Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: at.koce on 21.10.2011, Friday, 16:09:53

Title: Проблем со микробранова печка
Post by: at.koce on 21.10.2011, Friday, 16:09:53
Имам една микробранова печка од марката БЕКО. Пред некое време се расипа и не грееше па денес решив да ја отворам. Ја отворив и видов дека осигурачот што оди трафото до кондензаторот (мислам дека е тоа кондензатор) беше прегорен. Тоа го средив и ја вклучив печката, работеше едно 5-6 секунди добро и после почна каде што е прицврстен магнетронот да фрла искри (онака како теслин трансформатор). Како би можел да го решам проблемот?  :)
Title: Одг: Проблем со микробранова печка
Post by: LordZi on 21.10.2011, Friday, 16:47:03
Јас би ти советувал да ја носиш на мајстор и да не ја чепкаш ако не знаеш што е што, пошто при напон 2000V/0,5A ако допреш кај што не треба отиде за секунда.
Title: Одг: Проблем со микробранова печка
Post by: Zdravkovski on 21.10.2011, Friday, 17:24:21
види на некое место да не ти е соголена изолацијата и да имаш гол метал па да ти прави проблеми ако не е тоа или нова или мајстор ама ако имаш проблеми со трафото поарно нова
Title: Одг: Проблем со микробранова печка
Post by: at.koce on 21.10.2011, Friday, 17:39:37
Баш тука каде што доаѓа антената од магнетронот има кородиран дел на лимот..
Title: Одг: Проблем со микробранова печка
Post by: maka sk on 16.02.2012, Thursday, 00:19:34
Ргосаниот дел исмирглај го после има ЕМАИЛ за метал бела боја ,премацкај,измери ја диодата црната големата дали е добра ,откаци ги клемите од магнетронот и мери ако имас 2.3ома е добар ако не у канта и на крај види лискунот од внатресна страна -изолаторот да не тие поцрнет.
Title: Одг: Проблем со микробранова печка
Post by: at.koce on 16.02.2012, Thursday, 21:34:56
Фала колега, ќе пробам и тоа, темата е стара ама печката уште не е чепната  ;D