш адаптер кој може да даде 3A на излез (или барем така го декларирале Кинезиве), најверојатно е дизајниран да тера до кај 1.5, 2A максимум
... тоа е тоа, Кинеските вати не се исти со нашиве
.
Еве да речеме земам адаптер од 12V 3A (од стар андроид бох, дримбокс или сл.), минимум на број на кулер колку можам да поврзам? На 3 кулери од12v 0.25A многу ли е 3А од 12V адаптер или не е?
Не, нема да има проблем
. Ако е навистина оригинален адаптер од некој уред, најчесто можат да дадат онолку колку што е декларирано дека даваат
.
Не би го преоптоварувал, но ако е деклариран дека може да даде 3A на излез, до кај 2A сигурно би го оптоварил
. Терај си ја математиката потоа, колку струја трошат кулерите, множи, дели
.
Да си прашам, затоа што дома имам стари адаптери од 12V со 300mA и 12V 500mA, за џабе да не поврзувам (два или три) кулери од 12V 0.13A , ако не им е да ги вклучам да работат на 12V 3A.
На тој од 300mA, јас лично не би врзал повеќе од еден кулер. На то од 500mA, два, ама не повеќе од тоа.
Се зависи како планираш да ја правиш изведбата, централизирана (еден извор за напојување, многу кулери) или дисперзирана (многу извори за напојување, многу кулери).
Многу ми е полесно да приклучам 12V адаптери со 1А, 2А или 3А на овој кабел :
...
да поврзам неколку од ист вид неколку кулери со вкупно струја до 1А , 2А или 3А.
Со оној адаптер од 3A кој го спомна, да, со овој кабел и 8 кулери да врзеш, нема да имаш проблем, ќе издржи адаптерот
.
Веќе ти пишав, до 3A тој адаптер не би го терал, бидејќи тој товар ќе го тера континуирано. До кај 2, 2.(нешто ситно) ампери, да, така ќе издржи
. На крајот на краиштата, врзи ги сите и измери колку струја влечат сите врзани
. За краткотрајна работа и скоро 3A ако влечат, нема ништо да му биде на адаптерот, чисто за тест проба. Проблем е континуирана работа. Многу ќе грее и ќе ги исуши електролитите внатре. Можно е и да не изгори, ама електролитите брзо ќе се исушат.
Веројатно кулери од различен вид со 12V 0.13А ,12V 0.18А или 12V 0.25А, не се земаат во предвид да се поставуваат на напојување од адаптер од овој кабел?
Не, тоа воопшто не е проблем ако сите работат на 12V. Не е проблем ако еден влече 0.2A, а друг 0.4A. Само ќе треба математиката да си ја направиш со собирање, а не со множење (бидејќи, нели, не се сите исти), но воопшто не е проблем ако еден влече дури и дупло и тројно повеќе од друг
. Само сите да имаат ист работен напон (12V), тоа е условот. Колку струја влече еден а колку друг, тоа скоро воопшто не е важно (барем не за волку мали јачини на струи, до кај 1, 1.5A по потрошувач/кулер).
Точно е , 12V кулери кај нас се наоѓаат полесно, затоа што порано повеќе се користеа статичните компјутери. Јас до сега има донирано 3 стари статични компјутери,2 дефектни имам заменето за 2 постари исправни статични (моја 25 год. биографија на компјутер). Технологијата се префрлува на 5V за заштеда на енергија и да е универзална , униформна за сите технологии и конектори. Секој електричен апарат има излез на 5V.
Пааааа... искрен да бидам, еве ќе земам и модерни машини кои ги имам склопувано... сите кулери се на 12V. Да, на лаптопи, точно, дел работат и на 5V (но сепак, почести се оние кулери за CPU кои работат на 12V), но на десктопи... искрен да бидам, немам начекано џекови на матични плочи кои се наменети за работа на 5V-ни кулери
. Сите се наменети за 12V-ни кулери.
А ако правиме муабет за USB вентилаторчиња и такви тракатанци, да, тие сите се на 5V.
Сума сумарум, јас лично пак би терал со 12V-ната верзија. Почести се како кулери и може да се најдат и од фурда (стари напојувања, кулери за процесори и други работи).
Кабел за кулериве, од каде и каков да барам?
Од стари адаптери, јас најчесто такви користам
. Ќе одговара скоро било каков кабел, од најтенок до најдебел. Подебел треба да биде оној на кој ќе падне товарот од сите кулери (оној од адаптерот до сплитерот), но за до секој кулер посебно, генерално земено, и неколку лицни по ќе завршат работа
. Не дека треба да бараш таков кабел, екстремно тенок, но ако немаш никаков, и некој „чкљ мкљ“ од некој полнач за мобилен од пазарче ќе заврши работа
.