Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Atanas on 27.02.2015, Friday, 16:16:03

Title: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 27.02.2015, Friday, 16:16:03
Темата мислам дека е отворена на соодветно место. Потребна ми е помош, да. Ќе го цитирам постот, кој го објавив во “Случајни муабети“. А пак администраторот Девил ми рече да отворам посебна тема за ова, доколку некој ќе сака и ќе може да ми помогне.

ЦИТИРАМ:

Quote
Форумџии,електроничари,стручњаци ... Барам помош која ќе ми значи многу. Барам некој да ми помогне во врска со трансфер на електрична енергија со Теслин Трансформатор. Значи вака.. Енергијата треба да се пренесува на трет калем(терцијар), со кондензатор ист како на предаватело(теслинио трансформатор) и потршувач, односно планирам ЛЕД- диоди. Пресметав индуктивност на трите калеми. (ќе приложам слики на тој што сака да ми помогне).Сега на ред е да пресметам резонантна фреквенција итн. Е сега, бидејќи ова е ново за мене, барам некој по чекој да ми објасни и да ми помогни, но не да ми го заврши проектот. Проектот ми е за на натпревар по физика. Кој сака да ми помогни е добредојден, нека пише тука или по ПП нека ме контактира или јас него. Поздрав.

Се работи за овој трансформатор, чија тема е отворена од Киловолт.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12046.0
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 27.02.2015, Friday, 22:07:39
Атанас и ти Киловолт- абе не знам по кој пат и во која варијанта се натегате околу Теслин трансформатор.Јас веке не ве пратам и ми се одмиле ова тема,не за друго туку поради вашето пренемагање и * фејзбук* допишување и пребацување, најчесто еден кон друг.И сега на крај - дај помагајте за натпревар ми е! Некој рече * не се кити со туѓо перје*,ама ти Атанас некако покушаваш на *мала* врата да се спровнеш! И уште не ми е јасно - Киловолт го правел тоа чудо,ти си го премотал и ?? Што треба сега ние од Форумов да помогнеме? За да се помогне треба да се види ,проба,испита мери..?? Што сега ,да идеме во Прилеп треба или...?? Имав еден случај кога еден дечко упорно доаѓаше кај мене и ми носеше еден крш од појачувач кој го правел и стално нешто менуваше,прегоруваше.... И на крај му го фрлив во канта и му дадов еден појачувач кој стоеше кај мене направен пред 10 години,едноставно му го дадов на поклон ,само да не ме дави! Значи,седни и направи си нешто твое ,од почеток,од А буквата,и не покушавај да преправаш и додаваш,да кратиш или кинеш нешто! Значи,најди проект и од почеток! А не вака,и уште она `` е,па никој ли не сака да помогне??`` .
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: bicikle on 27.02.2015, Friday, 22:16:09
Ова ти е уствари еден вид смпс... а смпс не е воопшто едноставен како што изгледа. Башка во случајов работиш на принцип на приемо предавател, и верувај ако некој ненормален напише се за смпс и премо-предаватели дека ќе падне серверов. А ако си пресметал резонанца, имаш готов проект за т.трафо и тоа е тоа, ќе ссветат диодите на неколку сантими до некое метро...  Ако баш те занимаат овие ствари, прочитај ја темава од а до ш без прескакање, како и наведената литература во неа, па ќе можеш сам да изработиш т.т. и приемник кој ќе ги "свети" диодите. патем многу ќе научиш, али не се плаши од читање до сега никој не фатил рак на умот ;)
Code: [Select]
www.elitesecurity.org/t446664-43-SMPS-za-pojacaloп.с.
До админите: Се надевам содржина од друг форум е во ред, ако не е се извинувам, ќе ја препратам како пп.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 27.02.2015, Friday, 22:21:36
Еве  нешто- гледај и направи го .Подесување на резонанцата е едноставна ако се придржуваш до параметрите и вредностите на елементите.Доволно за натпревар.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Otpor on 27.02.2015, Friday, 22:32:55
Што сега ,да идеме во Прилеп треба или...??  .
Бујрум...кога сакате,таман на кафе (сабота утре )
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 27.02.2015, Friday, 22:34:41
Тој батка сака слично како оваа шема твоја да направи, ама има една намотка и сака да пресмета кондензатор за да го поврзи паралелно со намотката за тоа резонантно коло да биде со приближна резонантна фрекфенција како резонантната фрекфенција на теслиниот трансформатор, за да може на далечина да светат диоди, е сега незнае како тоа е проблемот... И ме уби "дај помогни, ај помогни, ама оти не ми помогниш и сл..."
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: bicikle on 28.02.2015, Saturday, 03:23:04
па помогни му де...
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 28.02.2015, Saturday, 10:49:34
@Batka Зошто да мотам нешто, кога е веќе направено и треба само да му додадам нешто? - Ова ми го рече професорката.
И немој да не следиш немораш тоа е тешко. И онака од кога сум зачленет на форумов од твоја страна немав никанва помош. Единствено сум имал од Девил и Отпор.

