Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: Hahahaha on 28.01.2013, Monday, 17:37:46

Title: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 28.01.2013, Monday, 17:37:46
Како што кажува насловот потребна ми е помош за изградба на појачало, како трафо сакам да искористам 2 по 15 волти 80 ватно. На излез ако е можно нека биде 2 по 30 вати. Давајте предлози.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 28.01.2013, Monday, 19:27:06
Со твоето трафо TDA7296 или TDA7295 даваат 40W снага со мање од 0,5% изобличење,имаш комплетна плочка на
Code: [Select]
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00000199.pdf
Code: [Select]
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00000198.pdf
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 28.01.2013, Monday, 19:31:13
Ама јас сакам да го изработам да биде стерео, немора да биде 40W, може и 2 по 30 вати
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 28.01.2013, Monday, 19:34:34
 ???
Па земи два комада за стерео.
Снагата е 40W на 4 ома, на 8 ома е 23W,одговара твоето трафо за стерео.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 28.01.2013, Monday, 19:38:19
Гледам на шемите што ми ги прати, ги имам јас разгледувано, пишува 80 вати на едното, а на друго 70 вати.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 28.01.2013, Monday, 19:47:20
Снагата зависи од напонот, со твоето трафо се добива максимум 23W на 8 ома за појачало со TDA7296, види ја сликата Figure 5 на страна 6 од даташитот.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ggoce on 29.01.2013, Tuesday, 11:47:27
Разгледај го овој интегралец треба да ти се допадне
Code: [Select]
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00236549.pdf
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 29.01.2013, Tuesday, 12:01:47
Разгледај го овој интегралец треба да ти се допадне
Code: [Select]
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00236549.pdf

Вчера го разгледував, вреди да се проба  :)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 29.01.2013, Tuesday, 16:50:21
Разгледај го овој интегралец треба да ти се допадне
Code: [Select]
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00236549.pdf

Вчера го разгледував, вреди да се проба  :)

Па не баш..
Овој TDA7292 е стерео чип,тоа е добро, али нема да може да работи на 4 Ома кај тебе,твоето трафо дава превисок напон за чипот,ќе прегрее. Со TDA 7296 можеш да тераш и на 4 Ома.
Друга полоша ствар со TDA7292 е што ќе ти треба скоро дупла величина хладњак него хладњакот за двата чипа TDA7296.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: GigaWatt on 29.01.2013, Tuesday, 17:18:59
Па не баш..
Овој TDA7292 е стерео чип,тоа е добро, али нема да може да работи на 4 Ома кај тебе,твоето трафо дава превисок напон за чипот,ќе прегрее. Со TDA 7296 можеш да тераш и на 4 Ома.
Друга полоша ствар со TDA7292 е што ќе ти треба скоро дупла величина хладњак него хладњакот за двата чипа TDA7296.

Има термичка и заштита од краток спој (преоптоварување).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0298.jpg)

Нема проблем, ќе си се изгаси чипот ако било што од ова се случи. А околу греењето, секогаш може да се стави кулерче кое ќе се пушта на определена температура.

Не знам зошто, ама им давам предност на стерео интегрираните засилувачи. Пред се бидејќи конструкцијата ќе се изведе поедноставно, а тоа е целата поента на интегрираните кола... според мене, затоа постојат, за да користиме што е можно помалку дискретни компоненти ;). Што ќе ми е коло кое бара повеќе екстерни дискретни компоненти отколку еквивалентен транзисторски засилувач ;D.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 29.01.2013, Tuesday, 18:01:51
Термичка заштита има и TDA7296,него не е у тоа финтата,не чини да се малтретира појачалото ако не може добро да работи на 4 Ома,со чипот TDA7292 може често да искључува на 4 Ома пошто има превисок напон од трафото,што ќе ти е такво појачало што стално искључуе.
Стерео чип у принцип е добра ствар, али у овај случај за TDA7292 нема некои предности,а може да прегрева. Стерео пјачало со два комада TDA7296 ќе има укупно 4 кондензатора повише од појачало со TDA7292 а бројот на отпорници е ист у двата случаја,не е некоја заштеда у број на дискретни компоненти,а кулерче ти е допунска компнента за TDA7292.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 29.01.2013, Tuesday, 19:20:53
Добро, на тоа TDA7296 ако го употребам колку ќе биде излезната можност на засилувачот, кај мене трафото е 15V AC напон, по исправувањето на напонот би било околу 20 - 21V DC, па според вас колкава ќе биде излезната мочност на засилувачот? Секако и квалитето да биде задоволителен.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 30.01.2013, Wednesday, 05:14:41
 ???
Дај малце поозбилно,цени го трудот на другите, читај што сум ти одговорил претходно

