Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: ZareBt on 30.03.2011, Wednesday, 21:31:27

Title: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 30.03.2011, Wednesday, 21:31:27
Значи за да добијам квалитетен одговор, ќе поставам квалитетно прашање  :D: Проблемот е во тоа што на компјутерот имам поврзано систем со 2 звучници од по 8 оми. Принуден сум да го менвам гласот преку компјутерот, затоа што кога го менувам преку системот почнуваат да грчат звучниците дури не се погоди салам гласот. >:( Гласот се подесува со лизгачки потенциометар. Дали е тоа причината??
И уште едно прашање: Зошто кога ќе го вклучам системот звучниците шумат(отприлика 1 секунда)????
Овај систем е постар, можеби 10тина години,а е и кинески така да му дошол денот за проблеми да прави. Ако треба ќе поставам и слики да видите да не случајно и некој дома да не го има истиот.
p.s. Ако сметате дека насловот не е во контекст со прашањето корегирајте ме  :)
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: batka on 30.03.2011, Wednesday, 21:46:24
Најверојатно потенциометрите ( шиберите) се полни со нечистотија.Земи обичен спреј кој содржи алкохол (овие спрејови од пазар!0 и ишприцај ги неколку пати.При тоа исклучи го појачувачот од струја.Ако не бива и така побарај нови лизгачи! ;D
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 30.03.2011, Wednesday, 21:50:32
А тоа што кога ќе го вклучам ?? Зошто шуми? Ништо му немам згрешено да ме за**ава  >:(
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: batka on 31.03.2011, Thursday, 00:58:51
Веројатно од тука тргни и барај го кварот- откачи ги потенциометрите од влезовите на појачувачот.Влезовите кратко спои ги на маса и слушак дали има шум! Ако нема -мењавај  потенциометри!
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: cika on 16.04.2011, Saturday, 23:09:47
на системот клај го звукот на MAX и ке си подесваш преу комп....(можи вака нема да грчат)  ;D
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 15:42:34
на системот клај го звукот на MAX и ке си подесваш преу комп....(можи вака нема да грчат)  ;D

Едно од наједноставните решенија што во моменти кога ме мрзи да барам каде е проблемот со уредот, го применувам ;D.
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 17.04.2011, Sunday, 15:54:31
на системот клај го звукот на MAX и ке си подесваш преу комп....(можи вака нема да грчат)  ;D

Едно од наједноставните решенија што во моменти кога ме мрзи да барам каде е проблемот со уредот, го применувам ;D.

Па сега и така прам...не можам да го отворам системот за да ги сменам потенциометрите. Треба долг и слаб штрафцигер шо нигде неможам да најдам. Си зедов спреј за тело(некој мирис кинески, битно алкохол има во него) и си шприцам на лизгачкио потенциометар и малку по малку попушта!!  ;D
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 16:05:56
Па сега и така прам...не можам да го отворам системот за да ги сменам потенциометрите. Треба долг и слаб штрафцигер шо нигде неможам да најдам. Си зедов спреј за тело(некој мирис кинески, битно алкохол има во него) и си шприцам на лизгачкио потенциометар и малку по малку попушта!!  ;D

Ако веќе си решил ова да го правиш без да го отвориш засилувачот (да го „лекуваш“ потенциометарот со контакт спреј), задолжително изклучи го засилувачот од мрежниот приклучок кога ќе го прскаш потенциометарот и почекај, барем 20 минути пред да го приклучиш пак назад.

Јас имам направено долг шрафцигер од челична шипка за мерење на ниво на масло во автомобил ;). Релативно лесно се прави доколлку имаш на располагање бормашина и вртлива „шлајферица“ (не знам како се викаат, оние вртливине гумени кружни плочи со шмиргли што се монтираат на бромашините за да можете да шмирглате ;D), едноставно си го обликуваш врвот да ти биде во форма на плоснат шрафцигер кој доколку е добро обликуван, ќе фаќа и на ѕвездасти шрафчиња ;) (во Битола мислам дека „крст“ ги викаат овие шрафиња, а шрафгцигерите „крстачи“, и во Скопје имам чуено да ги викаат овие шрафцигери крстачи, ама не и шрафињата да ги викаат така ;D).
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 17.04.2011, Sunday, 16:09:31

Да да во Битола крстачи ги викаме. Од ко ќе прснам со спрејот и го шетам потенциометаро лево-десно и така 2-3 пати прскам и го оставам малку и пак си го приклучвам.  :D
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 16:12:39
Од ко ќе прснам со спрејот и го шетам потенциометаро лево-десно и така 2-3 пати прскам и го оставам малку и пак си го приклучвам.  :D

