Дали преку RF излезот ке се добие слика на телевизор кој што има само антенски приклучок, или овој RF излез е само Loop на приемниот сигнал од антената до некој втор DVB-T ресивер.
Само loop е, ништо повеќе
. Тие DVBT рисивери немаат RF модулатор, а нема ни да имаат. Зар навистина мислиш дека ќе се замараат фирмиве кои произведуваат TK опрема со телевизори стари 30 години... иако, тие се најдобри и најквалитетни и ќе траат уште 30 години без некои поголеми преправки
. Се разбира дека не
, они сакаат да купиш нова опрема за нив да им правиш пари (или на некои трети компании/корпорации, кои, повторно, најверојато се поседувани нив
, а дури и да не се поседувани, тоа повторно е обрт на пари од кој „сите“ имаат ќар (намерно е во наводници ставено, тоа не значи дека сите имаме ќар од тоа, значи дека сите компании/фирми/корпорации кои продаваат техничка опрема имаат ќар од тоа)), а не да купиш неколку електролитски кондензатори со кои ќе ги замениш дотрошените на навистина квалитетните телевизиски приемници... нели, тоа е целта на секој вистински бизнисмен
.
Како и да е, и јас го разгледував истиот проблем, само loop е за да можеш да го пратиш сигналот од еден DVBT рисивер на друг. Во превод, не ти треба splitter
(многу голем ќар
).
ПС: Линкот од post-от не се load-а
.
немат шанса, процесор имат...не е едноставно
Невозможно е.
Би со сложил до некаде со Zan
... значи јас вака би го дефинирал: не е невозможно, но ќе ти треба моооооооогу време и мнооооогу знаење (читај „мноооооогу години“, а можеби и „мноооогу децении“
).
ОК, да бидеме практични, невозможно е
.
Да се навратам на првичната причина зошто сакав да го пишам овој post (пред да ги прочитам post-овите на krema, daniel spasovski, stiffy и Zan). Имено, мои пријатели имаа проблем со приемот на новиот дигитален сигнал во една рурална средина (село). Отидов да им помогнам околу приемот на сигналот и новиот дигитален рисивер и погодете што... аналогниот сигнал од (конкретно три телевизии, МТВ1, МТВ3 и Сител) се фаќаа одлично со обичниот аналоген приемник, а уште три телевизии (Канал 5, Телма и МТВ2) со шум (конкретно Телма и Канал 5 со малку шум, а МТВ2 со прилично големо ниво на шум, но сепак, можеше да се следи програмата). По постаувањето на дигиталниот рисивер од Boom TV,
буквално не можев да фатам нитуеден канал
. Значи, да не се лажеме (не е баш како што пиша Maki, односно можеби е кај него во викендичка таква ситуацијата, да го прима подобро дигиталниот сигнал од аналогниот, но ситуациујата е далеку од таква секаде), ситуацијата е далеку од тоа што го кажуваа на вести „само го приклучувате дигиталниот set top box на аналогниот приемник и тоа е тоа“
. Прво, овој телевизор (по некоја случајност) имаше SCART конектор и не беше толку стар, но што правиме со навистина старите ТВ приемници
(не знам за вас, ама јас не сакам да фрлам опрема која е исправна, дури и ако е застарена... во превод, не сакам да купам нов ТВ приемник дур не биде вон репарабилна состојба стариот). Како и да е, го приклучив DVBT рисиверот со приемникот и на неговиот екран пишуваше „следува надграба на софвтерот, почекајте неколку минути“ (или нешто во овој стил, можеби не беше вака од збор до збор)... хммммммм... надградба на софвер... дури и мене ме зачуди... зар навистина чудово се update-ува од мрежа
... ОК, ајде да почекам... и чекав... и чекав... многу повеќе од неколку минути
... за на кај да сватам дека чудово всушност не фаќа никаков сигнал и дека нема никогаш да се update-ува од мрежата. Но, тоа не го пишува никаде
