прво ми е чудно200 вати на 12 волти и тоа најверојатно од атх? второ ако изворот на звук(компјутерот) и појачалото се поврзани истото напојување може да се јави зуење, земјата , н улата и фазата се поврсани со кондензатори за одстранување на симетричен шум, и фактички гнд од појачакото е поврзано на фазата од штекер преку кондензатор па зуењето е неизбежно, може да пробаш штекерот да го ротираш за 180 степени. Може да има лош спој на гнд, ладен лем, цвикнат кабел и слично. Баш пред некој ден го поправав засилувачот од автомобилот, го врзав на посебно напојување немаше никаков проблем, даваше чист звук(колку што може да даде засилувач од д класа). И кога веќе спомнав засилувач од д класа, ако е засилувачот изработен во д класа, провери ги осцилаторот и намотката која се наоѓа на излез, т.е. е сериски врзана со звучникот.
Ај баш пробај убава идеа ти текнало да не правиш некој појак исправувач.Пошто чим напонот е 12 волти а појачалото е 200 вати струјата ќе биде 16,66 ампери.А тоа напојување што го спомна ти дава како од шала 20 ампери.Раздвој ги масите и види дали го нема брумот,зуењето.Па пиши да разбереме