Author Topic: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?  (Read 22512 times)

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
R3 не работи максимум 4 месеци. Мислам дека од крај на јуни некаде и ако добро се сеќавам проблем е напојувањето. Знам дека R2 е подготвен за качување, меѓутоа уште не се зборува за термин. Како што пиша Z35W на ФБ групата Радиоаматери - Македонија се чекаше да заврши Светското првенство во HST во Охрид. И се друго ќе се решава редоследно после тоа

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?
« Reply #31 on 18.10.2015, Sunday, 22:25:38 (Edited 18.10.2015, Sunday, 22:32:22) »
Денес бев на врвот на Водно и вероватно знаете зошто :)
Тестирав радио станица на следнава локација:



Го отворив RU2 лоциран на Копаоник во Србија. Интересно е што отворив репетитор кој работи за UHF фрекфенција а се наоѓа на далечина на околу 150km воздушна линија. Уште повеке ме израдува што рој репетитор е линкуван преку Echolink со повеке UHF репетитори низ државата со што се покрива цела држава со сигнал. Така да јас се чувствував како да зборувам на радио со национална концесија  :) бидејки веднаш ми се јавија неколку радиоаматери. Посебно ме израдува што еден од нив е по потекло македонец кој сега е и наш член на форумов.
R2 на истата локација се отвара одлично, имам пишувано за него.

Изненадување е што го отворив R1 лоциран на Витоша во близина на бугарскиот град Софија. Колегата од Бугарија ми даде оцена Q5 но имав мониторинг на EchoLink и според мене сигналот со Софија беше Q3. Иначе далечината меѓу мене и репетиторот е 169.5km
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Добар DX-pedition другар. Ме радува шо си направил контакт со колегите од комшии.  :)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Вчера бев на местото Рамно на планината Скопска Црна Гора кај Скопје.
Најпрво да кажам дека е прекрасно место кое се наоѓа на висина од 1500 до 1600m надморска висина.
Имаше прекрасен видик од планини и природа. Делот од видикот накај Скопје беше како цел град да е во магла, а горе права пролет, чисто сино небо со по некое облаче.

Локацијата на која бев е следна:


Правев тестови со радио станицата, што ке отворам од тамо :)

Копаоник R2 репетиторот го слушав Q3, исто така и они мене ме слушаа
Kopaonik RU2 Q5, го отварав од одредени микро локации но сепак супер проаѓав за разлика од R2 кој го отварав од повеке места но послабо проаѓаше сигналот.
Софија R1 и Ботев врв во централна Бугарија, на ехо линк слушав штрак и толку.
R4 во Црна гора го слушав Q4 но за жал не можев да зборувам преку него, само кога ке стиснев да зборувам на ехолинк слушав штрак и толку.
И овој пат прилепчани извадија работа, R0 Прилеп со Q5. Благодарност до радиоаматерите од тој регион а посебно до Z31GH бидејки и со него тестирав.
Кога сме кај Прилеп да кажам дека тамошните радиоаматери според мене (без лутење од Скопјани) по ентузијастички расположени бидејки кога и да го фатам сигналот има луѓе кои разговараат и тоа претежно за радио станици, антени, размена на искуства, локации од каде се отвара нулата и сл. Кога и да се уклучам во разговорот со радост ме прифаќаат.
R6 Q5 но се слушаше одлично и грчкиот R6 на кој не можев да пристапам, дури и да го отворев немаше да знам бидејки нашиов го слушав.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?
« Reply #34 on 26.10.2015, Monday, 23:25:50 (Edited 26.10.2015, Monday, 23:27:32) »
Првин да му честитам на DX-er за оставарените контакти. За жал не бев во можност да контактирам со него тој ден, но колегите од Прилеп ми кажаа дека супер поминувал.

Да се пофалам дека R0 Прилеп денес го отворив од Кичевскиот реон, поточно од место во близина на ресторанот “Стара Куќа“ кој се наоѓа на излезот од Кичево на патот за Охрид. Растојанието е околу 60 километра воздушна линија без оптичка видливост.

Колега од Прилеп ми даде рапорт Q3.

Користев станица Baofeng UV5RA со Diamond RH771 антена. Како што знам ова е првиот контакт од Кичевскиот реон кој е остварен преку R0 Прилеп.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
...но се слушаше одлично и грчкиот R6 на кој не можев да пристапам, дури и да го отворев немаше да знам бидејки нашиов го слушав.
Со кој ПЛ тон пробуваш на грчкиот R6?

Offline babaroga

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Еве листа на 2 метарски репетитори од SV. Да се најде  ;)
Code: [Select]
https://www.repeaterbook.com/row_repeaters/Display_SS.php?state_id=GR&freq=14%&band6=%&loc=%&call=%&status_id=%&features=%&coverage=%&use=%

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Од вчера приметив дека лесно може да го отворам грчкиот R2b репетитор (SV2S) кој се најдува во близина на Костур. Дистанцата е околу 95 километри.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?
« Reply #40 on 01.12.2015, Tuesday, 10:54:52 (Edited 01.12.2015, Tuesday, 10:58:12) »
Во неделата бев на прошетка на Водно, да се пофалам дека од врвот на планината го отворив R1 и воспоставив врска со радиоаматер од Прилеп. Репетиторот го слушав Q4 а од другата страна човекот ме слушаше Q3-4. Еве ја локацијата:



Не знам каде точно е лоциран овој репетитор но од прилика според google earth има 70Km, меѓу врвот на Водно и R1 Селечка планина.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Од вчера приметив дека лесно може да го отворам грчкиот R2b репетитор (SV2S) кој се најдува во близина на Костур. Дистанцата е околу 95 километри.
Да нашите јужни соседи околу границата а и на целата територија имаат многу репетитори. Јас од Неготино го отварам Р-6 и Р-1 со baofeng uv 5r , а наскоро со надворешна антена се надевам дека и Р-7 ќе поминува.
Еве карта од грчките репетитори може на некој ќе му користи :D
Code: [Select]
https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=zwDSvakT8y1k.k3ushrKxIANI

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас од Неготино го отварам Р-6 и Р-1 со baofeng uv 5r , а наскоро со надворешна антена се надевам дека и Р-7 ќе поминува.
Еве карта од грчките репетитори може на некој ќе му користи :D
Code: [Select]
https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=zwDSvakT8y1k.k3ushrKxIANI
Како проаѓаш на грчките R1 и R6?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Од дома никако. Локацијата ми е многу лоша, а од настрана немам пробано што и како а и според фрекфенциите сосема различни називи имаат од нашите и сите им се со тонови

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Од местото Марково крувче на Водно се отвара R1 кај Софија (Бугарија)

Геогравски координати:
41.58.06.47N
21.25.53.75E
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.