Author Topic: Потребна помош околу Теслин Трансформатор  (Read 6381 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
« Reply #15 on 28.02.2015, Saturday, 21:33:13 (Edited 28.02.2015, Saturday, 21:43:33) »
Батка легендо светска.Колку си ме смеееееел  ;D ;D ;D ;D ;D незнаеш.Имаш и репутација од мене плус.ЛЕле еј абе нека доат кај тебе на екстерно ;D ;D ;D :D 8).Колку ги знам такви еден професор не викам дека нема добри го слушам на еден му вика абе пушти го предавателот без антена пракса професор да видиме дали осцилира без ништо лелелеле талент.Викам чул ли човеков за враќање на снагата во излезниот степен транзисторот излезен.Чул ли за антена прилагодена абе стаиму било каква антена жица не е битно.Пажливо го слушам антената ти е за домет само.Е тоа ме изреволтира прв пат од таа реченица сум бил изреволтиран.Кога слушнав стаиму жица абе стаи едно 20 сантима тоа ме изреволтира. И после крчел а SWR  сте чуле за тоа викам8) 8) 8) 8).И набрзо ќе изгори и изгори  е ќе изгори викам .Тоа ме изреволтира им вика на ученици у средно што првпат учат за предаватели што бе антена тоа само за поголем домет.Му викам абе чекај друже има антени со засилување не викам не се поставува на столб за повисоко и подобар домет.Ама тоа не значи дека не треба да е пресметана антената мислам на ламбда четврт антена.И пак не ме свати што сакам да кажам.Ставаме прилагодена антена по брановата должина и вика не крчи епа не крчи 8) 8)Кога ќе дојде стара школа како вас се знае нема мрдање.Викам професор по пракса а така ги учу учениците.Инаку атанас равенката што ти ја постираше киловолт а таа и е најкористена равенка до сега за сите осцилаторни кола осцилатори се.Знаеш ли сега што ти е познато а што непознато па по неа пресметај.Ај чекам да видам дали си пресметал и ако мислиш со осцилатори да се бавиш оваа равенка е светиња ;D има и други но оваа е за осцилаторни кола.Ајде чекаме да видиме што си направил
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
« Reply #16 on 28.02.2015, Saturday, 22:27:13 (Edited 01.03.2015, Sunday, 00:45:52) »
Е,мои електроничари ! Нема да зборувам за себе и своето знаење.Има на Форумов луѓе кои ме познаваат и виделе што знам,работам и каков човек сум.Сум помогнал и сеуште помагам на многумина.Но,помагам ако човек сака и вреди да му помогнам!! Одамна сватив дека многу луѓе помошта ја злоупотребуваат,пред се поради лична корист.Честопати се судрувам и * шамарам * и професори,наставници ,а богами и *академци*. Не ми било страв и срам дури и на повисоки *авторитети* да им речам * грешите- не е така!*.Многу ме нервира што образованието ни *падна*,поготово во техничките струки! Се сретнувам секојдневно во пракса со многу,многу случаи ,кои потврдуваат дека станавме нација на * стручњаци*,на медиокритети и самобендисани авторитети,кои *чуле нешто,не виделе,а раскажуваат приказни*.Ке го посочам Атанас - не е тој крив,ама го има прифатено правилото * зошто јас да работам,ако може некој да ми заврши работа*!! Полето кое го одбрал,сум му посочил повеќепати - високиот напон и придружни апарати и појави со него, се многу тешка и недофатлива теорија ( за пракса да не зборуваме!) за него.Пред се ,ниту има знаење,ниту капацитет, моментално да кокетира со таа тема.Мој совет е да се зафати постепено со електрониката,од полесни почетни теми,па со годините да се надоградува.Тој,очигледно,со искуство,години и знаење е далеку од *високиот напон*.Некој спомена *чипс*, а споредбата е критична пред се поради степенот на ризик која ја носи нестручната,избрзана и пред се дилетанската работа на Атанас. Сто теми отвори , се на се * лет во место*,без резултат.И она негова професорка навистина лично би ја пропуштил низ *екстерен* тест,бидејќи на некој начин,посредно ,го загрозува својот ученик.Теслиниот трансформатор ,нестручно ракување ,опекотини ( од 3 степен???!!!)  ,зар професорката нема појма што се случува со Атанас?  Што треба,да недајбоже настрада?? Скраја нека е ,ама некој треба да и *сржи*малку!! >:(

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Пак ли расправии? Аман веќе :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
@Batka
За професорката да нема збор. Таа е универзитетски, а и да дојди кај тебе на екстерно, сигурен сум дека би те срамнила со знаење. Таа е најдобра во Прилеп и регионот. А за ова со техничкиве науки што се занемарени, потполно си во право. И ајде да не се расправаме ќе читнам литературе, т.е доесга имам прочитано две книги, и тоа доста обемни ми останаа уште две во мојата домашна библиотека.