Снагата е 40W на 4 ома, на 8 ома е 23W,одговара твоето трафо за стерео.

Снагата зависи од напонот, со твоето трафо се добива максимум 23W на 8 ома за појачало со TDA7296, види ја сликата Figure 5 на страна 6 од даташитот.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: GigaWatt on 30.01.2013, Wednesday, 05:24:41
Стерео чип у принцип е добра ствар, али у овај случај за TDA7292 нема некои предности,а може да прегрева. Стерео пјачало со два комада TDA7296 ќе има укупно 4 кондензатора повише од појачало со TDA7292 а бројот на отпорници е ист у двата случаја,не е некоја заштеда у број на дискретни компоненти,а кулерче ти е допунска компнента за TDA7292.

Добро, да, не изанализирав детално во конкретнава ситуација. Изгледа во право си, во конкретниов случај би било подобро да се изгради засилувачот со два TDA7296 ;). Монтажната шема ќе биде малку покомплицирана и поголема, но тоа е компромисот во конкретниот случај ;).
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 09:56:25
Нема ли да биде добро да го направам со LM3886?
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 02.02.2013, Saturday, 10:40:21
Ќе биде добро,али е поскуп и дава 4-5W помалце снага на 8 Ома.
Ако звучниците ти се 4 Омски, супер одговара.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 11:04:25
Колку снага би давало, за скап ке видиме ќе пресметаме, имам дома едни LM3886 ако се исправни нема многу да ме фати.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 02.02.2013, Saturday, 15:10:43
На 4 ома при напон од +-28 волти би добил 68 W а на 8 ома при напон од +-28 волти би добил 38 W :)
Со +- 35 волти на 8 ома би добил 50 W :)

Според мене најдобро ти е да го тераш на напон од +-28 волти ако имаш звучки од 8 ома - Така ке ти одговара 80 ватно трафо за 2 канала :)
Би можел да тераш и на 4 ома ама со 2/3 од снагата :) Ако го тераш до крај ке почне да ти изобличува бидејќи тогаш ке повлече повеќе моќност ( 68+68 = 136 вати ) aко твоето трафо биде 80 вати тогаш ке имаш недостаток на струја .. Значи би можел и на 4 ома но само со 2/3 од снагата :)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 15:28:21
Јас имам трафо од 2x15 волти наизменичен напон, што кога би се испеглал би дошло одприлика 21 волт, а трафото е 80 ватно, за овие карактеристики колку ке биде максималната излезна моќност без да има големо изобличување и гласот да биде пријатен за уво?
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 02.02.2013, Saturday, 20:25:17
Па тогаш на 4 ома со тој напон би добил околу 40 до 50 вати сигурно :)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 21:38:05
Па тогаш на 4 ома со тој напон би добил околу 40 до 50 вати сигурно :)

Ама ова само ако правам со едно ЛМ3886, јас сакам со две за два звучника да биде, и тогаш ќе биде исто?
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 02.02.2013, Saturday, 21:42:16
40+40 стерео = 80 вати трафо .. :D
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 21:44:50
40+40 стерео = 80 вати трафо .. :D

Фала многу на помошна, да заврши испитна и почнувам да го правам, скоро сите делови ги имам.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ShAdOw on 02.02.2013, Saturday, 21:50:59
80W трафо за стерео појачало со LM3886 x2 ::)...
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 23:14:12
80W трафо за стерео појачало со LM3886 x2 ::)...