Споено мислење: [time]28 Февруари 2015, 10:52:58[/time]
@Bicikle
Несака да ми помогне, бидејќи ми вели јас 70% од работата ти ја завршив, е сега другото си е твое и сам си. А тој за инструкци, да ми даде. Е сега освен ако не помогни некој овде ќе ја барам професорката. А професорката ми рече со Киловолт работете, бидејќи тој минатата година беше на натпревар исто по применета физика и таа му беше ментор.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 28.02.2015, Saturday, 13:27:01
Quote
А професорката ми рече со Киловолт работете, бидејќи тој минатата година беше на натпревар исто по применета физика и таа му беше ментор.
Ти неа да ја информираш дека и јас ќе одам на натпревар и треба да ми биди готов проектот до 16 март. ;)
Quote
Несака да ми помогне, бидејќи ми вели јас 70% од работата ти ја завршив, е сега другото си е твое и сам си. А тој за инструкци, да ми даде.
Епа, ако не те фатила мрза, и ако сакаш да успееш, со тие инструкции што ти ги дадов можеш за 15 минути да завршиш работа... ;) Да ми кажеш за пред 15 години истава работа- ќе ти поверував, треба литература од библиотека да бараш, ама сега, отвори гугл и пиши тоа што ти треба, ќе ти излезе на готово... ;) Ете ти еден совет...
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 28.02.2015, Saturday, 15:21:48
Конкретно да ве прашам. По која формула или уште подобро дајте ми онлајн калкулатор, да го пресметам кондензатор што треба да го употребам на терцијарот за резонантната фреквенција да биди приближна со таа на Т.Т ?
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 28.02.2015, Saturday, 15:33:09
Изведи од оваа...

fres=1/(2*pi*sqrt(L*C))

fres- Резонантна фрекфенција на осцилаторното коло
L- Индуктивност на калемот
C- Капацитет на кондензаторот
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Z31GH on 28.02.2015, Saturday, 16:11:23
Абе луѓе, помогнете му на атанас со цел да не поврзи нешто погрешно и да се испржи како чипс. Ок, сега е потенцијален чипс :D
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 28.02.2015, Saturday, 16:13:34
Ако беше за така, што не му го направам јас проектот тој само да го носи на натпревар... ;D Нека проба практично...
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 28.02.2015, Saturday, 20:56:59
@Batka Зошто да мотам нешто, кога е веќе направено и треба само да му додадам нешто? - Ова ми го рече професорката.
И немој да не следиш немораш тоа е тешко. И онака од кога сум зачленет на форумов од твоја страна немав никанва помош. Единствено сум имал од Девил и Отпор.

Споено мислење: [time]28 Февруари 2015, 10:52:58[/time]
@Bicikle
Несака да ми помогне, бидејќи ми вели јас 70% од работата ти ја завршив, е сега другото си е твое и сам си. А тој за инструкци, да ми даде. Е сега освен ако не помогни некој овде ќе ја барам професорката. А професорката ми рече со Киловолт работете, бидејќи тој минатата година беше на натпревар исто по применета физика и таа му беше ментор.