П.С Таа сакаше да каже да не губам време со мотање и таква работа, за да може да ми предава теорија повеќе време.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
« Reply #19 on 01.03.2015, Sunday, 11:37:17 (Edited 01.03.2015, Sunday, 12:06:54) »
Абе не викам не такви со теорија јаки стварно знам многу професори тоа е убаво браво.Ама праксата е сосема нешто друго колку шеми знаее за електроника колку брзо знае дефектот на уред да го открие инструменти да не се фалам сум видел инжинери знае теоретски како работи а на плочка вика ова ли е осцилатор.Не викам не тоа е поврзано и јас многу ја сакам теоријата.Ама еве на пример наставувањето на оптичките кабли со сплајсување или фузија.Си го учел тоа од книга ама не си бил во телеком на пракса да видиш колку инструменти треба да имаш MINI OTDR на пример и не работел со тоа теоретски го знае ама пракса не пипнал а не ни измерил и колку треба да си прецизен во ракувањето со ножето и алатот пошто едно оптичко влакно знае да е тенко и девет микро метри.Па плус што не смееш да дозволиш внатре прашинка да влезе ќе биде проблем при простирање на светлината.Тоа е она јас што го зборам не мешајте пракса и теорија.Теоријата да влијае на праксата ама ако ти не си залемил до сега никогаш ништо.А треба да знаеш како работи секој уред колку блокови има и како и каде би настанал дефектот и како се остранува.А тоа најубаво се учи практично на лице место со инструментите што ти се на располагање да го поправиш.И не може никогаш на пример физичар да знае повише за електрониката од некој кој што заработува од електрониката некој искусен мајстор инжинер.И тоа никогаш не може да е исто и да се споредува.Сум сретнал такви луѓе како батка и ако него лично не го знам и од нив научив навистина многу многу повеќе од она во училиште и тоа практично со пример и некој пат теоретски едно ни излегло а во пракса друго испаѓало.Ова го научив летово минато кога бев на феријална пракса.И воопшто на сите места кај што сум бил на пракса.Значи има разлика и најубаво се учи кога ти сам прво ќе прочиташ нешто и после сам правиш изработуваш практично многу пати од прва не ми успеало но не сум се откажал и сум го направил.На пример мотањето на калем додека не пробаш ти не можеш да кажуваш си има постапка.Ако ти си читал теорија за калеми убаво.Но до дека не пробаш и ти да намоташ не мора големи помали калеми со помалце навивки.Така се учи пракса. ;).Пример сам да си го направиш склопот а само нешто за што не си сигурен да прашаш и да се консултираш на форумов. :).А не да чекаш од Киловолт  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
@Batka
За професорката да нема збор. Таа е универзитетски, а и да дојди кај тебе на екстерно, сигурен сум дека би те срамнила со знаење. Таа е најдобра во Прилеп и регионот. А за ова со техничкиве науки што се занемарени, потполно си во право. И ајде да не се расправаме ќе читнам литературе, т.е доесга имам прочитано две книги, и тоа доста обемни ми останаа уште две во мојата домашна библиотека.

П.С Таа сакаше да каже да не губам време со мотање и таква работа, за да може да ми предава теорија повеќе време.