Ќе го биде или тешко  ???
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ddd on 02.02.2013, Saturday, 23:18:25
Па пробај можеби и ќе го биде............Испеглај го само подобро напонот................
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 02.02.2013, Saturday, 23:24:20
Колку електролити ќе собере во кутија толку ќе ставам  :)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 02.02.2013, Saturday, 23:25:07
Колку снага би давало, за скап ке видиме ќе пресметаме, имам дома едни LM3886 ако се исправни нема многу да ме фати.

 ???  Не знам дали ме зезаш или стварно си таков? Па три пати ти напишав колкава снага ќе добиеш.
Ај уште еднаш ако не ти е јасно, али овај пат стварно ќе биде последно: Со твоето трафо LM3886 дава 19W синус на 8 Ома и 35W синус на 4 Ома.

Според мене најдобро ти е да го тераш на напон од +-28 волти ако имаш звучки од 8 ома - Така ке ти одговара 80 ватно трафо за 2 канала :)

Според мене,боље да ќутиш daniel spasovski и да не се брукаш више.

Ама ова само ако правам со едно ЛМ3886, јас сакам со две за два звучника да биде, и тогаш ќе биде исто?
Твоето трафо ќе може да тера два комада LM3886 како стерео појачало за два звучника.

80W трафо за стерео појачало со LM3886 x2 ::)...

Трафо со 2x15V после исправљачот дава 2x20V еднонасочен напон. Со тој напон стеро појачало со два комада LM3886 дава на 8 Ома звучници 2x19W=38W синусна снага. Према тоа 80W трафо е супер за 8 Ома звучници, исто и за 6 Ома звучници.
На 4 Ома звучници истото стерео појачало со напајање 2x20V DC дава 2x35W=70W синус. Со трафо од 80W тоа појачало не може да тера 2x35W=70W синус на 4 Ома, али затоа ќе има 2x35W=70W музичка снага на пикови. Музиката не е иста на двата канала, стерео сигнал не е дупло од моно, едниот канал ако дава на излаз максимум 35W синусна снага, на другиот канал сигурно е помалце, према тоа ќе може 80W трафо за стерео појачало и за 4 Ома звучници. ДОбро е трафото да е поснажно, али ќе тера и вака.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 02.02.2013, Saturday, 23:25:57
А зашто не си направиш нешто со TDA 2050 , напонот и моќноста ке ти одговараат таман за стерео верзија :)
На 4 ома би добил 25 W со напон од +-22 V при ТHD од 0,5 :)

Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/stmicroelectronics/1461.pdf
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ddd on 02.02.2013, Saturday, 23:34:42
Тој веќе ги има интегралците и трафото............Склопи го и немај гајле ќе ти свири............
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: batka on 02.02.2013, Saturday, 23:39:56
Цитирам:

Цитирано од: daniel spasovski на Денес во 15:10:43
Според мене најдобро ти е да го тераш на напон од +-28 волти ако имаш звучки од 8 ома - Така ке ти одговара 80 ватно трафо за 2 канала

Според мене,подобро да ќутиш daniel spasovski и да не се брукаш више.

Колега Маки,ова нека ти биде опомена ,а за евентуални санкции ке одлучи Администрацијата.Без ароганции и навреди,молам.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 02.02.2013, Saturday, 23:49:56
Јас досега само еднаш сум навредил , Маки 101 пат , дај молимте решете го веќе еднаш ..  >:(  :o
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 02.02.2013, Saturday, 23:51:14
А зашто не си направиш нешто со TDA 2050 , напонот и моќноста ке ти одговараат таман за стерео верзија :)
На 4 ома би добил 25 W со напон од +-22 V при ТHD од 0,5 :)
Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/stmicroelectronics/1461.pdf

daniel spasovski, ај што се брукаш и даље пред сите,твој проблем,али барем не ги лажи другите, на 4 Ома не се добиваат 25W снага со напон +-22V, погрешно ја читаш табелата на страна 3 од даташитот,погледни поубаво, таа снага е за 8 Ома. Види слика 7 од страна 8 од даташитот, на +-20V на 4 Ома снагата е 33W.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ShAdOw on 02.02.2013, Saturday, 23:53:05
Не реков јас дека нема да работи со 80W трафо, само тоа трафо е преслабо и во напонот и во моќноста за да го искористи максимумот од едно LM3886, а не па од две. За што ми е појачало кое ќе влегува во клипинг на 1/3 од моќноста...

