Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: nikola_bb on 21.05.2011, Saturday, 00:44:40
-
Незнам дали е право место на темава тука...бидејќи сепак барам услуга.
Дали некој од форумов можеби може да направи ребалл на графичкиот чип на иксбокс, кој што како што е познато ради еколошкиот калај има проблем кога ке прегрее изгубува контак...
-
бараш услуга или купуваш?
-
Барам услуга. Ко што видов има само понуда на услуги во огласиве :-\
-
Имам чуено дека некој во Скопје отворил сервис специјално за reballing, пред едно година дена, но не знам каде се наоѓа ниту колку чини reballing. Сепак, не очекувај да биде под 50 или 60 евра, сепак, комплицирана постапка е reballing, не е баш едноставна :S.
-
Никола, земи алуминиумска фолија,направи *прозорче* за процесорот,фолијата со селотејп по краевите залепи ја на штампа.Преврти го наопаку чипот и со упаљач кружно греј го отприлика 15 кругови пополека!! ;D ;D Остави 15 мин,да се излади,монтирај и пали!! Колегава така си го поправи својот Х-бокс,а доста често и графичките АГП картички ги *спасуваме * на тој начин!!Ако не од прва,може и од втора(подолго!) да си повториш!! :D Успехот е скоро 65%!
-
Ја знам финтата батка а веќе еднаш е дувано GPU-то, ама не бива со тој еколошкиот калај повторно по некое време зеза. Мора да се стаи убаво калајче со олово :)
-
Незнам некако ребол скапо ми се гледа пак би направил рифлоу со тоа што сеа место тие иксовите под чиповите ке се напраи модофикација. Дали некој знае рифлоу колку би чинело да се направи?
-
знам два сервиса во градов за сони плејстејшн,икс бокс..ама не сум сигурен дали една од нив е само за плејстејшон.Се наоѓаат во Аеродром и Капиштец.Во Аеродром се наоѓа кај Јане Сандански,а во Капиштец во стариот Беверли.
-
знам два сервиса во градов за сони плејстејшн,икс бокс..ама не сум сигурен дали една од нив е само за плејстејшон.Се наоѓаат во Аеродром и Капиштец.Во Аеродром се наоѓа кај Јане Сандански,а во Капиштец во стариот Беверли.
Ги знам кои се, и мислам дека не прават reballing :S. Мада не е лошо да се провери ;).