Зошто да моташ? Па за да научиш нешто! И поздрави ја професорката и прати ја на екстерно кај мене!! Да и кажам неколку работи кои не ги знае!! Тоа што не си имал помош од мене е само поради твоето тврдоглаво однесување! Зошто е тоа така? Не сакал ни Киловолт да ти помогне!!!?? ??? Си помислил зошто? Ако тој 70% ја завршил работата ,па ти доврши ги сам тие 30%! Ако не си способен - не оди на натпревар! На професорката и е полесно со истата работа барем едно 5-6 години да оди на натпревар!!! Работете сами деца! А што таа не ти помогне? Или и таа не знае,исто  како тебе ? Ментор да била!??? Абе само шамарање треба за такви професори! 8) 8)
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 28.02.2015, Saturday, 21:11:31
@batka, +rep...
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: nsu on 28.02.2015, Saturday, 21:33:13
Батка легендо светска.Колку си ме смеееееел  ;D ;D ;D ;D ;D незнаеш.Имаш и репутација од мене плус.ЛЕле еј абе нека доат кај тебе на екстерно ;D ;D ;D :D 8).Колку ги знам такви еден професор не викам дека нема добри го слушам на еден му вика абе пушти го предавателот без антена пракса професор да видиме дали осцилира без ништо лелелеле талент.Викам чул ли човеков за враќање на снагата во излезниот степен транзисторот излезен.Чул ли за антена прилагодена абе стаиму било каква антена жица не е битно.Пажливо го слушам антената ти е за домет само.Е тоа ме изреволтира прв пат од таа реченица сум бил изреволтиран.Кога слушнав стаиму жица абе стаи едно 20 сантима тоа ме изреволтира. И после крчел а SWR  сте чуле за тоа викам8) 8) 8) 8).И набрзо ќе изгори и изгори  е ќе изгори викам .Тоа ме изреволтира им вика на ученици у средно што првпат учат за предаватели што бе антена тоа само за поголем домет.Му викам абе чекај друже има антени со засилување не викам не се поставува на столб за повисоко и подобар домет.Ама тоа не значи дека не треба да е пресметана антената мислам на ламбда четврт антена.И пак не ме свати што сакам да кажам.Ставаме прилагодена антена по брановата должина и вика не крчи епа не крчи 8) 8)Кога ќе дојде стара школа како вас се знае нема мрдање.Викам професор по пракса а така ги учу учениците.Инаку атанас равенката што ти ја постираше киловолт а таа и е најкористена равенка до сега за сите осцилаторни кола осцилатори се.Знаеш ли сега што ти е познато а што непознато па по неа пресметај.Ај чекам да видам дали си пресметал и ако мислиш со осцилатори да се бавиш оваа равенка е светиња ;D има и други но оваа е за осцилаторни кола.Ајде чекаме да видиме што си направил
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 28.02.2015, Saturday, 22:27:13
Е,мои електроничари ! Нема да зборувам за себе и своето знаење.Има на Форумов луѓе кои ме познаваат и виделе што знам,работам и каков човек сум.Сум помогнал и сеуште помагам на многумина.Но,помагам ако човек сака и вреди да му помогнам!! Одамна сватив дека многу луѓе помошта ја злоупотребуваат,пред се поради лична корист.Честопати се судрувам и * шамарам * и професори,наставници ,а богами и *академци*. Не ми било страв и срам дури и на повисоки *авторитети* да им речам * грешите- не е така!*.Многу ме нервира што образованието ни *падна*,поготово во техничките струки! Се сретнувам секојдневно во пракса со многу,многу случаи ,кои потврдуваат дека станавме нација на * стручњаци*,на медиокритети и самобендисани авторитети,кои *чуле нешто,не виделе,а раскажуваат приказни*.Ке го посочам Атанас - не е тој крив,ама го има прифатено правилото * зошто јас да работам,ако може некој да ми заврши работа*!! Полето кое го одбрал,сум му посочил повеќепати - високиот напон и придружни апарати и појави со него, се многу тешка и недофатлива теорија ( за пракса да не зборуваме!) за него.Пред се ,ниту има знаење,ниту капацитет, моментално да кокетира со таа тема.Мој совет е да се зафати постепено со електрониката,од полесни почетни теми,па со годините да се надоградува.Тој,очигледно,со искуство,години и знаење е далеку од *високиот напон*.Некој спомена *чипс*, а споредбата е критична пред се поради степенот на ризик која ја носи нестручната,избрзана и пред се дилетанската работа на Атанас. Сто теми отвори , се на се * лет во место*,без резултат.И она негова професорка навистина лично би ја пропуштил низ *екстерен* тест,бидејќи на некој начин,посредно ,го загрозува својот ученик.Теслиниот трансформатор ,нестручно ракување ,опекотини ( од 3 степен???!!!)  ,зар професорката нема појма што се случува со Атанас?  Што треба,да недајбоже настрада?? Скраја нека е ,ама некој треба да и *сржи*малку!! >:(
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: BorceBT on 01.03.2015, Sunday, 00:50:41
Пак ли расправии? Аман веќе :)
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 01.03.2015, Sunday, 10:42:58
@Batka
За професорката да нема збор. Таа е универзитетски, а и да дојди кај тебе на екстерно, сигурен сум дека би те срамнила со знаење. Таа е најдобра во Прилеп и регионот. А за ова со техничкиве науки што се занемарени, потполно си во право. И ајде да не се расправаме ќе читнам литературе, т.е доесга имам прочитано две книги, и тоа доста обемни ми останаа уште две во мојата домашна библиотека.

