Author Topic: Како да пронајдам излезот за звучник  (Read 417 times)

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
На звучниците од компјутерот ми изгоре трафото го заменив ама и по грешка ги извадов жиците од едниот звучник. Како можи да пронајдам каде беше поврзан тој звучник.

Offline aleksandar94

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
  • Gender: Male
Сликај ги звучниците внатре, напиши кој модел се инаку овака многу тешко да ти помогнеме. По некоја моја претпоставка на плочката треба да пишува оут :D(како излез од појачалото).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Обично ако звучниците се со ИК (ТДА ...) тие имаат три електролити и тоа: еден од 1000 мФ близу до четирите диоди на  грец-спојот, и два идентични на двете страни од колото.Минус половите на звучниците се споени на масата на уредот,а на - половите на двата електролита се врзани + половите на звучниците.Види поконкретно на штампата кои се тие точки.На некои звучници постои женски 3,5 мм џек на кој се врзани звучниците ,а со ставање на  слушалки во него се прекинуваат водовите кон звучниците и се конектираат слушалките.Еве како се поврзани овие џекчиња.