Хахахахахахахахаха
... значи навистина, во денешно време, најлесно е да си новинар
. Плус, само да знаете каква терминологија користат
. Читам пред некој ден online, на не знам кој сајт од овие веснициве или информативниве портали, наслов на статија: „
Г*мна има во Охридското езеро“, или нешто слично ова не беше, не ме земајте за збор, ама со цел памет, во насловот на веста го има зборот „г*мна“
. Па не смее ни во текстот тоа така да го пишеш бе, се знае си има официјален термин за тоа, фекалии
. Исто така, наслов на вест, исто така не знам на која страна ја нечекав веста, „
Спектакуларна сообраќајка во Аеродром“... мене навистина не ми е јасно како може некоја сообраќајка да биде спектакуларна
. Што, конфети и огномет да не имаше, па спектакуларна да била? Кој знае
. Можеби и тоа им се видело
.
Не знам зошто веќе новинари се викаат, јас си ги викам Copy-Paste-ерите
. Секоја вест која ќе ја прочиташ е во многу случаи буквално Copy-Paste од некој друг сајт или медиум
. Јас не знам со кој памет ги плаќаат овие баш Copy-Paste-ериве
. А за терминологија во текстови... тоа па да не зборувам
, повеќе се смеам отколку што навистина пратам за што се пишува во веста
. Немам завршено новинарство, но уверен сум дека може да напишам многу подобра, граматички поисправна, синтакички поточна и политературна статија од оние кои ги имам читано... барем online
.
Не сакам никој да невредам, можеби има и новинари на форумов, не знам
, ама навистина, барем јас мислам дека многу ниско им има паднато професијата. Да ви се сведе професијата на Copy-Paste... не знам, тоа е навистина ниско.