Поентата ми беше да почекаш да испари контак спрејот, да не случајно се случи да капне на некои од колата внатре, поради тоа пишав да почекаш едно 20-тина минути пред да го приклучиш пак назад на мрежен напон ;).
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: bicikle on 17.04.2011, Sunday, 19:35:48
најверојатно графитниот слој е при крај кај лизгачите, односно е изеан од користење, со спреј ќе го решиш проблемот привремено,мој совет е да ги мениш со нови и поквалитетни. За шумот, според мене изгледа додека се стабилизира системот, може да има релеа заштити делаја и тн,.... ако не ти е проблем една секунда, ич не се масирај...
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 17.04.2011, Sunday, 23:13:11
најверојатно графитниот слој е при крај кај лизгачите, односно е изеан од користење, со спреј ќе го решиш проблемот привремено,мој совет е да ги мениш со нови и поквалитетни. За шумот, според мене изгледа додека се стабилизира системот, може да има релеа заштити делаја и тн,.... ако не ти е проблем една секунда, ич не се масирај...

Воопшто не ми е проблем пошто не е ни 1 сек. Се работи за дел од секундата. Само кога ќе го укл и толку. А за вадење и менвање сум во план, само проблем ми е како да го отворам. Немам алат за отворање пошто треба да е слаб и долг штрафцигерот, а цела Битола ја свртив и никако да најдам >:(
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 23:18:29
А за вадење и менвање сум во план, само проблем ми е како да го отворам. Немам алат за отворање пошто треба да е слаб и долг штрафцигерот, а цела Битола ја свртив и никако да најдам >:(

Оди во Euro Tools во Битола, на горниот спрат, има неколку подолги верзии од штрафцигери ;). Прво провери колку е долга дупката (со неое стапче или сајла, само обележи на сајлата до каде е долга дупката одкако ќе ја пикеш сајлата во неа, и потоа измери ја должината), па потоа со измерената должина на дупката, прошетај низ горниот спрат и види дали ќе најдеш некој штрафцигер кој може да биде адекватен за таа намена ;). Штрафцигерите не се воопшто скапи, цената им е околу 40 или 50 денари (на долгите) и производство се на Euro Tools ;).
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 17.04.2011, Sunday, 23:21:14
А за вадење и менвање сум во план, само проблем ми е како да го отворам. Немам алат за отворање пошто треба да е слаб и долг штрафцигерот, а цела Битола ја свртив и никако да најдам >:(

Оди во Euro Tools во Битола, на горниот спрат, има неколку подолги верзии од штрафцигери ;). Прво провери колку е долга дупката (со неое стапче или сајла, само обележи на сајлата до каде е долга дупката одкако ќе ја пикеш сајлата во неа, и потоа измери ја должината), па потоа со измерената должина на дупката, прошетај низ горниот спрат и види дали ќе најдеш некој штрафцигер кој може да биде адекватен за таа намена ;). Жтрафцигерите не се воопшто скапи, цената им е околу 40 или 50 денари (на долгите) и производство се на Euro Tools ;).

Или та варијанта или со се систем во Euro Tools. Јас барав во продавниците кај Дебојот, ама таму 100 ден беше штафц. и морав да купам ама џабе  :(
А кај се наоѓа точно еуро тулс?
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 23:22:16
А кај се наоѓа точно еуро тулс?

Мене ме однесоа до продавницата, не знам точно каде е ;D.
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 17.04.2011, Sunday, 23:24:04
А кај се наоѓа точно еуро тулс?

Мене ме однесоа до продавницата, не знам точно каде е ;D.

Ок.. ќе прашам, ќе се снајдам. Па битолчанец сум ако ништо друго.
извинете за офф- топико  ;)
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: Devil on 17.04.2011, Sunday, 23:34:45
од селската автобуска нагоре накај мостот за генимале што е (надолу покрај драгор) од лева страна на самиот ќош пред да го поминеш мостот ти се наоѓа еуро тулс
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: ZareBt on 17.04.2011, Sunday, 23:35:45
од селската автобуска нагоре накај мостот за генимале што е (надолу покрај драгор) од лева страна на самиот ќош пред да го поминеш мостот ти се наоѓа еуро тулс

Ми текна...Фала! :)
Title: Одг: Зошто не можам да го контролирам правилно Гласот(Volume-то)???
Post by: GigaWatt on 17.04.2011, Sunday, 23:38:37
Тебе ти треба нешто вакво ;).

(http://img828.imageshack.us/img828/2686/sdc10847e.th.jpg) (http://img707.imageshack.us/img707/3185/sdc10847b.jpg)

Јас од зелен пазар го земав уште пред едно 6 или 7 години, не знам дали сеуште се продаваат :S.