18650 батерија од лаптоп, денес за малку ќе ми направеше беља...
Ми падна кутијата кај што ги чувам и треснаа сите доле, додека ги враќав приметив дека оваа ми е млака на допир, како ја држам така се повеќе и повеќе се загрева. Помислив дека од падот внатрешно се направил некој спој и таман излегов на тераса да ја џитнам на бетонот пред зграда, за во случај да се самозапали да не зафати нешто друго, кога видов дека ова лимчето има остар раб и може оно да е проблемот и пази стварно, при падот ја сецнало заштитната обвивка е се допрело до металното куќиште правејќи спој, па дури и се запунктувало така. Иначе овие лимчиња ги оставам за да лемам жици на нив после.
Откако се олади, ја измерив батеријата и покажа 3.86V, изгледа дека преживеа
.
Наравоучение - ако ги оставате овие лимчињата, гледајте да немаат оштри рабови...