Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: nikola_bb on 12.06.2011, Sunday, 15:53:04
-
Дома на 5.1 ресиверот задните сателити ми се Eltax, пред некој ден случајно нешто ги чепкав и отворив внатре да ги видам. Кутијата е дрвена ама внатре нема никакво полнење. Дали е паметно да ги наполнам со некој материјал? Дали така би добил нешто?
Дека памтам вуферов кога го правев во компресиона кутија исто така кутијата внатре ја облепив цела според проектот во емитер.
-
Нема потреба да дампираш ништо,затоа што овој тип на звучни кутии немаат потреба од тоа.
-
Ок фала батка
-
Дома на 5.1 ресиверот задните сателити ми се Eltax, пред некој ден случајно нешто ги чепкав и отворив внатре да ги видам. Кутијата е дрвена ама внатре нема никакво полнење. Дали е паметно да ги наполнам со некој материјал? Дали така би добил нешто?
Не го слушај Batka, тој Eltax не е некоја специјална кутија на која не и треба полнење ::) а тоа што Eltax штеди лесно се поправа,ако кутијата е компрсиона исполни ја комплетно ако е бас рефлекс онда стави ссамо еден слој на задниот зид. Добијаш почист звук у средни.
-
ако кутијата е компрсиона исполни ја комплетно ако е бас рефлекс онда стави ссамо еден слој на задниот зид. Добијаш почист звук у средни.
5.1 е системот, претпоставувам дека woofer-от е изведен како бас-рефлекс кутија (друга комбинација не прави логика). Какви средни ќе вади woofer ако горна гранична му е околу 300 или 400Hz? Плус, дури и да вади средни, што ќе ми се средни без surround „карактеристика“ (средни ќе има само од локацијата каде што е поставен woofer-от, не гледам поента), можеби (најверојатно) дел од средните ќе се јавуваат и од сателитите, па само ќе ми се упропасти карактеристиката.