Во близина на флетот од CD player-от, на плочата треба да се обележани левиот и десниот канал, таму треба да ги поврзеш жиците за AUX-от. Барај LCH, RCH, LOUT, ROUT и слично. Доколку не се обележани разгледај ја шемата, треба да ги најдеш. Доколку CD player-от функционира само доколку имаш CD внатре, тогаш режеш едно Audio CD со 74 минути тишина, го ставаш внатре во CD player-от, и си пушташ музика од AUX-от.
Најдов каде е на шемата, туку тоа што го прашав погоре (ако воопшто го прочита dare532
) го прашав со цел случајно производителот да не има неког "bug" направено во софтверот. За електронска тонска контрола се користи TDA7402, кое има три стерео влеза, а искористени се само два (за радио и за CD), па прашањето ми беше случајно да не направил „грешка“ производителот и по некоја случајност да не има начин да се активира и третиот стерео влез. Инаку, софтверот сигурно може да се подеси да го активира и третиот влез, но тоа бара програматор/debugger за MN101C49, читање на софтверот од контролерот, па адекватен debugger кој го симулира микроконтролерот, па зезанции низ кодот... едноставно многу работа... на крајот нема да се исплати.
Поентата ми беше, без преголеми преправки, да може да ја има и CD функцијата и Aux функцијата, а не само едната или другата или да мора со дополнителен преклопник да префрлува меѓу двете.
Ако немаш таква оппција во софтверот на авто-радиото, пиши, да знам да ти објаснам што каде да прекинеш или евентуално (како што пиша DimitarMK), само да долемиш на некое место само три жички и да си снимиш едно CD со 80 минути тишина и да го ставиш на repeat.