Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 23.01.2010, Saturday, 15:59:40
-
дечки сакам да направам едно предавателче ама самиот калем за осцилаторот е на самата плоча иштанпан па дали плочката да ја правам како што е (двослојна ) или да биде еднослојна?
Ме интересира оти плочката е дебела 2mm па да не смета тој слој (масата) на самиот осцилатор?
-
Ако оригиналната плочка е направена со двослојна плоча тогаш така ќе ја правиш ама ако оригиналната плочка не е кажано стриктно дека мора да се прави со двослојна плочка тогаш мораш да користиш еднослојна бидејќи слојот долен на бакар ќе му биде како кондензатор на калемот и ќе имаш проблеми со осцилаторот (може и ќе работи ама на друга фрекфенција).
-
па не прочитав ништо за тоа, него мислев да биде двослојна заради стабилност и помалце самоосцилации, што мислиш како да правам?
-
Може да биде двослојна секаде (долниот слој да биде маса) меѓутоа кај калемот (под калемот/калемите) да нема бакар.
-
Само да прашам дали ке има голема разлика во стабилноста ако е еднослојна или двослојна (двослојна ни еднослојна кај осцилаторот) ?
-
Не би требало да има ако го користиш предавателот самостојно (без засилувач) или ако го ставиш во соответна метална кутија после.
-
Го најдов линкот
http://english.cxem.net/radiomic/bug20.php
шемата
(http://pic.mk/images/bug201.gif)