Медијапан - шпер плоча дискусиите ги има еден куп на нетов, воглавно се сведува на агрументите понеутрален спрема „пожив/поприроден„ звук... Јас одам по препораките на дизајнерот на кутиите, момакот конкретно ми кажа лични импресии од искуствата со различни материјали како иверка, медијапан, OSB и шпер плоча... и препорача шпер плоча, во краен случај иверка.
Генерално повеќето од искусните „градители„ на кутии, на
форумот каде што аворот на овие звучници е активен, употребуваат шпер плоча. Наводно имало убава синергија помеѓу шпер плоча и full range драјверите... (во кутииве ќе ставам пар 8инчни
Fostex FE207E)
А инаку кај нас цениве се такви да медијапанот и не е толку поевтин, особено кога ќе се земе во обзир и финишот.
За Грчка сум слушнал, прескапо би испаднало тоа... каде е крајот ако тргнам со увоз и на дрвото, балтичка бреза директно од Скандинавија?
Ќе мора да се задоволам со 15кава, има 11 слоја дрво -повеќе слоеви = поголема цврстина. Неколку додатни потпори како на сликата доле и ќе ги ставам вибрациите под контрола. Или барем се надевам, ќе видиме...
татко ми вика дека во некое стовариште шмеки во маџари имало шперплоча...
Се јавував и таму, нема тоа што ми треба...