BorceBT  нема никакви расправии тука.не се расправаме,ами се трудиме поучно да делуваме кај младиве.најискрено. Немам никаква намера да омаловажувам настојувања и амбиции на членови,ама мора да се каже гласно кога некој ке претера и кога веќе со своите барања заморува!
Атанас - да не ме сватиш вулгарно - колку години стаж има професорката ,односно освен што е * универзитетски* ( што уневерзитетски ???).Најдобра била во Прилеп????Јас бев најдобар во генерацијата 1984,можеби таа не била родена тогаш.И ако нешто ти значи,Еуротек во Алдинци јас го монтирав на времето ,барем дигиталната линија.Имав еден колега во Прилеп,работеше во Пивара во АОП,покоен е десетина години.Имаше и сервис дома,сервисираше ТВ апарати.Се викаше Трајче.Респект кон него,а од тогаш немам сретнато човек од Прилеп со кого можам да дискутирам за одредени проблеми во електрониката.А,професорката ако сакаш да ја испробаш колку е добра,да ти пратам еден екстерен тест,да видиме дали ке успее да го помине.Може и област да си одбере.Досега имаш две книги прочитано!? Јас на твои години по две книги на ден читав. 8) Нема врска,најдобро е да започнеш со поедноставни и полесни конструкции,па постепено да одиш на посложени работи.Кај вас во Прилеп едно време имаше јака Народна техника ( секретарот Трајче се викаше),ама сега не знам дали има секција и дали нешто работи таму.Добро би било да се распрашаш и ако има да одиш малку на пракса.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Сигурно има 37-8+ стаж. Иначе оставија оваа тема настрана.
Од минатиот натпревар, кога беше регионалниот. Се натпреварував и бевме двајца во таа дисциплина, но на другото дете чичкото беше во комисија и го пуштија да оди на државно (тоа истото се случувало 4години и на Киловолт му го зеде местото). И тој што е секретарот на Народна Техника во Прилеп (не објавувам име), ме виде дека се трудам и дека бев разочаран, и ми рече дека од септември ќе има секција во просториите на Н.Т. И дека ќе поминеле низ училиштата да ја промовираат. Еве скоро ќе дојде и другиов натпревар, нив ги нема. А се думам дали да појдам таму и да прашам. Иначе за книгиве, батка, двете книги што ги прочитав се многу обемни едната беше 800стр. (во Случајни муабети имам постирано врати наназад ќе видиш), а другата беше 400стр. оваа помалата ја сфатив повеќе бидејќи беше за почетници/аматери. Но оваа големава, пишуваше во предговорот дека е универзитетска книга и е научен труд на писателот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
И на Форумов,а и на .нет можат да се најдат на српски две книги 4 и 5 издание *Мала школа електронике*.потоа *Електроника за почетници*, па * Склопови со транзистори* ,*Склопови со НЕ555*.Тоа се книги за почеток,да ги научиш основите.Потоа тек нека следи * Радио приручник  за аматери и техничари * од Б.Метзгер итн. Професорката твоја со 37 години може ќерка да ми биде.Имено јас имам работно искуство поголемо од нејзините години. 8)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
« Reply #23 on 01.03.2015, Sunday, 17:17:22 (Edited 01.03.2015, Sunday, 18:46:46) »
Батка, ај дозволи да ти праќам ПП, вака ми изгледаш како искусен, а и неќам темава да ја претворам во Фејсбук разговор како што велиш ти.

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 18:46:46
@batka
Ај пишими ПП, сите книги кои се за почетници. И да проверам дали ги има во библиотека. Или па да ги читам на интернет.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Ама си ме изнасмеал..... ;D ;D ;D ;D ;D Знаеш ти колку книги за почетници во електрониката постојат??? ;D ;D ;D ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка, ај дозволи да ти праќам ПП, вака ми изгледаш како искусен, а и неќам темава да ја претворам во Фејсбук разговор како што велиш ти.

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 18:46:46
@batka
Ај пишими ПП, сите книги кои се за почетници. И да проверам дали ги има во библиотека. Или па да ги читам на интернет.
По сето ова напишано,што да коментирам???? Немам коментар!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Бреј какви времиња дојдоја... Знаи ќе прошлакаш 5 кондензатори 3 отпорници, ќе светне диодата и знајш све. Ти си Никоа Тесла! Ма каков никола, дури понижење е за тебе да те споредуваат со него....
Ако има диплома Бог е. Да не зборуваме за настаен кадар. Али конзумираат раззни опијати со ученици....
Али ај како што гледам помлади сте, неискусни, сеуште не ве изшамарал животот квалитетно... Ќе се научите ваљда, имате време.
И атанас, не очекуј никој и никогаш некој друг да ти ги реши проблемите. Човек може да чекори заедно со тебе, но не може за тебе.
Ти па киловолт каков си се напрајл одма да го прекараш атанас...  :P
стварно немам поќе што да речам.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Ти bicikle ако имаш правено муабет со него верувам дека ќе беше осумпати построг кон него одколку јас...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
« Reply #28 on 01.03.2015, Sunday, 22:07:23 (Edited 01.03.2015, Sunday, 22:21:40) »
грешка...
Се зеза маце де не реди све на срце, и така на зезање киниса темава... Ако мојш поможи му ако не да си здрав и жив... то е то хехе

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Сега останува уште да го пресметам кондензаторот по онаа формула на Киловолт, и да купам кондензатор со таа вредност. Технички би требало да работи.  :D Ќе ве известам.