Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Atanas on 12.11.2013, Tuesday, 12:26:18

Title: Марксов Генератор
Post by: Atanas on 12.11.2013, Tuesday, 12:26:18
Марксовиот Генератор е всушност множач на напон но наместо диоди за да да го контролираат патот на струјата, во овој генератор се користи искричар. Кога сите кондензатори ќе се наполнат до влезниот напон, искричарот ги поврзува првиот и вториот кондензатор да се поврзат сериски со што се дуплира напонот. потоа вториот искричар се пали што овозможува трите кондензатори да се поврзат сериски и.т.н. додека не се добие дебела, гласна и ултра возбудлива искра на крајот.

Да преминам на главното, кондензатори лесно ќе направам, но незнам што да искористам како отпорници. Барам ваш предлог за тоа како да направам или како да најдам отпорници за 6 кило волти.
Напојувањето е трансформатор што сам го намотав, од 30 на 1500 волти, после тоа следува каскада од тв што ќе го зголеми напонот Х4 пати. Значи 6000 волти еднонасочна струја.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: MetallicA on 12.11.2013, Tuesday, 13:36:41
подобро земи направи оние stun gun што се со не555 отколку ова  :) или пак земи нешто напрај друго што користи понизок напон.... ова може доста добро да те "пецне" а може и да те убие....
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: LordZi on 12.11.2013, Tuesday, 14:10:38
Баш си одбрал што да правиш, ова е еден од најопасните високонапонски уреди, ако те потфати некоја од искрите толку ќе биде од тебе, истото ќе ти се случи и ако го пипнеш додека е исклучен бидејќи кондензаторите уште долго време може да се наполнети, да не зборам за тоа што искрите создаваат голема количина UV-зраци, па дури и X-зраци...
Затоа јас најдобронамерно би ти препорачал да го баталиш со време, мислам дека го немаш потребното искуство за правење и работа со ваков уред...
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: MetallicA on 12.11.2013, Tuesday, 14:39:23
да и јас се сложувам со LordZi подобро ке е да направиш некое појачало кај коешто нема толку опасни напони, и + ке добиеш нешто што навистина ке ти користи....
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: batka on 12.11.2013, Tuesday, 16:02:51
Kevin,абе батка, ти се нешто од фантазии сакаш да направиш,де подморница де генератор со варничари.... Ова е пред се експериментален лаболаториски генератор ,кој во пракса треба мнооогу да се модифицира.За тоа ниту си дораснат,ниту имаш можности.Впрочен,убаво ти кажаа- 555 + неколку делчиња,една намотка или бомбина и имаш генератор на висок напон кој навистина можеш да го направиш и да работи.Другото се е во домен на фантазија.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: Atanas on 12.11.2013, Tuesday, 21:21:54
Прво да ви објаснам, овој профил ни е заеднички на двајца другари, Јас (што го пишувам ова во моментов) се викам Теодор и накачен сум на висок напон од ко ми проработи Теслиниот трансформатор. Другиот се вика Давид и е ептен ентузијастичен за низок напон, уште не довршил еден проект, почнува нов. Иначе со НЕ555-ката пробав да го напрам драјверчето, не работеше па се откажав. Го користам оној драјвер со 2Н3055, но забележав по форумиве дека е слаб транзисторот, па наместо тој искористив 2Н6253 и одлично работи. Како филтер од висок напон за транзисторот ставив неонско индикаторче и со тоа загревањето се сведува на минимум.
За сигурноста, со овој драјверов се спецав еднаш и од тогаш претерано пазам. Кога ќе го направам генераторов ќе го потопам во масло, за изолација, значи нема проблем за струјата што ќе се збира во кондензаторите. Ако треба ќе ставам паралелно со секој кондензатор отпорник од 5-10 мега оми за да го цеди после исклучувањето.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: nsu on 12.11.2013, Tuesday, 21:41:17
Абе друже што не си земеш флајбек трансформатор и еден едноставен драјвер.Еве за пример пред ти да ја отвориш темава ја прочита ли мојата тема која гласи драјвер за флајбек трансформатор.Таму колегиве ми дадоа шеми за драјвери и многу сум им благодарен за тоа шемите проработеа од прва ;) ;).Убаво ти викаат земи си бонбина и со димлер на 220 волти поврзи ја работи.Или земи на интернет со 555 имаш шеми за драјвери за бонбини колку сакаш.А маркс генератор немој да си правел најопасно нешто и јас на јинтернет најдов шема и не работи.Исто со трафо што дава 6000 волти на излез праев и ќе ме задрмаше струја стварно за малку.Убаво ти вика батка батали подморници и маркс генератори се е во домен на фантазијата тоа.Пробај си нешто како стан ган да го мачиш некого со висок напон 8) 8) а не да се не дај боже самоубиеш со висок напон од маркс генераторот.Од искуство ти кажувам слушај паталец колку пати ме има дрмнато струја од кондензаторите од марксовиот генератор кој не работи само грее.Многу мене ми се допадна што колегиве ми дадоа шеми за драјвер за флајбек трансформатор.Пробај со флајбек може дава искра мала но интересно е и да дрма ама во границите на нормалата 8) 8) ;D ;D ;D ;).Чим ти Теодор си направил тесла коил браво значи имаш искуство во електроника терај браво.Но нај опасно нешто е марксовиот генератор но чим си направил и заштитни мерки пробај па известине баш ме интересира дали ќе ти проработи. ;D ;D Инаку респект чим си направил тесла коил за тоа ѓи ценам електроничарите доста ;D
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: MarkoMK on 13.11.2013, Wednesday, 01:17:25
....
Да преминам на главното, кондензатори лесно ќе направам, но незнам што да искористам како отпорници. Барам ваш предлог за тоа како да направам или како да најдам отпорници за 6 кило волти.
Напојувањето е трансформатор што сам го намотав, од 30 на 1500 волти, после тоа следува каскада од тв што ќе го зголеми напонот Х4 пати. Значи 6000 волти еднонасочна струја.