, дека не фаќа сигнал
. Инаку, да, подоцна дознав дека во менито на приемникот има подмени кое јавува ниво на сигнал (јачина), но тоа е откако уредот прво ќе провери дали има update за неговиот софтвер
. Некако глупаво, ако ме прашате мене
... нели, по некоја логика, уредот треба прво да провери дали има сигнал или не, па дури тогаш да прави update на... што и да е
? Како и да е, по
многу часовно подесување на антената на покривот од куќата (ова морам да го нагласам, бидејќи, сепак, рурално подрачје е и антените скоро секогаш се поставуваат на покривот од куќите, што е, општо, не само за мене, прилично ризично за подесување) за конечно set top box-от да фати нешто (а како фатил, не знам, бидејќи, нели
... не ми беше достапно менито за ниво на сигнал, бидејќи чудото прво бара update
... кратко кажано, нагаѓав
), конечно чудото најде сигнал и успеа да направи update и да ме пушти во главното мени на уредот... а таму... изрази како „ниво на сигнал“ (изразено во dB), „BER“, „error пакети“... јас не знам дали некој кој не е барем малку навлезен во телекомуникациите или општо техниката, ќе знае што значат овие изрази
... особено постари луѓе (со 50-тина или 60-тина години старост). А уредот беше презентиран како "plug and play"... верувајте, далеку од тоа е
. Единствена работа што беше plug and play беше префрлувањето од обичната аналогна телевизија (аналогниот антенски сигнал) на AV сигналот од рисиверот преку SCART конекторот
. Одиме понатаму. По скенирањето за канали, дознав дека уредот успеал да фати само два канали, МТВ1 и МТВ3
... чекај малку
... нели овој уред го „рекламираа“ медиумите како „решение за лошиот сигнал“
, да, ми го реши проблемот со „лошиот“ (условно речено, за кого како, мене не ми беше многу лош) сигнал... воопшто не можам да ги фатам останатите канали
. А да не пишувам во каква „состојба“ беа оние два кои ги фати (сосема спротивно од она што имаше пишано Maki), сецкање, или нема аудио или сецка, на видеото „му треба помош од багер за да тргне“
. Со еден збор, катастрофа
. Ох, колку би сакал веднаш да го заменам шумот со ова
. По неколку часовно местење на антената (и паралелно гледање во менито за ниво на сигнал, што сега конечно беше достапно
), успеав да фатам (дури
) 4 канали: МТВ1, МТВ3, Телма и Сител. Сликата на МТВ1 беше одлична, без никакво сецкање, исто и на МТВ3. За разлика од нив Сител беше прилично ОК, но на 30-тина секунди (некогаш и на почести интервали), знаеше сигналот да сецне (и тоа, баш ко за инат, на најинтересен дел од програмата
), да снема аудио или нешто слично... со што... целиот ќеиф од гледање на телевизија ти паѓа во вода
. Телма беше ОК, но и она знаше да сецне од време на време (не толку колку Сител, но би рекол, на околу 10-тина минути, знаеше да сецне и тоа по ред, траеше околу 30-тина секунди и потоа пак се враќаше во „нормала“). Како и да е, единствени програми кои немаа никаков проблем од во приемот беа МТВ1 и МТВ3.
Значи, да резимирам: со аналогниот прием се фаќаа барем 3 канали со совршен пренос (МТВ1, МТВ3 и Сител), а со дигиталниот пренос, совршено се фаќаа само 2 канали (МТВ1 и МТВ3). Се на се, со аналогниот пренос се фаќаа 6 канали (МТВ1, МТВ2, МТВ3, Сител, Телма, Канал 5), а со дигиталниот пренос, се фаќат се на се 4 канали (МТВ1, МТВ3, Сител и Телма), од кои 2 не можеш да ги гледаш, освен ако немаш „магична торба со податочни пакети“ кои се изгубени при преносот
.
Извинете вака, ама, мене ако ме прашате... еден куп за*банции за 0 ќар и многу зијан
.