Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: daniel spasovski on 20.12.2013, Friday, 16:19:59
-
Најдов по дома еден филтер , ваков потполно ист како на сликава :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/02020202.jpg)
Ознаки на него : TDK NOISE FILTER - ZSG2208-02
250VAC 8A 50/60Hz HPF 565-3
L-6mH X2-3X1uF(SH) R - 2 X 220килоома
Y - 2x4700pF Y8514 JAPAN
Еве го сликав , ете како е поврзан во шема внатре делов :
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/photo0006.jpg)
Прашањето е дали може да го поврзам на + жицата од напојувањето за предавателот за да го отстрана брумот , или има друг начин ???
-
Можеш, јас во сите исправувачи на напон, односно напојувања користам такви филтри. Со тоа се избегнува брумот. Тој се става пред трансформаторот
-
На 220V ??? како да го поврзам ??? во паралела ??? во серија ??? кои жици ??? има 4 жици а ете има и шема на самиот филтер ама досега не сум работел со филтри :P
-
:D :D :D ;D Па се имаш дадено на сликата!! Гледај го кругот горе со 4 правоаголници - легнатите ,долните ти се влез 220V ,а оние горе се излез 220 V .Читај бе батка од шемата!! ???
-
Значи влез 220V AC (фаза - нула) , излез 220V AC (фаза - нула) Фала батка :)
Има знак за заземјување на филтерот , доле на навојот на штрафот , тука да го поврзам - од предавателот ? :)
-
Да,ама дека ке има фантастични резултати - тоа не верувам! 8)
-
Хмм , а да го врзам на + од напојувањето после грецот ??? и така гледам дека пишува дека има некоја намотка внатре 6mH ;D
-
Очигледно,треба уште мнооогу да читаш батка,уште не ти е ништо јасно!? Z31GH ти напиша нешто ,ама веројатно и ти не ги читаш или не ги дочитуваш постовите!!Овој филтер не се става каде што ти мислиш.Ако читаш малку подобро ке видиш дека се споменува трансформатор 220V.... 8) 8)
-
Тој се става пред трансформаторот, значи на 220в, на шемата на филтерот ти е прикажано како. Излезениот филтриран напон оди на трансформатор, ама и то е 220в. После трансформаторот ставаш грец, односно на излезот. Сепак вака не е завршена работата. Ти треба добра шема за исправувач ако сакаш филтриран и исправен напон погоден за предавател
Споено мислење: [time]20 Декември 2013, 18:26:58[/time]
заземјувањето ти е самата завртка, односно телото на филтерот. Добро е да дупнеш дупка во куќиштето и со навртка (мутер) да го прицврстиш на куќиштето од исправувачот