Изотоп вели :*Сето ова без мерење или барем ориентациони параметри и фрквенциска крива е мачка во вреќа но со време уво се вежба и сам ќе можеш да заклучиш што треба да промениш , слухот е ионака подложен на субјективност и вкус *Јас велам * Извини,ама не е мачка во вреќа! Сум сретнал многу *слухисти* кои слушаат повеке * дрвена * музика отколку звук.Сепак има правила кои налагаат како да постапиш и да направиш макар минимално пресметана свртница. Тоа со менување ,просто, на кондензатори и отпорници можеби нема секој уво да го чуе,ама ке го осети кога ке прегори високотонец или бас.Особено сум срекен кога се прави тросистемска кутија со 3-5 пиезо и се ставаат кондензатори и отпорници и се прави распоред за*средни високи,високи средни или супер -високи*.Ова се називите кои сум ги сретнал за супер свртниците со пиезо.
За ДХ-ер ,еве една табела за со рез од 6 дб/октава.Препорачувам малку повеке да го стишаш високотонецот кој има само 4 ома и повлекува во старт повеке струја кон себе.Неравноправното гранење на струјата пред се ке го оптовари и прегори високотонецот.Поглегај ја табелава,ама и мојот пост за Л-падот со кој наједноставно се нивелира нивото на високите тонови во однос на ефикасноста на басот.
Ти препорачувам и мало испитување на звучниците.Ако најдеш софтверски програм кој преку звучната на комп. ке произведува звук со различита фреквенција ( тон генератор) употреби го за тестирање на граничната горна фреквенција на басот,за да знаеш отприлика каде да ја *пресечеш* свртницата.Немој многу * високо* туку оди некаде за мали басови на 3/4 од горната фреквенција ( пр.ако басот оди до 4000 Хз ,рез направи на 3000 Хз!)Оди по табела и ке добиеш некој пристоен звук од кутијата,не земајчи ги во предвид и другите карактеристики на самата зв.кутија.Откога ке го добиеш *основниот * тон од кутијата,можеш да го * штелуваш * според твојот вкус!
Еве и шема на прост тон генератот со чија помош може да се следат основните фреквентни карактеристики на звучникот ,како елемент. Сепак ,потешкиот дел е нивелирање,односно калибрирање на тон-генераторот со некој познати фреквенции.Тон генераторот се врзува на влез на појачувач чии фреквентни карактеристики ви се вам познати.