П.С Таа сакаше да каже да не губам време со мотање и таква работа, за да може да ми предава теорија повеќе време.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: nsu on 01.03.2015, Sunday, 11:37:17
Абе не викам не такви со теорија јаки стварно знам многу професори тоа е убаво браво.Ама праксата е сосема нешто друго колку шеми знаее за електроника колку брзо знае дефектот на уред да го открие инструменти да не се фалам сум видел инжинери знае теоретски како работи а на плочка вика ова ли е осцилатор.Не викам не тоа е поврзано и јас многу ја сакам теоријата.Ама еве на пример наставувањето на оптичките кабли со сплајсување или фузија.Си го учел тоа од книга ама не си бил во телеком на пракса да видиш колку инструменти треба да имаш MINI OTDR на пример и не работел со тоа теоретски го знае ама пракса не пипнал а не ни измерил и колку треба да си прецизен во ракувањето со ножето и алатот пошто едно оптичко влакно знае да е тенко и девет микро метри.Па плус што не смееш да дозволиш внатре прашинка да влезе ќе биде проблем при простирање на светлината.Тоа е она јас што го зборам не мешајте пракса и теорија.Теоријата да влијае на праксата ама ако ти не си залемил до сега никогаш ништо.А треба да знаеш како работи секој уред колку блокови има и како и каде би настанал дефектот и како се остранува.А тоа најубаво се учи практично на лице место со инструментите што ти се на располагање да го поправиш.И не може никогаш на пример физичар да знае повише за електрониката од некој кој што заработува од електрониката некој искусен мајстор инжинер.И тоа никогаш не може да е исто и да се споредува.Сум сретнал такви луѓе како батка и ако него лично не го знам и од нив научив навистина многу многу повеќе од она во училиште и тоа практично со пример и некој пат теоретски едно ни излегло а во пракса друго испаѓало.Ова го научив летово минато кога бев на феријална пракса.И воопшто на сите места кај што сум бил на пракса.Значи има разлика и најубаво се учи кога ти сам прво ќе прочиташ нешто и после сам правиш изработуваш практично многу пати од прва не ми успеало но не сум се откажал и сум го направил.На пример мотањето на калем додека не пробаш ти не можеш да кажуваш си има постапка.Ако ти си читал теорија за калеми убаво.Но до дека не пробаш и ти да намоташ не мора големи помали калеми со помалце навивки.Така се учи пракса. ;).Пример сам да си го направиш склопот а само нешто за што не си сигурен да прашаш и да се консултираш на форумов. :).А не да чекаш од Киловолт  ;D
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 01.03.2015, Sunday, 15:09:02
@Batka
За професорката да нема збор. Таа е универзитетски, а и да дојди кај тебе на екстерно, сигурен сум дека би те срамнила со знаење. Таа е најдобра во Прилеп и регионот. А за ова со техничкиве науки што се занемарени, потполно си во право. И ајде да не се расправаме ќе читнам литературе, т.е доесга имам прочитано две книги, и тоа доста обемни ми останаа уште две во мојата домашна библиотека.

П.С Таа сакаше да каже да не губам време со мотање и таква работа, за да може да ми предава теорија повеќе време.