Со среќа во изработката Hahahaha ;).

И ќе ве молам без препукувања за да не ја заклучувам темата!
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 02.02.2013, Saturday, 23:55:09
Колега Маки,ова нека ти биде опомена ,а за евентуални санкции ке одлучи Администрацијата.Без ароганции и навреди,молам.

Колега batka, прифаќам,изгубив нерви, али треба да му се укаже на daniel spasovski да не дава погрешни информации, прво нека научи електроника доволно.

Споено мислење: [time]02 Февруари 2013, 23:58:57[/time]
Не реков јас дека нема да работи со 80W трафо, само тоа трафо е преслабо и во напонот и во моќноста за да го искористи максимумот од едно LM3886, а не па од две. За што ми е појачало кое ќе влегува во клипинг на 1/3 од моќноста...

Поентата беше да се искористи трафото и LM3886 што веќе ги има,кога ќе го направи појачалото у секое време ќе може да стави појако трафо.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 03.02.2013, Sunday, 00:02:25
Пријателе мислам дека ако нешто сум погрешил има админи и модератори да ми укажат на тоа а не тука да си лечиш комплекси на мене .. Незнам зашто постои член на форумот како тебе кој ја руши хармонијата меѓу нас членовите  ..  :P
Title: Одг: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 03.02.2013, Sunday, 00:06:57
Пријателе мислам дека ако нешто сум погрешил има админи и модератори да ми укажат на тоа а не тука да си лечиш комплекси на мене .. Незнам зашто постои член на форумот како тебе кој ја руши хармонијата меѓу нас членовите  ..  :P

У грешка си ако мислиш дека само модераторите треба да исправаат грешки на членовите на форумот,секој член на форумот треба да реагира ако некој погрешил.
Каква е таа хармонија кога шириш погрешни информации?
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: batka on 03.02.2013, Sunday, 00:16:42
Маки,мислам дека имаш погрешна претстава што е тоа Форум.Реагирам,не дека сум против тебе или  дека сум на страна на Даниел,туку од принцип дека на Форумов секој може да си каже што и како мисли.Оној пак,што има интерес или ја започнал темата,треба да одбере или да бара појаснувања од другите членови ,ако мисли дека некој одговор не е во ред .Ако некој намерно ствара забуна,тоа е друго прашање.Значи ,право на секој е да си го каже мислењето,ама нико нема право никого да навредува,да омаловажува.Ти Маки си го кажа своето,во ред,нека се јават и други со свое мислење,па секој нека си створи представа што е што.Видов дека и колегата Тома во еден момент реагираше во една тема.Го разбирам што сакаше да каже,ама сепак тоа беше критика во ред.Ве молам бирајте зборови или критиките и забелешките нека одат по пп,а не на ваков начин.Некојпат и јас знам да се вжештам,ама мене повеке ме нервираат некои други појави,а не некој што ке речел.Значи- контра може,ама без навреди.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ShAdOw on 03.02.2013, Sunday, 00:22:51
Видете вака, тука сме да помогнеме, а со карање тоа нема да го постигнеме.

daniel spasovski погреши со моќностите и секако дека секој член може да му укаже на грешката како во овој случај Maki, само не на тој начин т.е.

Според мене,подобро да ќутиш daniel spasovski и да не се брукаш више.

Maki се извини јавно

Колега batka, прифаќам,изгубив нерви

и ќе му биде опростено, но да внимава во иднина како се изразува.

Истото важи и за daniel spasovski.

Можете да продолжите со дискусијата околу изработката на засилувачот...
Title: Одг: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 03.02.2013, Sunday, 01:49:08
Маки,мислам дека имаш погрешна претстава што е тоа Форум.Реагирам,не дека сум против тебе или  дека сум на страна на Даниел,туку од принцип дека на Форумов секој може да си каже што и како мисли.

