Author Topic: Радиоаматери општо  (Read 89509 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #330 on 17.09.2016, Saturday, 23:23:16 (Edited 18.09.2016, Sunday, 09:59:38) »
Денес бев на средбата на радиоаматерите од Македонија но исто така имаше гости радиоаматери од Србија. Одлично си помонавме, тоа е многу убави средби на кои има убаво дружење и учење на нови работи во доменот на радиоаматеризмот. Колегата радиоаматер Митко ни презентираше кратко-бранова станица и како се работи со неа, радиоаматерот Владимир ни одржа презентација на работа со QRP радио станица на кратко бранови, со која воспостави врски со Франција, Русија и со уште неколку дежави на CW. Станицата беше 4W напојувана со 12В батерија и жична GP антена. Ме фасцинира последната презентација. Почнувам да ги разбирам радиоаматерите што работат на кратко бранови и не се замараат со FM. Така да почнувам да се согласувам и со Батка што го дискутиравме. Сепак радиоаматеризмот е широка гранка и треба да се учи и напредува. Оти FM работа е еден мал и не толку битен сегмент.
Тие се легенди во оваа област убаво сте си поминале. Одлична дискусија ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #331 on 07.10.2016, Friday, 21:48:13 (Edited 07.10.2016, Friday, 21:51:15) »
Ова е личната страница на Миле Кокотов, радиоаматер од Штип меѓутоа еден од најголемите (или убедливо најголем во Македонија) експерти како теоретичар така и пракричар во полето на електромагнетните бранови, нивни карактеристики и особини, иноватор и конструктор на антени, филтри, радио уреди и мноогу други работи што се поврзани со радио техниката.

Ова е неговиот радиоаматерски сајт па повелете:

Code: [Select]
http://www.qsl.net/z33t/
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Прашања Радиоаматери општо
« Reply #332 on 10.10.2016, Monday, 21:52:47 »
Имам 2 прашања,

1. Кои се фрекфенциите за CROSS-BAND репетитори ?

2. Дали воопшто е дозволено да се работи BPSK на FM носител (не SSB) на 144-146MHz и ако е дозволено кои се фрекфенциите на кои може да се работи?

Фала однапред
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #333 on 16.10.2016, Sunday, 23:01:28 »
 :D :D :D :D :D :D :D :D :D

Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #334 on 22.10.2016, Saturday, 10:28:08 »
Дали сеуште има радиоаматери на форумов или постирам сам за себе? Некако интересот кај радиоаматерите е 0 за дискусии.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #335 on 22.10.2016, Saturday, 10:53:59 »
Постираш сам за себе :-)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #336 on 22.10.2016, Saturday, 11:23:18 »
тогаш нема потреба сам за себе да постирам, ке беше убаво да имаше и други радиоаматери кои ке читаа и со кои ке дискутирав.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #337 on 22.10.2016, Saturday, 14:28:07 »
Сеуште интернетот во МК нема навлезено во културата на радио-аматеризмот

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #338 on 22.10.2016, Saturday, 14:45:00 »
Интернетот нема никогаш да навлезе во радио-аматеризмот. 8) Можеби радио-аматеризмот некогаш ке навлезе во интернетот и место станици ке се користи интернет мрежата како медиум за комуникација.Само треба многу вода низ Вардар да помине ,тоа да се случи.Иначе,технички може.Она што сега се користи на интернет, а се нарекува *радио-аматеризам* е само нечија желба да биде радио-аматер. :)

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #339 on 22.10.2016, Saturday, 16:27:45 »
Интернетот нема никогаш да навлезе во радио-аматеризмот. 8) Можеби радио-аматеризмот некогаш ке навлезе во интернетот и место станици ке се користи интернет мрежата како медиум за комуникација.
Веќе постои тоа , во виртуелниот свет на Ham Radio, софтвер кој се вика  Ham Sphere. Имам работено на него долго време, по пауза пак ќе се активирам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #340 on 22.10.2016, Saturday, 20:32:24 »
Не зборувам за софтвер. Постојат и други начини како да се искористи мрежата на интернетот ;) :D Има некои теоретски размислувања како тоа да се изведе. Има еден Индиец, Русин и замислете Босанец, со добри идеи за тоа. Но засега нека си биде се во домен на шпекулации додека не видиме за што навистина се работи.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Аналогни или дигитални радио комуникации ?
« Reply #341 on 26.10.2016, Wednesday, 13:20:03 (Edited 28.10.2016, Friday, 14:15:56) »



Од неодамна во Скопје функционираат 2 дигитални радиоаматерски репетитори по стандардот DMR  во UHF подрачјето на кои има неколкумина активни радиоаматери, па сега се поставува прашањето, дали да се инвестира во дигитална радио станица ? На вакво прашање јас би дал одговор во врста на споредба на предности и маани кај дигиталните и аналогните радио комуникации

Аналогни радио комуникации
Предности:
- Реален природен глас (квалитетен глас)
- Релативна разбирливост при слаб сигнал
- Компактибилен стандард со сите аналогни радиоаматерски репетитори
- Дуал банд, три банд станици
- Голема брзина на воспоставување на врска
- Евтини станици
- Со една радио станица сте завршиле работа

Маани:
- Шум при слаб сигнал

DMR Дигитални радио комуникации
Предности:
- Текст (Дополнителни екстра можности како праќање текст пораки, испишување на User ID на екранот и сл.)
- Има 2 слота односно еден канал од 12,5KHz е поделен на 2 канали по 6,25KHz и може во еден момент двајца да емитуваат на двата слота.

Маани:
- Глас со слаб квалитет (ефект на вештачки глас)
- Подолго време при воспоставување на радио врската (релацијата)
- При слаб сигнал има изобличување на гласот и тотална неразбирливост
- При уште послаб сигнал нема декодирање на сигналот а со тоа нема комуникација
- Има многу дигитални стандарди некомпактибилни еден со друг
- DMR радио станиците се монобанд (ако има репетитори на 145MHz и 433MHz банд ке ви треба 2 радио станици за секој банд по една)
- Скапи радио станици
- Према некои најави доколку се имплементираат и уште два стандарди (на ICOM и Yaesu) и се поставуваат DMR репетитори на 145МHz ке ви требаат 4 радио станици за да може да комуницирате преку дигиталните репетитори. Ако се монтираат репетитори и од другите останати дигитални стандарди ке ви требаат повеке радио станици кои претставуваат дополнителен финансиски трошок и носење на повеке од една станица со себе.


Овој текст е мое лично гледиште засновано преку тестирање на радио станици од DMR стандардот кој е лидер во дигиталните радио комуникации и од друга страна класични аналогни радио станци.
Забрането е копирање и споделување на статијата или делови од статијата без одобрение на администрацијата на elektronika-mk.net.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #342 on 09.11.2016, Wednesday, 15:18:08 »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #343 on 09.11.2016, Wednesday, 19:46:22 »
That's the president of the United States of America folks
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #344 on 10.11.2016, Thursday, 22:45:38 »
Слаб прием имале? Хаха
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.