Бесплатен интернет???
Може, зошто да не?
Нашиот колега Јовичар пред неколку дена отворе нова тема за вифи јаги антена која што според него сигналот би имал домет 50 километри. Иако добро знаеме дека нема шанси толку далеку да стигне, не повеќе од 500-1000 метри, тој ми даде мене една добра иницијатива да направам една таква антена.
Отсекогаш сум сакал на работа да имам интернет, бидејќи доста голем дел од денот дремам сам во работилницата чекајќи некој од работниците да донесе нешто за работа или по една ракија да се напиеме и низ муабет да помине времето. Заборавен сум дури и од сопствениците на фирмата па на некој начин можам да правам што сакам, па зошто и да немам интернет?
Лаптопот не фаќа никаква мрежа, па по препораката на Батка купив еден УСБ интернет стик. Околните објелкти надвор од кругот се на околу 100-200 метра растојание. На една слободна незаштитена мрежа која се наоѓа на околу 100 метра растојание успеав да се конектирам. Меѓутоа таа мрежа е многу слаба и од време на време ќе се изгуби.
мрежата зад стикот помага подолго време да бидам конектиран.
Еве и дел од мрежите кои можам да ги фаќам
со мало поместивање на антената добив и други мрежи
успевам да се конектирам на dlink мрежата ама бидејќи е далеку многу пати ќе се изгуби.
За да ги подобрам перформансите на ионака добриот интернет усб стик решив да направам Вифи јаги антена од 15 елементи.
Има безброј шеми на интернет и за 15 елементи скоро сите се исти.
Element data for the 15 Element Yagi Wi-Fi Antenna.
Element Length (mm) Position (mm)
1 (Reflector) 59.61 0.00
2 (Driven Element) 58.55 18.34
3 (Director) 55.20 25.75
4 (Director) 53.62 39.51
5 (Director) 52.38 58.55
6 (Director) 51.68 82.19
7 (Director) 50.97 109.70
8 (Director) 50.62 140.74
9 (Director) 50.26 174.60
10 (Director) 49.91 210.94
11 (Director) 49.56 249.38
12 (Director) 49.21 289.60
13 (Director) 48.85 331.39
14 (Director) 48.68 374.25
15 (Director) 48.50 418.52
се кернира каде треба да се дупат дупки....
Со задупчувач се задупчува прво бидејќи нема шанси да се погодат дупките во правец ако се дупи директно.
Откако ќе се задупчи, можеме да почнеме со бушење. Бидејќи елементите што треба да се во носачот се 3 мм, јас бушев до бургија 2,9..
држач за антената...
Ова е месинг за заварување, идеален е за да се изработат елементите.
Мора да се внимава да се строго точни за да добиеме максимални резултати.
На крајот забележав дека ја направив најглупавата радиоаматерска грешка...Диполот треба да е изолиран од носачот, а јас сум го споил. Сепак лесно моѓе да се корегира тоа.
Диполот треба да е изолиран. Од парче бакелит се прави лежиште за диполот.
Бакелитот зад диполот е место за конектор.
Антената е речиси готова. Треба само да се прицврсти конектор и да се поврзе на диполот. Верувам дека слободните мрежи ќе имаат максимален прием со оваа антена.
За неколку дена ќе ја доправам и секако ќе следат уште слики