Не би се сложил, форумов служи ако некој не знае нешто, да праша и да добие точен одговор од друг што го знае тоа. Или ако некој знае нешто интересно,да го сподели со останатите и без да биде прашан. Форум за електроника не е место каде секој може да си каже што и како мисли, за тоа служат други форуми, или емисијата Јади бурек.
На сите ни е јасно дека daniel spasovski ептен малце знае електроника, а ептен сака да дели совети. Малце скромност не е на одмет. Прво треба да научи барем основни ствари, како правилно се читаат табели и дијаграми.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: GigaWatt on 03.02.2013, Sunday, 07:59:39
Според мене,боље да ќутиш daniel spasovski и да не се брукаш више.

Имаш јавна опомена, продолжиш ли вака, не ти се пишува добро на форумов!

Колега batka, прифаќам,изгубив нерви, али треба да му се укаже на daniel spasovski да не дава погрешни информации, прво нека научи електроника доволно.

Прво изгради свој авторитет, потоа напаѓај туѓи. Ако не повеќе, барем он не е арогантен ::). И да е погрешна информацијата, можеш културно да го корегираш, а не да ни делиш памет на сите „ти врска немаш, слушај ме мене“. Често си во право, но пристапот ти е... тешка катастрофа ::). Корегирај го или не пишувај повеќе на форумов!

Пријателе мислам дека ако нешто сум погрешил има админи и модератори да ми укажат на тоа а не тука да си лечиш комплекси на мене .. Незнам зашто постои член на форумот како тебе кој ја руши хармонијата меѓу нас членовите  ..  :P

Администраторите и модераторите не се семоќни и не знаат се. Затоа се тука и членовите. Корекцијата од страна на Maki е на место, НО, КАКО ШТО ПИШАВ... проблемот е пристапот!!!

Не би се сложил, форумов служи ако некој не знае нешто, да праша и да добие точен одговор од друг што го знае тоа. Или ако некој знае нешто интересно,да го сподели со останатите и без да биде прашан. Форум за електроника не е место каде секој може да си каже што и како мисли, за тоа служат други форуми, или емисијата Јади бурек.
На сите ни е јасно дека daniel spasovski ептен малце знае електроника, а ептен сака да дели совети. Малце скромност не е на одмет. Прво треба да научи барем основни ствари, како правилно се читаат табели и дијаграми.

Ако не ти се допаѓа форумов, НЕ ПИШУВАЈ!!! Кратко и јасно!
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ggoce on 03.02.2013, Sunday, 14:25:31
Шо излезете толку надвор од темата циркузи сите праете, шо се толку тупе работата јас две години користев трансформатор со 2 по 18 волти  испеглана струја макс 80 вати трафо, на "тда7294" стерео и даваше задоволувачки звук реално на 100 вати 6 ома звучници и до ден денеска ни на трафото ни на засилувачо не се случи ништо и звучниците се добри. со тда 7292,4,6 немаш промашај. стави поголем ладник и немаш гајле Срекно  ;)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Hahahaha on 03.02.2013, Sunday, 16:16:41
Јас ќе го направам со ЛМ3886 бидејќи тие ги имам дома во исправна состојба, ќе го испеглам напонот убаво па ќе бидиме што ќе биде на крај :)
Title: Одг: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: batka on 04.02.2013, Monday, 13:53:35
Маки,мислам дека имаш погрешна претстава што е тоа Форум.Реагирам,не дека сум против тебе или  дека сум на страна на Даниел,туку од принцип дека на Форумов секој може да си каже што и како мисли.

Не би се сложил, форумов служи ако некој не знае нешто, да праша и да добие точен одговор од друг што го знае тоа. Или ако некој знае нешто интересно,да го сподели со останатите и без да биде прашан. Форум за електроника не е место каде секој може да си каже што и како мисли, за тоа служат други форуми, или емисијата Јади бурек.
На сите ни е јасно дека daniel spasovski ептен малце знае електроника, а ептен сака да дели совети. Малце скромност не е на одмет. Прво треба да научи барем основни ствари, како правилно се читаат табели и дијаграми.