BorceBT  нема никакви расправии тука.не се расправаме,ами се трудиме поучно да делуваме кај младиве.најискрено. Немам никаква намера да омаловажувам настојувања и амбиции на членови,ама мора да се каже гласно кога некој ке претера и кога веќе со своите барања заморува!
Атанас - да не ме сватиш вулгарно - колку години стаж има професорката ,односно освен што е * универзитетски* ( што уневерзитетски ???).Најдобра била во Прилеп????Јас бев најдобар во генерацијата 1984,можеби таа не била родена тогаш.И ако нешто ти значи,Еуротек во Алдинци јас го монтирав на времето ,барем дигиталната линија.Имав еден колега во Прилеп,работеше во Пивара во АОП,покоен е десетина години.Имаше и сервис дома,сервисираше ТВ апарати.Се викаше Трајче.Респект кон него,а од тогаш немам сретнато човек од Прилеп со кого можам да дискутирам за одредени проблеми во електрониката.А,професорката ако сакаш да ја испробаш колку е добра,да ти пратам еден екстерен тест,да видиме дали ке успее да го помине.Може и област да си одбере.Досега имаш две книги прочитано!? Јас на твои години по две книги на ден читав. 8) Нема врска,најдобро е да започнеш со поедноставни и полесни конструкции,па постепено да одиш на посложени работи.Кај вас во Прилеп едно време имаше јака Народна техника ( секретарот Трајче се викаше),ама сега не знам дали има секција и дали нешто работи таму.Добро би било да се распрашаш и ако има да одиш малку на пракса.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 01.03.2015, Sunday, 15:53:08
Сигурно има 37-8+ стаж. Иначе оставија оваа тема настрана.
Од минатиот натпревар, кога беше регионалниот. Се натпреварував и бевме двајца во таа дисциплина, но на другото дете чичкото беше во комисија и го пуштија да оди на државно (тоа истото се случувало 4години и на Киловолт му го зеде местото). И тој што е секретарот на Народна Техника во Прилеп (не објавувам име), ме виде дека се трудам и дека бев разочаран, и ми рече дека од септември ќе има секција во просториите на Н.Т. И дека ќе поминеле низ училиштата да ја промовираат. Еве скоро ќе дојде и другиов натпревар, нив ги нема. А се думам дали да појдам таму и да прашам. Иначе за книгиве, батка, двете книги што ги прочитав се многу обемни едната беше 800стр. (во Случајни муабети имам постирано врати наназад ќе видиш), а другата беше 400стр. оваа помалата ја сфатив повеќе бидејќи беше за почетници/аматери. Но оваа големава, пишуваше во предговорот дека е универзитетска книга и е научен труд на писателот.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 01.03.2015, Sunday, 17:01:05
И на Форумов,а и на .нет можат да се најдат на српски две книги 4 и 5 издание *Мала школа електронике*.потоа *Електроника за почетници*, па * Склопови со транзистори* ,*Склопови со НЕ555*.Тоа се книги за почеток,да ги научиш основите.Потоа тек нека следи * Радио приручник  за аматери и техничари * од Б.Метзгер итн. Професорката твоја со 37 години може ќерка да ми биде.Имено јас имам работно искуство поголемо од нејзините години. 8)
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 01.03.2015, Sunday, 17:17:22
Батка, ај дозволи да ти праќам ПП, вака ми изгледаш како искусен, а и неќам темава да ја претворам во Фејсбук разговор како што велиш ти.

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 18:46:46
@batka
Ај пишими ПП, сите книги кои се за почетници. И да проверам дали ги има во библиотека. Или па да ги читам на интернет.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 01.03.2015, Sunday, 19:16:13
Ама си ме изнасмеал..... ;D ;D ;D ;D ;D Знаеш ти колку книги за почетници во електрониката постојат??? ;D ;D ;D ;D
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 01.03.2015, Sunday, 19:57:50
Батка, ај дозволи да ти праќам ПП, вака ми изгледаш како искусен, а и неќам темава да ја претворам во Фејсбук разговор како што велиш ти.