Ако ги оставиме на страна сите безбедносни проблеми и предлози од другиве членови.. прашањето уствари ти беше кај да најдеш отпорници за 6 kV...
Колку што знам, отпорниците во нормални услови немаат voltage rating, така да секој отпорник кој ја задоволува моќноста би завршил работа.
Едино нешто што можда ќе е проблем е од високиот напон да не прескокне искра преку отпорникот.
6 kV би предизвикало искра од 2 mm... ако користиш отпорник од, да речеме 1/2 W кој е подолг од 10 mm сметам дека е на доволно безбедно растојание за да ти заврши работа...
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: GigaWatt on 13.11.2013, Wednesday, 01:22:21
Изолирај ги целите отпорници со термо-црево откако ќе завршиш со нивно поставување. Ако е возможно, и ногичките опфати ги со термо-цревото. Ако не, користи изолир трака за изолирање на ногичките од околината.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 10:07:17
ќе ги послушам советиве,но наместо термособирачко црево ќе ги потопам отпорниците во масло(тоа ќе го реши проблемот со корона празнењето  ;D), а како дупла заштита ќе поврзам 5 отпорници од 200 кило оми сериски, така искрата ќе треба да прескокне 1,5 цм, а ако успее, тука е маслото... иначе за кондензатор ќе користам едни мали стаклени шишенца, од некој лек биле татко ми ми рече. внатре електролит, надвор Ал фолија...
иначе @nsu прочитај во една тема за теслин трансформатор, мислам се викаше -секој може да направи лесен теслин трансформатор од 6кВ на 30кВ- (не ми замерувај ако не цитирав точно). иначе тој драјверот и флајбекот што ги направив се одлични и доволно компактни за стан ган. може ќе направам некој ден, еднаш ме спеца тои а боли леле мајко! лузна (изгореница) ми остави на кожата...
А иначе експериментирам со теслин трансформатор што работи на 220 волти директно без повисок напон..(со раздвоен трансформатор, секако...) како искричар се користи неонски индикатор.
да се вратам на марксовиов, најдов 25 шишенца, уште отпорнициве ми фалат, ќе порачам од алфаелектроник 100 отпорници од 200 кило оми или слични- 0.25 вати, тоа ќе ме фати отприлика стотка. ПЕРФЕКТНО!!!
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: nsu on 13.11.2013, Wednesday, 11:37:13
 
Quote
иначе @nsu прочитај во една тема за теслин трансформатор, мислам се викаше -секој може да направи лесен теслин трансформатор од 6кВ на 30кВ- (не ми замерувај ако не цитирав точно). иначе тој драјверот и флајбекот што ги направив се одлични и доволно компактни за стан ган. може ќе направам некој ден, еднаш ме спеца тои а боли леле мајко! лузна (изгореница) ми остави на кожата..
. Незнам за што да ти замерам кевин нема потреба јас само претходно ти реков да ја прочиташ мојата тема за драјвер за флајбек трансформатор од телевизор.Но не го прочитав твојот пост претходно дека си направил и тесла коил,значи ти колку толку више си навлегол во високонапонскава техника.Ти пробај и направи го и марксовиов генератор но многу внимателно баш ме интересира што ќе направиш јас кога го правев ме дрмна струја од фолијата од домашниот направен кондензатор.И се изнервирав и се искршив инаку имам правено многу драјвери за бомбини и флајбек трансформатори.Но марксов генератор е нешто друго само внимателно и слушај што ќе ти кажат колегиве. ;D ;D ;D
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 11:46:14
 