Forum на латински значи место каде слободно може да се говори.Во Стариот Рим например,во Форумот секој можел да говори за разни прашања,да напаѓа ,да биде напаѓан,да им одговори и да се спротивстави на аргументите со свои аргументи.Форумот е почеток на демократијата.Јади бурек не е Форум! Очигледно си далеку со сваќањата за ФОРУМ.Е,на овој Форум секој може ,без оглед дали знае или не електроника,да се вклучи во дискусијата,да праша,предложи,коментира, да расправа или да дава мислење.Дали е тоа точно,или не,дали заслужува коментар или пак е погрешно толкување,за тоа сме сите ние да дадеме мислење.Тука секогаш не се поставуваат стручни прашања,има дури прашања и што немаат врска со електроника и техника ( пр.Смешни слики) па никогаш не сме направиле неком у проблем ,ако ставел некоја слика што нема врска со електроника,некој виц или ако стави некоја тема што е вон електрониката.И за се има начин како тоа да се каже и предочи,а да не се навреди членот.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: daniel spasovski on 04.02.2013, Monday, 14:38:41
Мислам дека Батка кажа доволно  ;)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: ddd on 04.02.2013, Monday, 14:45:19
Ја УПРОПАСТИВТЕ темата..................
Title: Одг: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 04.02.2013, Monday, 16:09:47
Forum на латински значи место каде слободно може да се говори.Во Стариот Рим например,во Форумот секој можел да говори за разни прашања,да напаѓа ,да биде напаѓан,да им одговори и да се спротивстави на аргументите со свои аргументи.Форумот е почеток на демократијата.Јади бурек не е Форум! Очигледно си далеку со сваќањата за ФОРУМ. Е,на овој Форум секој може ,без оглед дали знае или не електроника,да се вклучи во дискусијата,да праша,предложи,коментира, да расправа или да дава мислење.

Значење на зборовите може да се смени со времето. Во Античка Грција зборот „симпозиум“ бил drinking party, пијанчење со муабетење. У денешно време „симпозиум“ е научен собир каде се излагаат научни реферати,а таму сигурно не се запиваат и не кршат чаши.  ;)
Форум за електроника на интернет не е исто со форум у Стар Рим. Член кој појма нема од електроника не треба стално да се бута у прв ред да дава погрешни „совети“. Онда треба да му се каже прво да научи основи на електроника па тек онда да собере храброст да напише нешто (веќе му е кажано). А ако тој и даље продужи со делење погрешни „совети“ онда тоа не може да се сфати никако друкчие него како намерно дезинформирање на останатите членови, или у најбоља рука тоа би било намерно спамирање.Моја препорука за почетници у електроника е  што више да прашуваат на форумов и да учат,а што мање да „солат памет“.

И за се има начин како тоа да се каже и предочи,а да не се навреди членот.

Имам кратак фитиљ,извињавам се.

Мислам дека Батка кажа доволно  ;)

Ја па мислам дека не. Демократија..

Ја УПРОПАСТИВТЕ темата..................

Јас све тачно објаснив за темата,а daniel spasovski ја упропасти со дезинформации. Демократија..
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: izotop on 04.02.2013, Monday, 16:47:46
Маки  душо, немав намера да се мешам пошто темата отиде  сосема надвор но многу ја поштувам одлуката на самите креатори на форумот за кирилично писмо и зачувување на литературното изразување и во контекст на твојот заклучок дека треба да се научат основите на електониката па да се учествува на форум од ваков вид , би те советувал Маки прво да научиш да се изразуваш и пушуваш литературно па после да се приклучиш на расправијата .

Ова се извадени зборови од твојот последен пост Болдираните .
Излагаат (правилно е  изложуваат , излагаат  е Скопски сленг ) бута (правилно е турка во прв ред ) Онда(правилно е тогаш ) даље (правилно би било понатаму) продужи (правилно е продолжи)друкчие (подруго ) најбоља (најбоља е србизам  Македонски превод е Најдобра) препорука (препорака) више (правилно и во контекст на смислата како е употртебено  е повеќе или  почесто) мање (србизам,  правилно е помалку).Имам кратак фитиљ,извињавам се   (Јас се извинувам но трпеливоста  ми  е послаба страна)