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 18:46:46
@batka
Ај пишими ПП, сите книги кои се за почетници. И да проверам дали ги има во библиотека. Или па да ги читам на интернет.
По сето ова напишано,што да коментирам???? Немам коментар!
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: bicikle on 01.03.2015, Sunday, 21:01:03
Бреј какви времиња дојдоја... Знаи ќе прошлакаш 5 кондензатори 3 отпорници, ќе светне диодата и знајш све. Ти си Никоа Тесла! Ма каков никола, дури понижење е за тебе да те споредуваат со него....
Ако има диплома Бог е. Да не зборуваме за настаен кадар. Али конзумираат раззни опијати со ученици....
Али ај како што гледам помлади сте, неискусни, сеуште не ве изшамарал животот квалитетно... Ќе се научите ваљда, имате време.
И атанас, не очекуј никој и никогаш некој друг да ти ги реши проблемите. Човек може да чекори заедно со тебе, но не може за тебе.
Ти па киловолт каков си се напрајл одма да го прекараш атанас...  :P
стварно немам поќе што да речам.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 01.03.2015, Sunday, 21:12:38
Ти bicikle ако имаш правено муабет со него верувам дека ќе беше осумпати построг кон него одколку јас...
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: bicikle on 01.03.2015, Sunday, 22:07:23
грешка...
Се зеза маце де не реди све на срце, и така на зезање киниса темава... Ако мојш поможи му ако не да си здрав и жив... то е то хехе
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 02.03.2015, Monday, 10:50:51
Сега останува уште да го пресметам кондензаторот по онаа формула на Киловолт, и да купам кондензатор со таа вредност. Технички би требало да работи.  :D Ќе ве известам.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 02.03.2015, Monday, 16:08:59
Имаат Србите една изрека  *Тресла се гора - родио се миш ! Коментар- непотребен.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 06.03.2015, Friday, 20:55:32
Да прашам нешто, откако ќе пресметам со формулата , на крај во која мерна единица треба да биди резултато? Со наставничката по математика пресметавме. [ можеби звучи глупаво но да прашам ]
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Z31GH on 06.03.2015, Friday, 21:40:18
Абе Атанас, секако дека звучи глупо. Каква е таа наставничка по математика која што не знае физика? Таа мора да ја има физиката во малиот прст па да ти каже во која единица треба да е резултатот.
Единицата можеш да ја најдеш на интернет, барај во пресметки на теслини трансформатори и ќе најдеш лесно. Не треба вакви прашања да поставуваш. Не се разбирам во теслини трансформатори, но да седнам еден да направам ќе се снајдам многу подобро од тебе. Не го разбирај ова како навреда, но ако веќе правиш таква работа прво мораш да бидеш упатен во тоа. Толку ли е тешко?
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 06.03.2015, Friday, 22:41:48
Да прашам нешто, откако ќе пресметам со формулата , на крај во која мерна единица треба да биди резултато? Со наставничката по математика пресметавме. [ можеби звучи глупаво но да прашам ]

Звучи премногу глупо,верувам за поголемиот дел од членовите.Ако една наставничка по математика не знае мерни единици ( барем од општа култура,да не речам стручно познавање...),е**ти образованието !! Ако батка не знаеш во кои мерни едници пресметуваш,капацитет,индуктивитет и фреквенција,земи си одмор и не се јавувај дури не научиш! Ова е под секој минимум,независно од годините кои ги имаш! Ако сакам да правам нешто,не мора од електроника,прво ќе прочитам куп теорија,макар статии од весници и ке бидам спремен барем со термини да баратам.Да не ми се смеат.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: bicikle on 07.03.2015, Saturday, 11:57:07
Не се криви само децата....
Не им е лесно и ними со такви професори... патем прашај ја 3%од 8% колку се....
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: Atanas on 07.03.2015, Saturday, 13:15:04
Ако, подбивајте се со мене.
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: KiloVolt on 07.03.2015, Saturday, 13:38:50
Јас да знаев дека толку сум ти зборувал без ефект, поарно одма ќе дигнев раце од тебе, посебно за кондензатори, намотки и осцилаторни кола и мерни единици поврзани со тоа... Колку сликовито ти имам објаснувано, а еве сега прашуваш за нешто што ти го имам повторено минимум 5 пати...
Title: Одг: Потребна помош околу Теслин Трансформатор
Post by: batka on 08.03.2015, Sunday, 20:22:01
Очигледно,треба да собереме доброволен прилог и да му направиме еден Теслин трафо на Атанас.Белки тогаш ке не остави на мира и нема да се * подбиваме* со него! Абе *подбивање* подразбираш ако некој ти вели дека треба да седнеш и нешто прочиташ и научиш самиот,а не да бараш помош,а да не знаеш ни што бараш?? Колку теми само за Теслин трансформатор поминаа,досега требаше да научиш барем некои основни работи.Киловолт,тешко тебе со Атанас! 8)