Quote
иначе @nsu прочитај во една тема за теслин трансформатор, мислам се викаше -секој може да направи лесен теслин трансформатор од 6кВ на 30кВ- (не ми замерувај ако не цитирав точно). иначе тој драјверот и флајбекот што ги направив се одлични и доволно компактни за стан ган. може ќе направам некој ден, еднаш ме спеца тои а боли леле мајко! лузна (изгореница) ми остави на кожата..
. Незнам за што да ти замерам кевин нема потреба јас само претходно ти реков да ја прочиташ мојата тема за драјвер за флајбек трансформатор од телевизор.Но не го прочитав твојот пост претходно дека си направил и тесла коил,значи ти колку толку више си навлегол во високонапонскава техника.Ти пробај и направи го и марксовиов генератор но многу внимателно баш ме интересира што ќе направиш јас кога го правев ме дрмна струја од фолијата од домашниот направен кондензатор.И се изнервирав и се искршив инаку имам правено многу драјвери за бомбини и флајбек трансформатори.Но марксов генератор е нешто друго само внимателно и слушај што ќе ти кажат колегиве. ;D ;D ;D
Ти како го правеше, може некои детали да ми кажеш? користеше каскада или не?
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: GigaWatt on 13.11.2013, Wednesday, 15:15:50
а како дупла заштита ќе поврзам 5 отпорници од 200 кило оми сериски, така искрата ќе треба да прескокне 1,5 цм, а ако успее, тука е маслото...

Протни ги сите во едно црево и цревото превиткувај го цик-цак на местата на кои се залемени отпорниците.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 21:02:53
одлична идеја!
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: Toma on 13.11.2013, Wednesday, 21:18:31
Еден пример за високонапонски отпорници !
А за повеќе апликации на овој линк
Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=voltage+rating+resistor&rlz=1C1CHMO_enMK530MK530&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=_NuDUpWoIsnQkQf9yIDABw&sqi=2&ved=0CAcQ_AUoAQ&biw=1163&bih=799
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/79.jpg)

Code: [Select]
http://www.topresistor.com/ri80highvoltageresistor/
Code: [Select]
http://www.topresistor.com/wp-content/uploads/2011/04/RI80.pdf
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 16.11.2013, Saturday, 21:24:07
Отсега сум со нов профил, -КилоВолт-.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: batka on 16.11.2013, Saturday, 22:08:24
Кевин= Киловолт ! Така ли!?? После што ке следи  - Мегабајт?? 8) (шала) Не гледам зошто го смени никот!???
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: GigaWatt on 16.11.2013, Saturday, 22:12:19
Отсега сум со нов профил, -КилоВолт-.

А знаеш дека не се дозволени повеќе профили ::)? Да замолеше, ќе ти го сменевме nick-от на профилот.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: batka on 16.11.2013, Saturday, 22:16:55
Кевин,батка многу забегуваш! Ај да видиме што со тебе.!
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: nsu on 16.11.2013, Saturday, 22:30:55
Фанатик на високонапонската техника. ;D ;D ;D Се шалам.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: MarkoMK on 17.11.2013, Sunday, 07:51:46
Колку што разбрав, претходно двајца го користеле профилот „Kevin“ а сега дечкото со високиве напони си направил нов - Kilovolt  а другиот си останал кевин.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: GigaWatt on 17.11.2013, Sunday, 08:19:54
Добро, ако е таа ситуацијата, конечно одвојте си ги профилите и не се логирајте од еден ист. Не сакам да видам на крајот на post-ови „од Kevin“ или „од KiloVolt“, ни кај едниот ни кај другиот профил.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 13:09:29
Како што кажа МаркоМК, Кевин е Давид, а КилоВолт е Теодор.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: batka on 17.11.2013, Sunday, 14:31:47
Ако одите од иста IP адреса ке биде проблем кој е кој. 8)
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 14:39:46
Не одиме од иста адреса со сигурност.  8)
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 23.11.2013, Saturday, 16:43:01
Направив еднонасочно напојување, сега само отпорници и кондензатори!
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 27.11.2013, Wednesday, 13:50:38
Еве и видео од напојувањето со каскада во акција со омилениот домашен сплит трансформатор. ;D

www.youtube.com/watch?v=cio5Sqyfr1Y (http://www.youtube.com/watch?v=cio5Sqyfr1Y#)

И читав дека некој човек за кондензатори од 7 нано Фаради, наместо отпорници ставил индукциони намотки од околу 1 мили Хенри. Но тоа резултирало со јаки ЕМФ пулсови.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: nsu on 27.11.2013, Wednesday, 14:31:28
Браво Теодор.Се си направи и драјвер и се. ;D
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 27.11.2013, Wednesday, 16:44:00
Само ме нервира тоа што загрева транзисторот, има голем ладилник фабрички, ама ладилникот не се пипа кога е вклучен, ако поврзам кулер, должината на искрите драстично паѓа, ама нема да има проблем, не ќе го оставам Марксовиот вклучен 1 саат!
Браво Теодор.Се си направи и драјвер и се. ;D
Фала за комплиментот, поубав да си направиш. а иначе дали за олкав напон можам да направам кондензатор со стаклен диелектрик дебел 2 мм? Чисто да се осигурам.
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: MetallicA on 27.11.2013, Wednesday, 16:58:46
побарај на нет колку е пробивниот напон на стаклото.  ;)
Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: KiloVolt on 27.11.2013, Wednesday, 17:31:09
Минимум 9,8 кило волти за милиметар! ;D ;D ;D би требало да издржи. :)

Title: Одг: Марксов Генератор
Post by: nsu on 27.11.2013, Wednesday, 19:34:56
Да би требало да издржи, ;)