И моето образование (досегашно) Средно и факултет немаат ни приближно врска со електроника па тоа не ме спречува да  се вклучувам во форумов онаму каде што сметам дека можам да помогнам  исто како што очекувам да ми помогнат или ме исправат онаму каде што можеби грешам или не знам нешто.
Маки немој да мислиш дека  знаеш се  (секогаш има некој кој знае повеќе од тебе )
даниел можеби згреши но не треба да се реагира ,оштро само си го кажа своето искуство .
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Maki on 04.02.2013, Monday, 17:12:20
Маки  душо, немав намера да се мешам пошто темата отиде  сосема надвор но многу ја поштувам одлуката на самите креатори на форумот за кирилично писмо и зачувување на литературното изразување и во контекст на твојот заклучок дека треба да се научат основите на електониката па да се учествува на форум од ваков вид , би те советувал Маки прво да научиш да се изразуваш и пушуваш литературно па после да се приклучиш на расправијата .

Да, се сложувам,треба да поведам повеќе внимание за правилно литературно изразување,иако мислам дека на овој форум поважно е да се покаже добро знаење на електроника. Не ми е проблем литературно да се изразувам,само што ќе ми одземе повеќе време во пишувањето.

izotop, душо, „поштувам“ е србизам, треба „почитувам“.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: izotop on 04.02.2013, Monday, 17:45:01
 ;D ;D ;D
Маки златце
Гледаш како фино помагаш на другар форумџија кога сакаш.
Апсолутно си во право .
Неможе да се знае се . ;)
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Bojan on 04.02.2013, Monday, 17:47:57
ухаааа...колку љубов имало на форумов бе....  ;D

извинете за офтопик
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Zan on 04.02.2013, Monday, 17:51:03
ухаааа...колку љубов имало на форумов бе....  ;D

извинете за офтопик

Не се извинувај за офтопик, зашто цела тема е офтопик.  :)
Јас предлагам да се избрише цела тема, доколку се согласува членот Hahahaha
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: GigaWatt on 04.02.2013, Monday, 18:05:06
Имам кратак фитиљ,извињавам се.

Тоа дефинитивно не е доблест... барем не на форумов... ако си вратар или војник, да, можеби.

Маки  душо, немав намера да се мешам пошто темата отиде  сосема надвор но многу ја поштувам одлуката на самите креатори на форумот за кирилично писмо и зачувување на литературното изразување и во контекст на твојот заклучок дека треба да се научат основите на електониката па да се учествува на форум од ваков вид , би те советувал Маки прво да научиш да се изразуваш и пушуваш литературно па после да се приклучиш на расправијата .

Токму она што сакав и јас да го напоменам! Maki, на сите делиш памет за тоа колку знаат или не знаат... а си се запрашал дали знаеш Македонски или не? Сите ние доаѓаме од некоја средина во која се практикува определен дијалект, ама ти... извини вака, ама никаде немам видено повеќе србизми... можеби имам чуено во Јади бурек со Јанко ::).

izotop, душо, „поштувам“ е србизам, треба „почитувам“.

Се фати за еден збор. Тебе... не можам да ти ги избројам... и тоа на кратките post-ови, кој знае колку има во долгите ::).

Ако е таква работава, izotop пиша и „оштро“, што не е Македонски збор, на Македонски е „остро“, па сигурно нема да му замерам за еден или два збора.

Не ми е проблем литературно да се изразувам,само што ќе ми одземе повеќе време во пишувањето.

Huh ???! Не ми е јасно како повеќе време ќе ти одзема, да не треба да се концентрираш за да пишуваш литературно? Не знам што те учеле во школо тебе, ама јас учев Македонски. Кој знае како ти изгледале писмените ако вака ти изгледа online речникот ::).

Не се извинувај за офтопик, зашто цела тема е офтопик.  :)
Јас предлагам да се избрише цела тема, доколку се согласува членот Hahahaha

Ќе се подели и избрише за некој ден.
Title: Одг: Помош за изградба на појачало
Post by: Devil on 04.02.2013, Monday, 18:13:03
Темата се заклучува.
Нека ви послужи за пример ова ваше недолично однесување.
Кога ќе имаме време ќе ја средиме темава и ќе ја одклучиме, а авторот на темата нека ви се заблагодари на сите за вашето учествување.